Мај 12, 2014

Дипломира првата генерација на Универзитетот „ Свети Апостол Павле“

  Триесеттина студенти од првата генерација дипломци при Универзитетот за информатички науки и технологии „ Свети Апостол Павле“, денес ги доби своите дипломи. Ректорот на универзитетот Проф. Д-р Нинослав Марина рече дека е среќен што заврши оваа прва генерација и додаде дека тие ќе бидат квалитетен кадар бидејќи ова е единствениот универзитет во регионот кој дава образование на англиски јазик, а воедно е специјализиран за информатички науки и технологии. Фактот што на „Св. Апостол Павле“ доаѓаат да предаваат професори од познати високообразовни институции од светот значи дека студентите се…

Мај 12, 2014

Кој ќе биде бројот на новите студенти во Охрид

  Министерството за образование ги објави квотите за запишување студенти во новата студиска година 2014-2015. На  ФТУ  и на Универзитетот за информатички науки и технологии Св. Апостол Павле веќе се знае првичниот број на идните студенти. Деканот на ФТУ, Сашо Коруновски вели дека оваа година на нивната високообразовна институција одобрено е да се запишат 215 студенти или педесеттина помалку од лани. Тоа се должи на укинувањето на студиската прогрма за менаџмент во услужен сектор, која била отворена минатата година. Коруновски објаснува дека тие ќе ги вложат сите напори да го убедат Министер…

Мај 12, 2014

Туристичкото биро Лихнидос ќе оди во стечај

Единственото туристичко биро Лихнидос ќе оди под  стечај. Објаснувањето на општината за ваквата одлука е нерентабилното работење на  Лихнидос ДООЕЛ.  Портпаролот на општина Охрид, Томе Џамтоски при тоа не наведува кои се  причините зошто тоа работи со загуби. Кратко вели дека концептот на поставеноста на туристичкото информативно биро кое работи осум години бил погрешен со низа слабости од самиот почеток на неговото формирање.  Овој правен субјект повеќе од месец и половина работи со блокирана жиро сметка, укажува Џамтоски.„ Повеќе од 45 дена според извештајот на Централниот регистар, ние ј…

Мај 12, 2014

Охридските пензионери највпечатливи на регионалната фолклорна ревија

Пензионерите од Охрид и Дебрца со впечатлив настап на 12та регионална фоклорна ревија на песни, музика и игри. На оваа традиционална фолклорна манифестација се претставија 10 културно  уметнички друштва од исто толку градови. Фолклорните групи во три-часовната програма пееја староградски песни и ора и изворни рефрени. Здружението на пензионерите на Охрид и Дебрца настапи со шест староградски песни и ора со постановката ,,На сараишче“. Охридското здружение на пензионерите имаше највпечатлив настап и во изборот на староградската носија карактеристична за нашето поднебје. Фолклорната ревија ја…

Мај 3, 2021

Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 70 пациенти

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 617 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 70 пациенти, во ковид центарот во Струга 15 болни, во Прилеп 55. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 77 пациенти позитивни и суспектни на Ковид 19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 59 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 24 пациенти, во Велес се лекуваат 72 болни, а во Кума…

Мај 12, 2014

Во ЕМУЦ учеа за важноста од заштитата на флората и фауната во Охридско Езеро

Околу 120 средношколци од електро-машинскиот училишен центар-„Свети Наум Охридски“ денес имаа можност да се запознаат со тајните на Охридското Езеро односно неговиот жив свет. Денешното предавање беше дел од проектот на Здружението „Јадрански слив“, „Млади амбасадори на живиот свет во Охридското Езеро.“„Денеска имаме гости од Секретаријатот за животна средина, подготвена е една трибина, предавање за флората и фауната во Охридското Езеро. Охридското Езеро е национално богатство, особено ние охриѓани сме горди на тоа што го имаме и мора да покажеме грижа од најмала до најголема возраст, сите …

Мај 12, 2014

Вистински спас за дневниот центар „Зраци“

Нема веќе миење садови во тоалети. СанитарНо-техничкиот проблем со кој се соочуваа и штитениците и вработените од Дневниот центар за поддршка на лицата со интелектуална попреченост „Зраци“ од Охрид сега веќе го нема. Со помош на Локалната самоуправа и ЈП „Нискоградба“, беше инсталирана потопна пумпа  која ги спроведува отпадните води од центарот до градскиот канализационен систем, бидејќи самиот центар се наоѓа во подрумски простории. Сашо Донев директор на ЈП „Нискоградба“ задоволен од сработеното, но и од можноста да се помогне на оние на кои помошта им е најпотребна.„Деновиве ја поставив…

Мај 12, 2014

Охридските советници в петок ќе расправаат по триесетина точки

На престојната седница в петок на дневен ред  пред советниците  ќе се најдат триесеттина  точки.  Градските избраници ќе се изјаснуваат по предлог одлуки од  реализирани програми во  изминатите три месеци, како и за финасиски извештаи од  ТЛЕР и Јавните претпријатија. На усвојување ќе биде ставен и  општинскиот Буџет за периодот од 01.01  до 31.03.2014 година. Покрај овие точки ќе се разгледуваат и извештаите  за реализација на развојната Програма за изработка на урбанистички планови за општина Охрид 2014-2016 за периодот од 01. 01 – 31.03.2014 година.  Советниците ќе се произнесат  за физи…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top