Институциите заборавија на одржувањето на хигиената на градската чешма под Чинарот. Таа во топлите денови е вистински спас од жештината но се „дави“ во нечистотија. Граѓаните и туристите кои тука во голем број ја гасат жедта мора да замижат пред грдата глетка. Порачуваат надлежните да не дозволат еден туристички град како Охрид да бидат неодговорни за нејзината хигиена.
Наталожената нечистотија која се пластела со години е недозволива. Околните дуќанџии коментираат дека фонтаната веќе подолго време не ја чисти никој. Внатрешниот дел на фонтанатат последен пат го исчистиле пред 2…
Не се штеди тартан-подлогата на стадионот Билјанини извори. Дел од оваа подлога на неколку места е оштетена. За настанатите штети, до ЈП „Билјанини извори“ реагираат од АК Охрид. Како што за ТВМ изјави тренерот Влатко Димитров, тие бараат да се води поголема грижа од страна на ЈП за нејзиното одржување.„Патеката наша е одлична, брза, квалитетна, меѓутоа не се штеди од страна на некои други фактори, пример ако има музички настап не се штеди патеката се влечат огромни звучници и на многу места е оштетена патеката од тие звучници како и од камионитие, многутонски камиони влегуваат внатре и нор…
Познатиот информативен сервис Euronews во својата културна рубрика со сторија за нашиот Охрид. Репортажата, освен фантастичните снимки од нашиот град, вклучува и стручни коментари на неколку експерти од областа на историја на уметност, реставратори и туристички водичи како Милчо Ѓеоргиевски, Владо Муковски и Андријана Башоска.
Во репортажата се зборува за историјата на градот почнувајќи од времето кога го носел името Лихнидос или Град на светлината. Во неа место пронајдоа и бројните археолошки пронајдоци со кои изобилува Охрид. Со особен интерес репортерката на Euronews Катарина Каун раскаж…
Елшани добива реконструкција на водоводниот систем. Месното население децении наназад мака мачи со водоснабдувањето особено во текот на летните месеци кога недоволниот притисок без вода за пиење оставаше повеќе од 700 жители.
Како дел од реконструкцијата на водоводот, елшанци ќе добијат нов резервоар со поголем капацитет, нови полиетиленски цевки кои ќе ги заменат старите азбестни во должина од 2200 метри, како и водоводна пумпа.„Претходно е констатирано дека е потребно да се изгради еден резервоар, поголем резервоар за вода, со вкупен капацитет од 100 метри кубни, кој го гледате во позадин…
Охридските акцијаши со две работни единици ќе се упатат кон настраданите подрачја на Србија, Босна и Херцеговина и Хрватска во напорите за санација и ревитализација на просторните и животни услови.Суштината на постоењето на охридското здружение “Брег на младоста“, не се само сеќавањата, средбите и туристичката афирмација на Унесковиот Охрид и езерото, туку акцијата и волонтерскиот прилог за локални потреби и способноста за интеграциските потреби на други подрачја во земјата, во други држави на регионот, Европа и пошироко. Да се даде своето време, искуство, способност, капацитет и да се доби…
Јавното Претпријатие НИСКОГРАДБА ОХРИД- Охрид, изведува градежни активности, кои се однесуваат на приклучок на објекти во системот за одведување на отпадни води. Едниот приклучок се изведува на ул. Радојца Новичиќ во градскиот реон, додека другиот се изведува кај Хотелот Силекс. {loadposition content9}
Nordwind Airlines, една од најголемите руски авиокомпании, ќе почне со летови од московскиот Меѓународен Аеродром Шереметјево до Меѓународниот Аеродром Скопје, од 21-ви мај 2021 година, воспоставувајќи нова редовна директна авиолинија помеѓу двата главни града, најавува ТАВ Македонија.Во рамки на летниот распоред на летање, Нордвинд одлучи да го прошири опсегот на директни редовни летови, со додавање на нова авиолинија до македонскиот главен град Скопје.Првиот лет на Нордвинд од Москва до Скопје е закажан за петок, 21-ви мај 2021 година, со време на поаѓање од Меѓународниот Аеродром Шеремет…
Во рамките на хуманитарната акција за помош на Србија и Босна и Херцеговина , погодени од катастрофалните поплави, и Општинската организација на ГРОМ од Охрид, предводена од претседателот Љупчо Настоски организираше собирање на храна, облека, средства за хигиена и вода.Собраните средства членовите на ГРОМ Охрид ги доставија до најблискиот пункт за од таму да бидат препратени во загрозените подрачја.Раководството на ГРОМ Охрид повикува на хуманост од сите граѓани и ќе продолжи и понатаму со вакви акции. {loadposition content9}