Владата го усвои ребалансот на Буџетот за 2020 година. Пренасочени се финансиски средства во справувањето со здравствената криза и за помош на домашната економија, информираше Душко Арсовски, портпаролот на Владата на Република Македонија.
„Пренасочени се средства за да се обезбедат на време вакцини, лекови и за зајакнување на здравствените капацитети. 470 милиони евра се издвоени за реализација на четвртиот пакет антикризни мерки за економско заздравување и одржливост на домашната економија и за зачувување на работните места“.
Со четвртиот сет мерки на владата ќе обезбедат 54 милиони де…
Од ВМРО ДПМНЕ бараат од градоначалникот Константин Георгиески да ја повлече точката за нови вработувања во ЈП „Водовод“ Охрид која е на дневен ред на Седница на совет закажана за во понеделник, 9 ноември. 18те нови вработувања според претседателот на ОК на партијата, Сашо Донев не се оправдани. „Во услови на КОВИД-19 пандемија кога жителите на улица „Абас Емин“ секојдневно се соочуваат со недостиг на вода за пиење и вода за лична хигиена, приоритет на директорот на ЈП „Водовод“ се нови 18 вработувања. Иако има над 250 вработени, Директорот на ЈП „Водовод“ баш сега се сети дека му е потреб…
Заразата во Охрид се шири поради егиоизмот кај граѓаните. Тие болни и со симптоми кои ги кријат воопшто не се изолираат, се шетаат и дружат и така заразата се шири, вели епидемиологот доктор Јованка Стурлакова Коровешовска од Центарот за јавно здравје Охрид, за ,,Слободен печат”.
-Најголем проблем е што болните одат на работа, се шетаат и кријат дека се болни. Одат по кафеани, се дружат, а со симптоми и болни. Не научија дека изолацијата е најдобра превентивна мерка да се спречи ширењето на епидемијата. Владее некој егоизам од видот ,,мене кој ме разболе?”. Или, ако јас сум болен тогаш си…
Општина Дебрца доби решение за регистрација на фотоволтаични соларни системи. Со тоа се впиша во регистерот на прозиводители на електрична енергија со соларни панели. Панелите се поставени на две подрачни училишта во Белчишта и Требеништа и на административната зграда во Белчишта, информира градоначалникот Зоран Ногачески.
„Општината досега беше потрошувач на електрична енергија, сега има објекти кои се јавуваат како производители на електрична енергија со помош на сончевата енергија. Тоа ќе значат дополнителни заштеди и за училиштата и за општината“.
Директорот за енергетика им ги преда…
Филмот „Хомо“премиерно на кино репертоарот во НУ Центар за култура „Григор Прличев” – Охрид и тоа во деновите 10-ти, 11-ти и 12- ти Ноември 2020 година, со почеток во 19.00 часот, цена на карта 150 денари.Што е тоа човек? „Хомо“ прикажува шест лица, шест состојби во луцидно поврзани епизоди проткаени со црн хумор.Оригинален наслов: ХомоТраење на филмот: 91 МинутиЗемја / година: MKD/2020Жанр: ДрамаГлумци: Наташа Петровиќ, Игор Ангелов, Оливер Митковски, Јелена Јованова, Сашко КоцевРежија: Игор Иванов – ИзиДистрибутер: Скопје Филм СтудиоВозрасна Категорија: +16Цена на карта 150 денари, поч…
Епидемиолошката состојба со ковид 19 во Охрид е сложена и загрижувачка како и во целата земја. Секојдневно има двоцифрена бројка која има тенденција на зголемување, вели Сашо Точков, директор на ЦЈЗ. Во јавноста кружат списоци со имиња и презимиња на граѓани со позитивен тест на корона вирусот. Објавувањето на такви списоци се кривично дело. Точков го осудува таквото протекување на информации кои кружат на социјалните мрежи и во јавноста.
„Јас одговорно тврдам дека ниту еден список, кај нас нема списоци тоа се листи кои ги прави епидемиологот. Списоците кои ги видовме не наликуваат на на…
И додека во сите здравствени установи во земјава , главниот фокус е ставен на преадаптација на болничките капацитети за лекување на пациенти заболени со корона вирусот, во Струга е извршена хируршка операција и отстранет е тумор на матка тежок пет килограми. Лекарите велат и покрај панедмијата со ковид 19, пацинетите мора да водат грижа за своето здравје и да се штитат од другите редовни болести. Операцијата на огромната туморозна маса е извршена кај 45 годишна жена од Струга.
„Ја сработивме се` беше добро пациентката ја пуштивме дома во добра кондиција на домашно лекување. Тоа е…
Од министерството за здравство информираа дека почнувајќи од денес за влез во угостителските објекти, затворените шопинг центри и други објекти од затворен тип е потребно сертификат за извршена имунизација, со две дози на вакцина против заразната болест ковид-19 или сертификат за прележан ковид-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето. Инаку, досега за влез во објекти беше доволна една примена доза од вакцината против ковид-19. Експертите сметаат дека одржувањето на социјалната дистанца и носењето на заштитна опрема и одржувањето на хигиената останува единствената конста…