Трагикомичната фарса „Ждрело“-претстава за алчноста на современото општество

Драмскиот театар од Скопје со премиерна изведба на претставата „Ждрело“ на Охридско лето. Претставата која зборува за порокот на потрошувачката психологија е работена според текстот на македонската авторка, Жанина Мирчевска, а се изведува под режисерската палка на Зоја Бузалковска.

 |  Мишел Наумоски  | 
Zdrelo
Ждрело

Урбаната бајка за консумеризмот и потрошувачкото општество „Ждрело“ во изведба на Драмскиот театар од Скопје, утревечер на програмата на Охридско лето.  Оваа трагикомична фарса како што ја опиша режисерката Зоја Бузалковска говори за алчноста на материјалистичко-лакомиот свет кој е присутен глобално. Директорот на Драмскиот театар, Роберт Велјановски, вели дека Драмски втора година со ред игра премиери на Охридско лето.

Dramski teatar„Не постои национален театар без национална драма. Оттука Драмски, секоја година изведува драмски текстови на домашни автори, Драмскиот театар промовира големи имиња на македонската драматика и во еден континуитет следејќи го континуитетот на Драмскиот театар и оваа година еден домашен автор, Жанина Мирчевска која не живее во Македонија, но ние ја имаме за своја.“-рече директорот на Драмски театар-Скопје, Роберт Велјановски.

Режисерката на „Ждрело“, Зоја Бузалковска вели дека ова е претстава во која се испомешани 2 или повеќе жанрови. Според неа, претставата третира глобален проблем.

„Зошто е фантастичен текстот, затоа што е страшно актуелен, денешен и би рекле ретко се наоѓаат текстови кои се толку универзално значајни и актуелни. Ми се чини дека се однесува буквално на секоја урбана точка на земјината топка и она што во моментот се случува буквално низ целиот свет, не само овде кај нас. И во таа смисла е многу возбудлив за режирање, за поставување во смисла на тоа дека се бави со конзумерството, со порокот на потрошувачката психологија која му е наметната на светот.“-вели режисерката, Зоја Бузалковска.

Zoja Buzalkovska reziserНешто повеќе околу ликот кој го игра во претставата проговори актерот Диме Илиев.

„Самиот процес, текст, улога е што на крајот не е само советник, многу работи се испреплетиле за тие 20 или кусур години, па излегува дека е тоа нешто повеќе. Излегува од тој мирен, не само советник, човек кој дели само памет, кој му сака само добро на својот господар, јас би рекол дека на крајот излегува еден идиот можеби.“-рече актерот Диме Илиев.

Инаку покрај Диме Илиев, дел од актерската екипа е и уметничкиот директор на Драмски театар, Рубенс Муратовски, кој го игра главниот лик како и Трајанка-Таци Илиева меѓу другите. Претставата „Ждрело“, ќе можете да ја проследите утревечер, во Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 21 часот.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top