Во текот на неделата на животната средина, предвидено е повторно да се реализира проектот, “Цветни балкони – Цветен Охрид“, во чии рамки ќе бидат поделени 300 жардиниери со саксиско цвеќе на жителите кои живеат на следните улици: „Момчило Јорданоски“, „Марко Цепенков“ од пресекот кај Стобекс до кружниот тек кај болницата, ул. „Вангел Николоски“, ул. „Дебарца“, ул. „Александар Гушо“, ул.„Трајче Дојчиноски“, ул „1-ви Мај“, ул. „1-ва Македонска ударна бригада“ од пресекот со ул. „ Питу Гули “ до Стобекс.Граѓаните од гореспоменатите улици кои се заинтересирани за жардиниери со цвеќе, можат да …
Со вчерашниот прекрасен настап на театарската група од средните училиста „Мирко Милески“ и „Дрита“ од Кичево со претставата “Изгубениот сон” и театарската група од средното училисте Св.Климент Охридски-Гимназија, Охрид, со претставата “Мачка на вжестениот ламаринен покрив”, беше заокружено првото издание на Аматерскиот Театарски Фестивал “Вдиши Театар”, кој во организација на Црвен крст Охрид се одржа од 28 мај до 1 јуни, во Охрид.На фестивалот беа прикажани 6 театарски претстави со учество на преку 100 млади, талентирани актери од Охрид, Кичево, Ужице И Крагујевац. Задоволството на учесни…
Зборовите бледнеат, сликите остануваат. Безвреден е животот ако зад него не оставиме спомени, рече авторот на Монографијата по повод 50 години од матура, Димче Стојкоски Лепиот. „Оваа книга претставува трајно дело и ќе биде пионер на ова школство на сите генерации во сите сфери на општеството“, вели Стојкоски.„Јас сум благодарен што успеав да ја напишам оваа книга, благодарение на моите колеги кои ми доставија фотографии. 50 години од матурата ги содржи сите активности на генерацијата кои активности на чело со професорите кои што ни беа и родители и другари бевма научени на добро и работн…
Три капитални проекти за Охрид на чекор до реализација, заглавени со препораките на Унеско. Проектот за реконструкцијата на градскиот кеј која требаше да започне оваа пролет, повтпрно е на ревизија во Париз. Иако опшптината ги направи сите потребни измени и го усогласи со препораките, сепак не доби одобрување за старт на изградбата. Веќе две години се чека, а процесот може да трае уште со месеци.
„Во консултации со Националната комисија за Унеско ни беше кажано дека не смееме да почнеме со реконструкција на кејот додека и за усголасениот објект не добиеме позитивно мислење. И сега повтор…
Фестивалот Охридско лето, најголем туристички настан за минатата година. „Оваа престижна награда која ни ја додели Министерството за економија е мотив повеќе за и оваа година да се потрудиме да донесиме светски имиња на овој фестивал кои ќе привлечет голем број посетители од земјава, но и од регионов, вели директорката на фестивалот, Елизабета Јанкуловска. Таа додава дека минатата година се закитиле со уште една многу важна награда а тоа е концерт на годината. Тоа е настапот на Шиштов Пендерецки заедно со македонската филхармонија.-Благодарение на полската вечер и полската амбасада уметници…
Кој замижува пред проблемот со кучињата скитници во градов. Невладината организација „Анималиа“ организираше трибина под мотото „Заедно за животните, заедно за граѓаните“ на која учество зедоа поголем број граѓани, љубители или сопственици на кучиња. Дел од нив револтирано дискутираа за проблемот кој години наназад се става под тепих од страна на надлежните.-Кај мене во улицата се родија 16 мали кучиња. За тоа ги информирав надлежните, но никој не дојде. После некое време дојдоа од Комунално ги собраа во торба и којзнае каде ги однесоа. Сигурно ги фрлија некаде. Побарав да се стерилизираат,…
После три месеци пауза, на повидок е повторно отварање на ресторанот во кој се прават задуши кај охридските гробишта. Функционирањето на овој ресторан е од посебна важност за граѓаните на Охрид, бидејќи секоја друга опција за правење на задуша на друго место само дополнително го оптоварува буџетот на корисниците на таа услуга. „Се надевам дека огласот за издавање под закуп на ресторанот нареднта недела ќе биде објавен. Интересот е огромен така да ќе видиме кога ќе го објавиме огласот кој се посериозни кои навистина сакаат да се јават “ – најавува Симоноски.За овој оглас ќе бидат поставени…
Утре, од 12:00 до 17:00ч, да бидеме на градскиот плоштад и сите заедно да ја покажеме нашата хуманост. Собраните средства ќе бидат наменети за лекување на 11 годишно момче од Охрид на кого му е потребна итна операција во Пекинг, а која чини 35 000 евра. Својата хуманост можете да ја покажете и со донирање на 100 ден.+ддв, на следниве телефонски броеви:ONE 075/143-113VIP 077/143-115Финансиски средства можете да уплатите и на следнава ж.с-ка:530-5000176152-54депонент: Охридска банкаВо понеделник, со почеток во 20ч. во Центарот за култура „Григор Прличев“ со купената карта од 100 ден. за шоу…