Еуроњуз со сторија за историските богатства на Охрид

Репортажата на овој познат информативен сервис, вклучува некои од највпечатливите цркви, археолошки наоѓалишта, мозаици од градов, кои секој посетител го оставаат без зборови.

 |  Мишел Наумоски  | 
euronews
еуроњуз

Познатиот информативен сервис Euronews во својата културна рубрика со сторија за нашиот Охрид. Репортажата, освен фантастичните снимки од нашиот град, вклучува и стручни коментари на неколку експерти од областа на историја на уметност, реставратори и туристички водичи како Милчо Ѓеоргиевски, Владо Муковски и Андријана Башоска.

storija OhridВо репортажата се зборува за историјата на градот почнувајќи од времето кога го носел името Лихнидос или Град на светлината. Во неа место пронајдоа и бројните археолошки пронајдоци со кои изобилува Охрид. Со особен интерес репортерката на Euronews Катарина Каун раскажува за пронаоѓањето на римската бања која според историчарот на уметност Милчо Ѓеоргиевски е вистинска реткост бидејќи потекнува од 1от век од нашата ера. Репортерката Каун со воодушевување зборува за легендата за 365те цркви по една за секој ден од годината, а дел од нив вели таа, сеуште стојат околу езерото.  Охрид е опишан како центар на византиската култура, а како најзначаен примерок од истата е спомената катедралната црква Света Софија. Збор-два има и за големите учители Свети Климент и Наум кои се опишани како луѓето кои ја прошириле словенската литература, култура, песна и уметност на Балканот и Европа.

Инаку оваа репортажа е дел од серијалот наречен Macedonian life. Во наредната епизода од истиот, Euronews ќе ги посети кањонот Матка и нејзините мистични пештери како и Дојранското езеро.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top