Мај 7, 2014

8-ми мај Светски ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина

На 8 мај 1828 година роден е големиот хуманист Анри Динан, основоположник на идејата за движењето на Црвениот крст. Во негова чест  8 мај се одбележува како Светски ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина, а  неделата од 8-15 мај, како Недела на Црвениот крст и Црвената полумесечина.По тој повод и под мотото “Мојата приказна во Црвениот крст” Црвен крст Охрид организира повеЌе активности.{loadposition content9}

Мај 7, 2014

ЈП „Нискоградба“ ги обележува границите за поставување урбана опрема

Јавното Претпријатие НИСКОГРАДБА ОХРИД- Охрид,  изведува обележување на јавните површини за поставување на урбана опрема. Исто така од јавното претпријатие вршат и обележување на просторот за потребите на Гимназијадата  Охрид -2014. Во склоп на нивните тековни активности се пристапува и кон чистење на сливниците по улица Димитар Влахов, а се оформува и простор во с. Рача по санирање на дефект на водоводна мрежа.{loadposition content9}

Мај 7, 2014

СВР Охрид го одбележува Денот на македонската полиција

Со низа свечености, СВР Охрид ќе го одбележи 7 мај Денот на македонската полицијата.Одбележувањето ќе биде работно, скромно и достојно на функцијата односно надлежностите на полицијата.Во продолжение програмата за предвидените активности:-Во 10 часот предвидена е посета на претставници на СВР Охрид на ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ каде ќе биде промовиран проектот „За мојата безбедност се грижиме јас и мојот пријател полицаец“-Во 11 часот и 30 минути, посета на СВР Охрид ќе остварат учениците од македонските, албанските и турските паралелки од ОУ „Братство“. За нив во кругот на против-пожарната едн…

Апр 30, 2021

Охридската полиција со засилени контроли за време на Велигденските и Првомајските празници

Засилени контроли за време на Велигденските и Првомајските празници.  Најголем акцент ќе биде ставен на почитување на мерките и протоколите за заштита од заразни болести.  Самостојно,  но и заедно со инспекциските служби  ќе се врши контрола и во угостителските објекти. Од полицијата апелираат граѓаните да ги почитуваат мерките да се носи зашитна маска  и да се држи социјална дистанца. Секој да води грижа за своето здравје. „Полициските службеници во изминатиот период имаа интензивн разговори со преттавници на хотелите, рестораните, бродарите и со претставниците на Дебарско кичевската епа…

Мај 7, 2014

Дел од улица „Железничка“ денес без струја

Од ЕВН Македонија информираат дека денес, 7-ми мај, од 08:30 до 13 часот ќе има прекин во снабдувањето со електрична енергија на дел од улицата „Железничка“, на пресекот со улицата „Абас Емин“.Од компанијата информираат дека прекинот е заради реализација на инвестициони зафати за подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија.{loadposition content9}

Мај 6, 2014

Ударните дупки, грда слика во Охрид

Лоша состојба на улицата Бекир Алириза во близина на О.У. „Братство Единство“ во Охрид. Вдлабнатина до вдлабнатина, дупка до дупка. Овие големи дупки некои ги заобиколуваат, некои го запираат возилото се чудат и размислуваат што да прават, а има и такви кои ризикувајќи да се оштетат амортизерите и тркалата поминуваат низ острите и длабоки ударни дупки. Сето тоа го отежнува сообраќајот и ја намалува неговата безбедност во тој фрекфентен дел од улицата. Луѓето ги повикуваат комуналните и сообраќајните инспектори да излезат на теренот за да ги согледаат последиците од овој мошне горлив не само…

Мај 6, 2014

Ѓурѓовден – празник на животот

Православната црква денес го празнува споменот на светиот велекомаченик Ѓеорги Победоносец. По тој повод во црквата Св. Ѓорги, Охрид утрово се служеше света божествена архиерејска литургија. Големиот црковен и народен празник посветен на Св. Ѓорги меѓу народот е познат како Ѓурѓовден. Спаѓа меѓу неподвижните празници или помеѓу празниците со постојан датум и секоја година се паѓа на 6 ти мај според новиот или на 23 април според стариот календар. Протоереј Сашо Богданоски појаснува за занчението на денот. „Св велекомаченик Ѓорги е познат меѓу народот како познат голем светител и заштитник  н…

Мај 6, 2014

На патниот правец Кичево-Охрид запленети 33 килограми марихуaна

Полициските службеници заплениле 33 килограми висококвалитена дрога марихуана, информира портпаролот Стефан Димоски. СВР Охрид акцијата ја спровела на 4 мај на полноќ на магистралниот патен правец Охрид- Кичево. Дрогата е внесена преку црн нарко канал за продажба на ова подрачје, напоменува Димоски.„ Приведен е еден албански државјанин за кој полициските службеници подолго време имаа сознанија дека е еден од главните организатори на овој црн нарко пат и на нелегалната трговија со дрога. Успешно ја реализираа акцијата и на лице место на магистарлниот пат Охрид – Кичево, на патот кој води кон…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top