Охрид на прагот од новата туристичка сезона сеуште е без јавни тоалети. Туристичкиот центар никако да добие современи јавни тоалети. Градските влaсти со години наназад не го решават најосновниот комунален проблем на кој укажуваат и туристите и охриѓани. Стефан Каневче, туристички водич кој е секојденвно во конаткт со туристите, со жалење констатира дека тоалетите се последна грижа во туризмот. Недозволиво е да се запостави изградбата на вакви санитарни објекти како што е сегашната ситуација на која паѓаме во туризмот, вели Каневче.„Прво што треба да се почне се градбата на тоалети….
Електронски систем за конечно воведување ред во поставувањето на урбаната опрема. Локалната самоуправа на Охрид наскоро ќе воведе електронски систем за следење на договорите за поставување на урбана опрема.
Како што информираат од таму целта е да се избегне пречекорување на договорот и со тоа да се врши узурпација на јавна површина или злоупотреба на приватен имот без да бидат подмирени обврските кон градот.
Новиот електронски систем треба да ги алармира надлежните 15 дена пред да истече рокот, а тие го известуваат корисникот на урбана опрема дека има уште 15 дена да го обнови договорот и …
Деновиве Струга беше домаќин на Државното првенство во спортски риболов во дисциплината пливка за најмладите натпреварувачи, кадети (деца до 14 години) и јуниори ( од 15 до 19 годишна возраст). На натпреварот учествуваа вкупно 10 екипи од 7 риболовни здруженија од 6 градови од Р.Македонија.
Учество зедоа и кадетската и јуниорската екипа на Здружението риболовци Св Стефан од Охрид. Илија Рупев беше најдобриот поединец кој го освои петтото место во својата конкуренција со што и обезбеди место во македонската репрезентација во категоријата кадети. Државното првенство се одржува според програ…
33 студенти од 9 различни земји дел од годинешната летна школа за архитектура. Студентите од Полска, Украина, Русија, Словенија, Хрватска, Србија, Велика Британија и Република Македонија деновиве како дел од школата се запознаваат со карактеристичните архитектонски црти на градов. Главни предавачи на школата се еминентните јапонски архитекти од Токио, Јошихару Цукамото и Момојо Каиџима, како и хрватските архитекти Винко Пенезиќ и Крешимир Регина.
Овогодинешната тема на летната школа е насловена како „Преобликување на метаболизмот“, а тоа е дел од современата светска архитектура односно прид…
Во среда, 2‐ри јули 2014, во Охрид ќе почне снимањето на играниот филм „Татко“ ‐ копродукција помеѓу Германија, Косово и Македонија, инаку режисерско деби на Висар Морина, кој е и автор на сценариото.„Татко“, преку уникатниот лик на Нори, десетгодишното момче кое е приморано прерано да созрее, дава еден поинаков приказ на Косово во деведесеттите години на минатиот век. Нори претрпува големи загуби и храбро се соочува со потезите на судбината. Но, по прераната смрт на неговата мајка, тој не може да прифати да биде напуштен и од својот татко Гзим. Нориевата детска истрајност покажува екстремн…
Верниците од исламската вероисповед денеска го слават верскиот празник Рамазан Бајрам со кој завршува светиот месец Рамазан и се означува крајот на едномесечниот пост.
Рамазанските пости претставуваат една од основните обврски на муслиманските верници. Прославата за рамазанскиот – Бајрам трае три дена. Во исламската религија Рамазан е светиот месец кој е деветти во лунарната година и секоја година се поместува за 10 дена наназад.
На првиот ден се извршува утринска молитва – Бајрам Намаз, а во состав на прославата се разменуваат подароци и се посетуваат роднините и пријателите.
Светиот ме…
Хаварисани возила, стари камп приколки, киосци, кајчиња, претставуваат грд декор во дворното место на неколку приватни локации во Охрид. Станува збор за објекти за кои години наназад никој нема преземено никакви мерки за нивно отстранување. Согласно Законот за јавна чистота и одлуката за комунален ред, општинскиот комунален инспекторат е задолжен да ги санкционира сопствениците на ваквите објекти кои не водат грижа за нив. Обраснати со трева, искршени, оставени на забот на времето, а некои од нив претставуваат и извор на зараза и собиралиште на змии и други штетници. За жал, ваквите обје…
Општина Охрид и Секторот за туризам и локален економски развој, издадоа флаер со корисни информации за туристите во врска со нивниот престој во Охрид. Флаерот содржи информации за правата и обврските на туристите како и информации за нивен побезбеден престој. Флаерот е испечатен на два јазика, македонски и англиски.{loadposition content9}