Полека ама сигурно се става крај на проблемите кои ги имаа туристичките водичи во градов. Климент Наумов од охридското здружение на туристички водичи „Кеј“ вели дека нивната најголема главоболка а тоа е нелојалната конкуренција се намалува. Согласно Законот за туристичка дејност, туристички водич не може да биде странски државјанин. Тоа може да биде единствено локален водич- лице кое го положило стручниот испит, регистрирано да ја извршува дејноста, државјанин на РМ и со завршено минимум средно образование.
-Оваа година сето тоа е ставено на едно повисоко ниво. Инспекциските служби си ја вр…
Со уписите во прво одделение тече и постапка за инклузија на основците со попреченост со помош на образовни и лични асистенти од 1 до 9 одделениe. Во општините Охрид и Дебрца досега има 25 барања од основци за помош од образовни и лични асистенти со проектот кој почнува во основното образование од учебната 2021/2022 година, вели Наташа Танеска, директор на ОУ Св. Климент Охридски. Ова општинско основно училиште е центар за поддршка на југозападниот регион на битолскиот Регионален центар Завод за рехабилитација на деца со оштетен слух и вид. Од вкупниот број на пристигнати барања помал е бро…
Џенгис Пател е единствениот туристички водич во Охрид кој организира бесплатни разгледи на градот. Ова не е нова работа во светот, во Европа постои околу 15 години, а слободни разгледи има во сите поголеми светски градови Барселона, Лондон , Брелин, Париз Белград , Њујорк, кажува Пател. Покрај редовните разгледи, тој веќе 3 години е дел од клубот кој го применуваат новиот тренд. Овој начин на работа потекнува од Германија, поточно од Берлин од туристичкиот водич Сандеман, раскажува Пател. Додава дека е штета да се дојде во Охрид и градот да не се разгледа со водич, а неговата идеја е …
Охридските угостителски објекти мака мачат со вработување на образовани келнери и готвачи од градов. Години наназад повеќето од нив практикуваат ангажирање на угостителски кадар од другите градови посебно од источниот дел на земјава. Овој проблем го потвруваат и од Агенцијата за вработување од Охрид. Од нивната евиденција се гледа дека од 4 196 лица кои бараат активно работа и околу 3500 пасивно , околу 300 се келнери, кувари и угостителски техничари. На спискот кои бараат работа има 90 келнери и дури 170 готвачи. Додека 20 -тина лица се угостителски техничари и хотелиери. Угостителите пос…
Безбедноста на граѓаните кои минуваат под Долни сарај, повторно актуелизирано со најавата за рушење на Мостот на желбите. Покрај тоа што мостот бил дивоградба, опасноста од одрони кои можат да ги повредат минувачите беше исто така експлоатирано како причина повеќе за отстранување на мостот под сарајот. Од Завод и музеј потсетуваат дека уште пред една година биле потрошени 3мил. и 300 000ден., средства од Министерството со кои се санирале ѕидните јужни платна кон езерскиот брег и скалите. Од оваа национална установа најавија дека од наредната година по се изгледа ќе се работи и на останатио…
Отворени шахти без заштитни капаци се уште има низ повеќе улици во Охрид. Дел од нив, односно отворените шахти во близина на Бејбунар, како и на потегот помеѓу двата кружни тека кај населбата Бараки, подолг период служат како контејнери. Жителите не сакаа да зборуваат пред нашата камера, но позади камерата кажаа дека дупката на потегот кај Бараки, 5 години стои отворена и досега никој не презел ништо, иако во Фондот за комунален развој патишта и сообраќај уредно укажале за овој проблем. Тие бараат одговорните да го решат проблемот, пред некој да настрада. Од Локалната самоуправа тврдат дека…
Несекојдневната мешавина на поезија во проза и проза во поезија „Дневникот на хулиганот“ утревечер пред охриѓани во една неконвенционална претстава. Преку буто перформансот на Васил Зафирчев, публиката ќе може да се запознае сосема непосредно преку мултимедијалниот проект на авторот, охриѓанецот Сашо Димоски. Оваа книга, која е воедно и негово прво дело е само зачеток на она што Димоски вели дека најмногу го интересира, истражување во формите и создавање на засебни, нови книжевни форми.„Од целиот напишан материјал кој е навистина обемен. Селектирав 44 глави кои се по својата поставеност од …
Охриѓани на младинската летна олимпијада во Нанџинг-Кина. Нашиот град ќе го претставуваат едни од најуспешните млади спортисти, Нина Балбан и Јован Јованоски, но секој на својот начин. Нина учествува понесувајќи ја титулата млад амбасадор на меѓународен олимписки комитет и Македонски олимписки комитет, додека Јован ќе ги брани репрезентативните бои во неговата дисциплина, велосипедизмот и тоа во крос кантри олимпик и крос кантри елиминатор. Тој вели дека изминатата година собрал доста меѓународно искуство возејќи надвор од државата, а за олимпијадата вели дека му била сон уште во моментот…