Француски филмски фестивал во Македонија се сведува само на ревија на филмови

 Француски филмски фестивал во Македонија се сведува само на ревија на филмови.

 |  Валентина Неловска  | 
ффф
ффф

7-от Фестивал на француски филмови во Македонија  се сведува само на ревија на филмови. Прикажувањето на  најновите достугнувања од француската продукција ќе започне од 18 и ќе трае до 22 јуни.   Со сегашната одлука фестивалот да се сведе на ревија се губи  сјајот и значењето  на  овој фестивал кој пред 7 години го имаше за охриѓани кога остуваа  околу 40-на звучни имиња од светот на франсуката кинематографија.   Лани фестивалот се одржуваше  два дена во Скопје и два во Охрид, а сега само еден  ден во Охрид на 19 јуни, информира извршниот директор на филмскиот фестивал Зоран Велјаноски Летра.
ффф
„ Го сведуваат трошоците на минимум и прераснува во ревија на филмови без жири. Имавме жири од доаени на филмската уметност и мораше некој да ги покрие нивните трошоци. Мој впечаток е дека со новата политика на францускиот  културен центар е тоа да биде францускиот фестивал во Македонија и ќе биде во Охрид и Скопје, а ќе продолжи како ревија на филмови.“
 
Во селекција се 10 филмови кои ќе бидат прикажани во текот на 5 дена колку што ќе трае ревијата. Овој фестивал кој до минатата година го носеше називот охридски за потоа да премине во македонски, од оваа  година добива карактер само на филмска ревија. Планирано е пред охриѓани  да биде прикажан само еден филм и два документарци, информира извршниот директор на филмскиот фестивал Зоран Велјаноски Летра. 

Веста дека се кратат средствата за одржување на Францускиот филмски фестивал можеби ќе разочара многумина љубители на филмот но од француската амбасада има утешна најава за отварање на француски  кино клуб во Охрид.

„ Во Центарот за култура „Григор Прличев“, ќе се отвори француски кино клуб и од јуни секоја година ќе има ревија на француски филмови како што имаат другите  градови низ Македонија“.
ффф

 

Од здружението  „Охридски филмски фестивал“, чиј претседател е Летра,  за љубителите на филмот најавуваат од идната година организирање на  нов  филмски фестивал во Охрид. Покрај  француските  ќе се гледаат оставрувања од  европски и светски кинематографии. Поддршка за еден ваков самостоен  проект  добиле од  Локалната самоуправа и од Министерството за  култура, кажува Летра.

 

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top