• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Се подготвува теренот во болничкиот комплекс за поставување на модуларната болница во Охрид, а се разгледува ќе се рагледа можноста за организирање на мобилни здравствени тимови

Се подготвува теренот во болничкиот комплекс за поставување на модуларната болница во Охрид, а се разгледува ќе се рагледа можноста за организирање на мобилни здравствени тимови

Кризниот штаб на Општина Охрид одржа состанок на кој зедоа учество сите постојани членови како и раководителите на дел од секторите во општинската администрација.

 |   | 

Кризниот штаб на Општина Охрид одржа состанок на кој зедоа учество сите постојани членови како и раководителите на дел од секторите во општинската администрација.

Поради зголемениот прилив на заразени на кои им е потребен болнички третаман веќе е направена реорганизација по повеќе болнички одделенија. Се презeмаат сите потребни активности од страна на надлежните служби во Општина Охрид за спроведување на сите потребни активности за подготовка на теренот во болничкиот комплекс за поставување на модуларната болница.

Во текот на наредните денови ќе се рагледа можноста за организирање на мобилни здравствени тимови кои ќе може да пружаат здравствен третман во домашни услови на заболени кои имаат полесна клиничка слика.

Поради константното зголемување на бројот на новозарзени, зголемена е потребата од дополнителни капацитети за згрижување на пациенти. Во тек е подготовка на план за искористување на расположливите капацитети, медицински персонал и медицинска опрема од останатите здравствени институции на подрачјето на општината.

Според податоците на надлежните здравствени институции, до денес во Охрид има регистрирано 410 активни случаи кои се позитивни на корона вирусот КОВИД 19. Во Општата болница во Охрид се згрижени вкупно 94 пациенти од кои 24 пациенти се на кислородна поддршка.

Ќе продолжат редовните активности за дезинфекција на јавните површини во Општина Охрид.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top