Во организација на Фестивалот „Охрид те сакам“, ЛК „Лихнидос“ и медиумската заедница од Охрид, во среда, 04.06.2014г. во големата сала на општина Охрид ќе се одржи хуманитарен концерт.Настапуваат младите музички таленти: Христијан Јовановски – кларинет и Даниел Мојсоски – виолина. На програмата ќе бидат дела од Е. Илиевска. Бара, Вон Вебер, Монти, Вивалди, Черкин и други.Почеток на концертот е во 19.00 часот. Влез 100 ден. Дел од собраните средства ќе бидат наменети за лекување на 11 годишно момче од Охрид кое боледува од ретка болест, а на кое му е потребна итна операција во Кина која чин…
Охридските мајстори го одбележаа 3 јуни Денот на занаетчиите.
Охридските занаетчии свечено го одбележаа 3 јуни. Врвни охридски, познати мајстори саатчии, молери, фризери, опинчари, електроничари, шнајдери, ковачи, чевлари, бисерџии го одбележаа својот празник, кој за прв пат се одбележува на овој датум. Вредните мајстори кои со својот труд придонесуваат за развој на занаетчиска дејност во градот се задоволни од работата на раководството на регионалната занаетчиска комора. Грижата за презентација на нашите просиводи во јавноста е евидентна и таа за нас знаетчиите е највжана вели познатиот о…
ЈП „НИСКОГРАДБА ОХРИД“- Охрид, извршува градежни активности во село Д.Лакочереј,се изведуваат премини со поставување на цевки за пренос на флуиди преку главниот пат.Овие зафати кои што се спроведуваат претставуаат своевидна инфраструктурна подготовка на патот за асфалтирање.{loadposition content9}
Пет првоодделенци од ОУ „Кочо Рацин“ од Охрид Андреј Јованчев, Анабела Стефаноска, Наталија Димоска, Сандра Настоска, и Стефанија Алачкоска освоија сертификати за активни учесници на Меѓународниот интернет проект „Дијалог на културите 2014“ од Русија во категоријата на Акции во група од 71 земја учесник. За период од три месеци се презентираа изработки, песнички, текстови, презентации за нашата нација и култура. Учеството на проектот беше спроведено под раководство на одделенскиот наставник-Виолета Петковска.{loadposition content9}
Педесет и една садници од растението Канабис сатива пронајдоа и одзедоа оперативците при акција на СВР Охрид реализирана во авто-кампот „Андон Дуков“ во Охрид на први јуни оваа година. Притоа, во викенд куќа во кампот, затекнати се и приведени А.Н.(27) и М.П. (19) двајцата од Охрид. При извршен претрес, на терасата од куќата каде А.Н. со пластично шише се обидувал да ги навади садниците, пронајдени се 31 импрови- зирани саксии со вкупно 38 растенија додека 4 саксии со 13 растенија дополнително се пронајдени во близина на терасата. Против А.Н. и М.П. СВР Охрид поднесе кривична пријава за по…
Како да се продолжи туристичката сезона во градов, да се збогати понудата на содржини за туристите и поуспешно настапување на саемите за туризам, дел од темите на денешната работна средба на градоначалникот Никола Бакреачески со првиот човек на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот Христијан Џамбазоски. Како што кажа Бакрачески на средбата биле изнесени заклучоци за понатамошната соработка на Агенцијата со општина Охрид на полето на работата на Секторот за туризмот, како и низа активности кои во иднина треба да се реализираат како плод на таа соработка.„Ги договроривме начините на…
Големи количини на неразградлив отпад викендов беа подигнати од крајбрежјето на Охридското Езеро во рамки на акцијата „ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД“. Се чистеа плажите Грашница, Горица и Св. Стефан како и плажата пред село Пештани.Во теренските активности за чистење беа вклучени Општина Охрид, ЈП „Охридски Комуналец“, локалните здруженија „Брег на младоста“ и „Чист Охрид“ како и голем број граѓани.Акцијата беше иницирана и организирана од страна на компанијата „Мен енд маунтен“, со поддршка на Министерството за животна средина, „Пакомак“ и Делегацијата на ЕУ во Република Северна Македонија.Целта на …
7-от Фестивал на француски филмови во Македонија се сведува само на ревија на филмови. Прикажувањето на најновите достугнувања од француската продукција ќе започне од 18 и ќе трае до 22 јуни. Со сегашната одлука фестивалот да се сведе на ревија се губи сјајот и значењето на овој фестивал кој пред 7 години го имаше за охриѓани кога остуваа околу 40-на звучни имиња од светот на франсуката кинематографија. Лани фестивалот се одржуваше два дена во Скопје и два во Охрид, а сега само еден ден во Охрид на 19 јуни, информира извршниот директор на филмскиот фестивал Зоран Велјаноски Летр…