• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Специјалната болница за кардиологија „Свети Стефан“ подготвена да прима пациенти со Ковид 19

Специјалната болница за кардиологија „Свети Стефан“ подготвена да прима пациенти со Ковид 19

Специјалната болница за кардиологија „Свети Стефан“ во Охрид е подготвена да ги прими првите пациенти позитивни на коронавирусот. Околу 30 кревети во Одделот за рехабилитација, кој е одвоен од останатиот болнички дел, ќе бидат приспособени за прием на пациенти со полесна клиничка слика.

 |  Соња Рилковска  | 

Поради се` поголемиот број на заболени во Охрид и преполнетиот капацитет на охридската општа болница,  одделот за рехаблитација  од денес е  пренаменет  за третман на  ковид позитивни.
Болничкото крило  кое ќе биде ковид центар е физички одвоено, располага со  триесеттина  кревети , има доволно медицинскиот персонал  , единствено  нема  целтрален довод на кислород , но  тоа ќе се обезбедува со кислородни боци.

„Како наш приоритет ќе останат пациентите со  кардиоваскуларна патологија,  а нашиот медицински персонал не треба да зборувам за нивната подготвеност, стручност и професионалност и секако можност да се справат со една ваква нова ситуација“, вели  Елена 

Коваческа Башуроска директор на Специјална болница за кадиологија.
Во болницата ќе продолжи лекувањето и  на   пациенти со кардиовасуларни заболувања.

„ Нема да го намалиме бројот на ппациенти кои се третираат со ургентни состојби тој дел нема да трпи во ниеден момент  мегутоа во делот каде има помалку тешки или оние кои може да бидат одложени може да напправиме некое намалување“ , вели Никола Бакрачески кардиолог во Специјалната болница за кардиологија.

Во болницата за кардиологија месечно се прегледуваат по 1200 пацинети од Југозападниот регион во змејава  и има околу 120 оперативни интервенции.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top