Мај 10, 2014

Охрид наметна нови стандарди за тоа како треба да се организира Гимназијадата

Грандиозна, воодушевувачка, со неверојатно свечено отворање. Ова се само дел од комплиментите кои ги доби најмасовната спортска манифестација годинава во државава, Гимназијада 2014та. Според претседателот на федерацијата на училишни спортови на Република Македонија, Александар Туфекчиевски, Охрид со организирањето на овој масовен спортски настан, докажал дека може да биде добар домаќин.„Се чувствува овде еден навистина олимписки дух. Едно спортско движење, овие три дена јас сум присутен во Охрид каде многу настани се случија спортски, а покрај тоа овде имавме и меѓународно присуство од пове…

Мај 10, 2014

Ништо од орото за Гинис

Вистински дебакл се случи со македонското оро за Гинис. Охриѓани, бројните гости од земјава и од надвор, во Охрид на градскиот кеј повеќе од еден час чекаа за да видат дел од орото, а некои и да заиграат. Но од се тоа ништо. Помпезните најави на организаторите паднаа во вода, велат граѓаните, а дел од нив беа разочарани и коментираа дека најголемото оро за Гинис никој не го видел.„Немаше оро само наредени луѓе што се држевме за рака друго немаше. Значи минус за организаторот и ова е еден голем срам. Имаше деца од Турција во носии, од Албанија, доста наши облечени во носии што се радуваа и о…

Мај 9, 2014

Загрозени работничките права во Македонија

Правата на работниците во Македонија се загрозени. Најмал е проблемот кај луѓето кои што работат во Државната администрација како и оние кои работат во големите компании, сметаат експертите за социјално економски развој во јавниот и приватниот сектор, од регионов. Зоран Павловиќ, експерт на оваа тема од Босна и Херцеговина нагласи дека состојбата во Македонија по прашањето на работничките права е многу тешка и треба да многу да се работи да се достигне Европското ниво. Додава дека само со партнерство меѓу работодавачите, претставниците на синдикатот, трудовиот инспектор, како и правните рег…

Мај 9, 2014

Охрид го одбележа Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа

Со положување цвеќе пред споменикот на ослободителите на Охрид  денеска  официјално беше одбележан 9-ти мај – Денот на победата над фашизмот. Цвеќе положија делегација на Локалната самоуправа, преставници на Советот на Општина Охрид, преставници на ОО на СДСМ и на ОО на Сојузот на борци за Охрид и Дебарца. Делегација на Сојузот денес положи цвеќе и пред Споменикот на паднатите борци во НОБ „Кременатец“ во месноста Рашанец во Дебрца. Заменик градоначалникот Ангел Јанев уште еднаш потсети на значењето на овој светол ден кога со потпишувањето на безусловна капитулација на нацистичка Германија,…

Мај 9, 2014

Унеско ќе го штити Охридско-Преспанскиот биосферен резерват

Охридско-Преспанскиот биосферен резерват на прагот пред заштита на Унеско. Стручната комисија на Унеско упатила препорака до меѓународниот комитет од оваа организација да се прогласи Македонско- Албанскиот дел на ова подрачје за биосферен резерват, информира Дејан Паноски, од Билатералниот секретаријат за сливот на Охридското езеро.Тој ги открива адутите со кои  двете соседни држави ја добиле оваа препорака. „ Главни прашања кои беа наведени во номинационата форма и адути беа статусот на Охрид и Охридското езерото како подрачја од културно и природно наследство. Вредностите на НП „Галичица“…

Мај 9, 2014

УНЕСКО го прогласи регионот Охрид-Преспа за биосферен резерват

Стручниот Комитет на УНЕСКО разгледувајќи ја Номинационата Форма за прогласување на Охрид Преспа за Биосферен резерват даде ПРЕПОРАКА и ОДОБРЕНИЕ до Интернационалниот Совет на УНЕСКО, да го прогласи македонскиот и албанскиот дел на регионот Охрид Преспа за Биосферен резерват заради неговото уникатно значење и вредности кои ги содржи.Стручниот Комитет исто така препорача во моментот штом грчката страна изрази волја да се приклучи кон Биосферниот резерват веднаш да стане дел од Прекуграничниот Биосферен резерват.- Првата вредност на оваа одлука е што Стручниот Комитет на УНЕСКО го одобрува Но…

Мај 3, 2021

Излезе и деветтата генерација ученици кои ја завршија комплетната Бреинобреин едукативна програма

Деветата генерација на ученици кои ја завршија комплетната Бреинобреин едукативна програма во Центарот за развивање животни вештини Бреинобреин -Црвен крст Охрид ги добија меѓународните сертификатиза завршена БОБ програма. Настанот се реализира во прекрасен природен амбиент во Едукативниот тренинг центар на Црвен крст Охрид во с. Велестовои помина во дружење и спортски активности на децата и родителите. Сите деца од Црвен крст Охрид добија и Велигденски подароци, а тие својата креативност ја искористија да изразатблагодарност и внимание кон својот тренер Валентина Кузманоскаизработувајќи …

Мај 9, 2014

Свечено отворенa Гимназијадата 2014

 Свечено отворенa Гимназијадата 2014. Охрид е домаќин на  8-те спортски игри на средношколците од земјава. Спортските натпревари  започнаа под мотото „Учениците сакаат спорт, овозможете им го тоа“. Талентираните спортисти од средните училишта во престојните денови  имаат можност да ги одмерат своите сили во ракомет, фудбал, одбојка, атлетика. На свеченото отварање пред присутните се обратија секретарот на Локалната самоуправа Димитар  Спаески и претставникот од  Агенцијата за млади и спорт Марјан Давитков.  Давитков упати порака до  спортистите на ова натпреаврување да бидат максимално посв…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top