Градоначалникот Кирил Пецаков, денес, изврши обиколка на градежните активности на улицата „Прилепска“ и во селото Елшани.
Деновиве се одвиваат активности за изградба на потпорен ѕид долж улицата „Прилепска“, во самото корито на реката Сушица. Дополнително се врши и чистење на речното корито. Според проектот предвидено е потпорниот ѕид да е во должина од 150 метри. Исто така, предвидено е реконструкција на оштетените делови од улицата „Прилепска“, односно гребење и поставување на нов асфалтен слој. На деловите каде оштетувањата се поголеми ќе се поставува нов тампон и асфалтен слој. Извед…
Кризниот штаб на Општина Охрид одржа состанок на кој зедоа учество сите постојани членови како и раководителите на дел од секторите во општинската администрација.
Поради зголемениот прилив на заразени на кои им е потребен болнички третаман веќе е направена реорганизација по повеќе болнички одделенија. Се презeмаат сите потребни активности од страна на надлежните служби во Општина Охрид за спроведување на сите потребни активности за подготовка на теренот во болничкиот комплекс за поставување на модуларната болница.
Во текот на наредните денови ќе се рагледа можноста за организирање на моби…
Поради се` поголемиот број на заболени во Охрид и преполнетиот капацитет на охридската општа болница, одделот за рехаблитација од денес е пренаменет за третман на ковид позитивни. Болничкото крило кое ќе биде ковид центар е физички одвоено, располага со триесеттина кревети , има доволно медицинскиот персонал , единствено нема целтрален довод на кислород , но тоа ќе се обезбедува со кислородни боци.
„Како наш приоритет ќе останат пациентите со кардиоваскуларна патологија, а нашиот медицински персонал не треба да зборувам за нивната подготвеност, стручност и професионалност и …
Врз основа на Одлуката на Владата, за престанок и за давање на трајно користење на движни ствари на Општина Охрид, Универзитетот “Свети Апостол Павле“, денес донира триесети шест компјутери за училиштата во Охрид.
Компјутерите ќе бидат подеднакво распределени во ОУ “Григор Прличев“ и во средните училишта, “Свети Климент Охридски“, “Свети Наум Охридски“ и средното економско училиште “Свети Кирил и Методиј“.
Жално е што младите, но и повозрасните граѓани се мошне слабо информирани како да придонесат во заштитата од климатските промени, информираат еколозите од ЕД Грашница. Ова е генералниот заклучок од средбите кои ги имале со граѓани и ученици во рамките на проектот кој го спроведувале на тема „Иднина за климата, одлучи, дејствувај“. Целта на поректот е едукација на граѓаните, земјоделците и учениците за заштита на климатските промени, вели Борис Џајкоски член на ЕД Грашница. Младите покажаа интерес за темата , но и доста не информираност. Екологистите предлагаат образовни емисии на ТВ и проши…
Во текот на изминатото деноноќие (11/12.11.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 761 прекршок.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид 19.
Кризниот штаб на Општина Охрид одржа состанок на кој зедоа учество сите постојани членови како и раководителите на дел од секторите во општинската администрација. На состанокот беа донесени следните заклучоци:
Според податоците на надлежните здравствени институции, до денес во Охрид има регистрирано 410 активни случаи кои се позитивни на корона вирусот КОВИД 19. Во Општата болница во Охрид се згрижени вкупно 94 пациенти од кои 24 пациенти се на кислородна поддршка. Поради зголемениот прилив на заразени на кои им е потребен болнички третаман веќе е направена реорганизација по повеќе болничк…
На потегот кон Велестово е фотографиран граѓанин како од возилото вади отпад и го остава покрај патот. Случајниот минувач кој го регитрирал несовесното однесување ги објавил фотографиите на социјалната мрежа фејсбук на кои се гледаат регистарските таблички на возилото. Отпадот од локацијата уште истиот ден го подигнале од еколошкото здружение Еко Фап. Од ЈП Охридки Комуналец велат дека сликите за овој случај пристигнале и до нив и ги доставиле до Општинскиот комунален инспекторат.Портпаролот на локалната, пак, за овој случај негира дека до општинските служби пристигнала пријава од Комуналец…