Мај 21, 2014

За петок свикана 24-та седница на Советот на општината

Дваесет и четвртата седница на Советот на општина Охрид на ден 23.05.2014 година ќе се одржи овој петок со почеток во 12,00 часот. Седницата ќе се одржи во зградата на општина Охрид, со следниот  деневен ред : Д Н Е В Е Н Р Е Д 1. Предлог Одлука за верификација на мандат на член во Советот на општина Охрид.2. Предлог Решение за именување Претседател на Статутарно-правната Комисија. 3. Предлог Решение за именување член во Комисијата за јавни и комунални дејности. 4. Предлог Решение за именување член во Комисијата за месна самоуправа. {loadposition content9}

Мај 5, 2021

Од денес забраната за движење започнува во 23:00 и завршува во 05:00 часот

Владата на Република Северна Македонија на 68-ма седница донесе одлука согласно која од 5 мај, среда, забраната за движење со цел заштита од КОВИД-19 наместо од 21:00 часот, ќе започнува од 23:00 часот и ќе трае до 05:00 часот наредниот ден. Мерката започнува да важи од 5 мај и ќе трае до 15 мај. Соодветно на овие измени угостителските објекти ќе бидат отворени за гости до 22:30 часот и тоа само на отворените делови, тераси, на угостителските објекти, како што е утврдено со постојните мерки и наменски протоколи. Комисијата за заразни болести дополнително предложи, а Владата на седницата п…

Мај 21, 2014

Објаснување за замената на дрворедите на „Партизанска“

Замената на постоечкиот дрворед од липи по ул.„Партизанска„ се докажа како неминовност, а главниот аргумент се пресечените стебла кои во изминативе два дена беа отстранети на потегот од поштата до полигонот. Стеблата се многу стари, во целост иструлени и заболени, па при посилни ветрови и обилни врнежи од дожд и снег може да дојде до кршење на гранките, а последиците би биле непроценливи.Деградираните стебла од липи се во фаза на одмината старост и век на живеење и претставуваат опасност по пешаците, сообраќајот и околните објекти. Со своите длабоки и широки корења го деформираат тротоарот,…

Мај 21, 2014

ЈП „Нискоградба“ отстранува билборди

Јавното Претпријатие НИСКОГРАДБА ОХРИД- Охрид, денес 21.05.14 год. извршува градежни активности на следните локации:Отстранување на билборди на влезот на градот кај бензиска пумпа Окта (петља).Санирање на оштетена бекатонска подлога , при вадење на пресечените дрва на ул. „Партизанска“.Санирање (нивелирање на бекатонска површина) кај хотел Гарден.{loadposition content9}

Мај 21, 2014

Се уредуваат муслиманските гробишта во Охрид

Екипите на Јавното претпријатие „ Градски гробишта“ деновиве интензивно работат на поставување на нови ивичници на постојните патеки во муслиманските гробишта.По санирањето на патеките и поставувањето на нови и замена на оштетените ивичници, просторот околу нив, хортикултурно ќе биде уреден.{loadposition content9}

Мај 20, 2014

Охриѓани несебично се вклучуваат во собирање помош

Охриѓани несебично се вклучуваат во собирање помош за поплавните подрачја во Србија и БиХ. Хуманоста на дело ја покажаа учниците, вработените и родителите од ОУ Христо Узунов. Учениците не го кријат задоволствот што можат д апомогнат и да бидат хумани и со својот мал допринос да ги ублажат маките на настраданите. „ Ние донесовме нерасиплива храна, конзервирана, средства за лична хигиена и вода.“Учениците  се свесни дека настраданите  луѓе ќе имаат потреба од помош уште долг период, а тие се подготвени и понатака  да се органзираат и да помогнат. „ Одзивот за помош не треба да трае само не…

Мај 20, 2014

Охридската единица го одбележа Денот на пожарникарите

Охридската противпожарна единица го одбележаа 20-ти Мај Денот на пожарникарите. Голем број гости им го честитаа денешниот ден на пожарниакрите. Меѓу посетителите беа и најмладите охриѓанчина кои се провозија низ градските улици во противпожарните возила. Децата знаат за бројот 193 дека е повикувачки за пожарната, а знаат и што работат пожарникарите.„ Пожарникарите гасат пожар и спасуваат од неволја. Гасат пожар и земаат  деца од пожарите“, објаснуваат  децата за работата на пожарникарите. Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески со претставници од Локалната самоуправа ги посети припадниц…

Мај 20, 2014

Во Пештани се гради модерно шеталиште

Пештаници но и бројните гости за брзо време, ќе прошетаат по нов кеј. Изминативе три месеци Локалната самоуправа на Охрид интензивно работи на комплетна реализација на проектот околу уредување на шеталиштето. Како што изјави градоначалникот Никола Бакрачески, со зафатите кои што се изведуваат во Пештани пред почетокот на туристичката сезона, било исполнето она што е предвидено за тој дел, во програмата за работа на Локалната самоуправа.„Од она што можев денес да го видам на терен, задоволен сум како се одвивале активностите во изминатиот период. Како и што и сами можевте да видите се завршу…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top