Јул 22, 2014

Бакрачески во посета на Трпејца

Дислокација на една од трафостаниците, слаб притисок на водата, немање паркинг простор, изградба на пречистителна станица се само дел од проблемите кои ги засегаат трпејчани. Денес, тие имаа можност лично на градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески да му укажат на овие потреби. Градоначалникот ги сослуша и вети во догледно време дека лично тој и службите на Локалната Самоуправа ќе се заложат да се подобри живеењето на месното население во Трпејца, со цел и тие да ги подобрат услугите кои им ги даваат на гостите. Бакрачески нагласи дека изградба на пречистителна станица е од фундаментално…

Мај 19, 2021

ДА СЕ ОТСТРАНАТ ХАВАРИСАНИТЕ ВОЗИЛА ОД ЈАВНИТЕ ПОВРШИНИ

Надлежните служби на општина Охрид упатуваат апел до сите охриѓани кои имаат хаварисани возила паркирани на јавните површини истите да ги отстранат во најкраток временски период. Во спротивно тие ќе бидат отстранети со пајак служба , на трошок на сопствениците. Воедно се упатува апел до сите охриѓани да испраќаат фотографии од хаварисани возила оставени на јавни површини на адреса inspektorat@ohrid.gov.mk со цел истите да бидат отстранети од комуналните служби при општина Охрид.

Јул 22, 2014

Охридскиот Сонк стапи во солидарен штрајк со глад

Охридскиот регионален  синдикат за образование, наука и култура од  утрово е во штрајк со глад.  Аце Речкоски, претседател на регионалниот Сонк, вели  даваат поддршка на тројцата професори од штипскиот универзитет кои штрајкуваат со глад барајќи ги своите прекршени законски права за да бидат реизбрани  за вонредни професори. Речкоски нагласува дека со солидарниот штрајк регионалните одбори на Сонк, меѓу кои и нивниот, бараат Универзитетот „ Гоце Делчев“ да постапи според решението на Државниот просветен инспекторат.  Тоа значи да се повтори гласањето на нучно наставниот совет врз основа на…

Јул 22, 2014

Засилени контроли поради појавата на бактеријата листерија

Граѓаните деновиве во паника поради појавата на смртоносната бактерија листерија од која за еден месец се заразија седум, а починаа три лица. Бактеријата може да ја има во месото и млекото, пастеризирано и непастеризирано, млечните и месните производи, морските плодови и рибата, како и во овошјето и зеленчукот. Од Центарот за Јавно здравје од Охрид велат дека од почетокот на годината во лабораторијата исконтролирале 100тина примероци од прехранбени производи од најразлични видови, од готови јадења, до слаткарски производи, сладоледи, меса, млечни производи. 70% од нив биле донесени од стран…

Јул 22, 2014

Трагикомичната фарса „Ждрело“-претстава за алчноста на современото општество

Урбаната бајка за консумеризмот и потрошувачкото општество „Ждрело“ во изведба на Драмскиот театар од Скопје, утревечер на програмата на Охридско лето.  Оваа трагикомична фарса како што ја опиша режисерката Зоја Бузалковска говори за алчноста на материјалистичко-лакомиот свет кој е присутен глобално. Директорот на Драмскиот театар, Роберт Велјановски, вели дека Драмски втора година со ред игра премиери на Охридско лето.„Не постои национален театар без национална драма. Оттука Драмски, секоја година изведува драмски текстови на домашни автори, Драмскиот театар промовира големи имиња на макед…

Јул 22, 2014

Американци со македонско потекло во посета на своите корени

Ник, Едвард и Дебора Марков се американци со македоско потекло. Нивните дедовци Ламбе и Војдан Маркови во 1909 година го напуштиле своето родно огниште во Ржаново и заминале во САД. Од оваа далечна земја повеќе не се вратиле, но љубовта и традицијата на македонското семејство не заборавиле да ја пренесат на своите внуци.  Браќата Ник и Едвард  Марков потомци на Ламбе, се по втор пат во Охрид и  Ржаново.Дошле пред 5 години,  а сега допатуваа со своите сопруги. Ник Марков врли среќен сум што се вративме на корените од каде што потекнуваме. Како дете слушав многу приказни за природата,  Охрид,…

Јул 21, 2014

ИмаТ и во Охрид супер музика за без пари

Нивниот фанк, џез, соул, македонските и странските песни, ги воодушеви сите присутни на плажата „Куба Либре“. Сопствениците на објектот велат дека синоќешната забава била нивниот подарок за посетителите. Синоќа охриѓани и бројните туристи имаа уникатна можност да уживаат во звуците и мелодиите на култниот Биг Бенд на Македонската радио телевизија.  Овој фантастичен состав на музички таленти, од кои голем број членови на Македонската филхармонија, на сите посетители на плажата Куба Либре на Охридското крајбрежје им понудија неверојатни џез и фанк звуци, македонски и странски мелодии. Во екот…

Јул 21, 2014

Охриѓани ќе почекаат на улично осветлување со лед светилки

Булеварите „Туристичка“ и „Македонски просветители“, како и улицата „7ми Ноември, според економскиот оператор кој е задолжен за одржување на уличното осветлување, биле во најкритична состојба кога започнале да го спроведуваат договорот за јавно-приватно партнерство со општината. Компанијата ДУ-ЕЛ-МА која веќе 20 години работи во областа на електрониката, почнувајќи од средината на минатиот месец, откако на јавниот повик беше избрана за најповолен понудувач,  започна со активности за замена на уличното осветлување токму на овие најкритични точки. Договорот кој го склучиле со локалната е со т…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top