Ударните дупки во делови од градот наместо со асфалт во последно време се крпат со бекатон плочки. Таквите бекатонски крпеници најочигледни се на бул. Туристичка. Од Локалната самоуправа со свое објаснување. Портпаролот Томе Џамтоски вели дека забелешките и укажувањата на граѓаните биле на место, но согласно одлука на Совет во периодот од 01 јули до 1 август имале забрана за изведување на поголеми градежни зафати.„Како што од Секторот за сообраќај и улици најавуваат во текот на овој месец или најдоцна до септември ќе треба да се пристапи кон изготвување на тендер за асфалтирање и ќе продолж…
Се зголеми бројот на посетите и јавувањата во брзата помош во Охрид. Тоа пред се должи на високите температури, напливот на гости посебно за време на празниците и тоа не само кај хронично болните туку и кај здравите луѓе. Раковдителот на брза помош д-р Ацо Стојаноски нагласува дека во овој период на зголемена фрекфениција на прегледи и повици посебен ризик се јавува кај луѓето што се со срцево белодробни заболувања, стари лица, деца, трудници. Присутен е стомачниот вирус но имало интервенции кај лица кои се пожалале на зголемена телесна температура, треска итн. Додава, граѓаните строго да с…
Охридските социјалдемократи денес со обвинувања до локалната дека граѓаните ги оставила без можност за бесплатно паркирање. Тие ги посочија паркинг просторите кај полигонот за мали спортови и оној кај Центарот за обука на вода во непосредна близина на плажата Куба Либре. Јован Стојаноски од општинската организација на СДСМ ја обвини локалната самоуправа и охридската ВМРО-ДПМНЕ дека се однесува лицемерно.„Лицемерието се состои во тоа што додека СДСМ ја практикуваше власта во Охрид, постојано бевме критикувани дека наводно нема слободен простор на кој што граѓаните можат да паркираат во општи…
Врз основа на утврдениот режим на сообраќај за стариот дел од град Охрид и Правилникот за издавање на картички за движење на моторни возила во стариот дел на град Охрид, а со цел граѓаните на овој дел од градот непречено да се движат – Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици ги известува граѓаните од стариот дел од градот дека ќе се отпочне со пререгистрација на постоечките картички кои ги исполнуваат условите согласно Правилникот.
За навремена и ефикасна пререгистрација на постоечките картички, а со цел непречено движење во овој дел од градот се известуваат сите жители кои веќе …
СДСМ со обвинувања до јавното претпријатие „Градски гробишта“ дека прикажува нереална слика од своето работење. Според СДСМ, претпријатието работи позитивно единствено поради тоа што истото остварило приходи од субвенции во износ од 3. 614. 978 денари во текот на изминатата година. „Зошто не убедуваат дека ние сме дале невистинити податоци не знам, кога е тоа извештај кој ни го приложи нас, како советници, раководството на јавното претпријатие, на кој јасно можете да видите, тука стои, субвенции во толкав износ. Да не беа тие субвенции она шо ние го наведовме во нашата информација е дека ед…
Црвениот крст од Охрид ќе мора на мускули да го реализира проектот „Родителите се наша грижа“. Основна цел на овој проект е грижа за повозрасните и осамени лица кои немаат кој да се грижи за нив. Наместо специјално ангажирани за тоа лица, како што првично имале замислено од Црвениот крст, велат дека проектот ќе го спроведуваат нивните волонтери и лекари кои ги имаат во рамките на нивната организација. За реализацијата на проектот тие аплицирале и им биле одобрени средства од локалната самоуправа, но велат дека тие средства ни од далеку не се доволни за спроведување на истиот.„Станува збор з…
Туристите најголем интерес покажваат за посета на Музејот на вода во Градиште. Познат и како Заливот на коските овој локалитет станува се попривлечен за посетителите од година во година. За 6 години од неговото отварање до овој момент него го посетиле над 230.000 посетители, информира директорката на Завод и Музеј Тања Паскали Бунташеска. Напоменува дека имаат склучено договор со туристичката агенција Фибула за организирана посета на странски гости на овој музеј. Отворени се за соработка и со останатите агенции. Доколку агенциите склучат договор за носење тури во подолг период цената …
И ова лето Охриѓани и туристите со низа забелешки во врска со такси превозот во градов. Никако да се надминат старите проблеми. Повторно некои од таксистите одбиваат да возат на кратки релации, не издаваат фискална сметка па цената која ја наплаќаат ја тресат од ракав, љубезноста не е на завидно ниво како и услугата. Многупати патниците сами треба да си го сместат багажот, а таксистот си седи во возилото, ова се само дел од поплаките на патниците.Од Локалната велат дека свесни се за проблемите кои се провлекуваат во такси превозот во градов. -Знаеме за полаките дека на одредени кратки ли…