Летнава сезона во Охрид помина без фатален исход, во доменот на делување на спасителите на вода. Спасителите, целосно ја покажаа својата професионалност, ажурност, подготвеност да реагираат во секакви ситуации, нагласи Сашо Точков, претседателот на ОО на Црвен крст Охрид. Тој додава дека тие претставуваат гордост за градот, бидејќи покрај тоа што од нив биле задоволни концесионерите на плажите, добиле и бројните коментари на социјалните мрежи од сите страни на светот. „Можам да кажам дека споредбено со минатата година кога имавме 25 интервенции на давеници, оваа година имавме 33 давеници на…
„Каменот и железото“ е насловот на најновата изложба на Трајко Дурчовски. Академскиот сликар Славко Упевче ќе ја претстави најновата поставка на скулптури на Дурчовски утревечер во Центарот за култура. Ова е 10-та изложба на авторот кој пред охридските љубители на уметноста е препознатлив по скулптурите изработени од железо.„ Со железото се претставив неколку пати , а со каменот за прв пат. Каменот е украс за на ѕид , се буши со бургија и се украсува со бакар и со калај“, појаснува Дурчовски.Трајко Дурчовски овој пат ќе се претстави со 30 -тина скулптури. Секоја изложба е радост вели а…
Ракометната селекција на Македонија ќе одигра два пријателски натпревари против репрезентацијата на Србија, а селекторот Кирил Лазаров за овие натпревари реши да повика млади таленти и играчи од домашниот шампионат.
На поширокиот состав на Лазаров се најдоа и тројца охридски ракометари кои ќе имаат шанса да се покажат и докажат на контролните средби. Станува збор за играчи на ГРК Охрид, Мартин Манасков, Михајло Младеновиќ и Мартин Ивановски.
Натпреварите ќе се одиграат на 19-ти и 20-ти јуни во Ниш.
За потсетување, Македонија обезбеди настап на следното Европското првенство кое ќе се одрж…
Охридските училишта започнаа со легализација на дворните места. Досега ниту едно школо не можеше да врши било какви градежни зафати на дворната површина бидејќи имотот не беше нивни. Локалната започна процес на денационализација на приватните имоти на кои се наоѓаат дворовите на училиштата.За прв пат во историјата на Охрид ги започнавме процесите на расчистување на имотно правните односи на охридските училишта кои во изминатиот период не беа решени. Сето тоа се прави со средства на Локалната и дел од нив веќе се запишани во катастар, рече Градоначалникот Никола Бакрачески.Училиштето Христо …
Се прават завршните организациони подготовки за старт на 28 меѓународен охридски атлетски маратон. Но, годинешниов маратон ќе биде финансиски најскромен од било кога во изминативе години од кога се одржува нагласува Пеце Неданов од организациониот одбор на најстарата маратонска манифестација во земјава. Досега се пријавени за учество околу 46 маратонци, од кои 5 во женска конкуренција, а до 7 септември додека трае пријавувањето очекуваме уште од 20-тина маратонци, напоменува Неданов. Додава дека ќе нема голема конкуренција како во минатото заради годинешниот скромен награден фонд .„ …
Средното економско училиште со медицински паралеки Св Кирил и Методиј од денес стартува како нов правен субјект. Иако училиштето е формирано во 1957 година и има долга традиција во едуцирање на стручни еконмоски кадар во општина Охрид , по 43 години од оваа учебна година се одвојува од гимназијата Св Климент Охридски. Конституиран е наставниот совет, а професорскиот кадар веќе се изјаснил каде ќе продолжи со работа , информира директорката на новата образовна институција Славица Костоска. Костоска вели иако за некого ова одлука била болна , изгледите за развој на училиштето во стручна…
На првиот училишен ден градоначалникот Никола Бакрачески на учениците од гимназијата Св. Климент Охридски им посака успешен старт во претстојната учебна година. Тој не средбата со гимназијалците во емотивно и искрено обраќање им порача постојано да се да се трудат да го надградуваат своето знаење. Ги поттикна да бидат истрајни во своите соништа и желби, да не се предаваат пред препреките и проблемите туку цврсто да газат по зацртаната патека.„ Не може д а се откажете од учењето за да добиете само добра работа. Мора да се трудите да се обучувате и учите. Ова не е важно само за вашиот с…
Со искрени желби за многу здравје и успех во учењето, првачињата и сите присутни ги поздрави директорот на училиштето Јордан Пуроски. Низ низа активности, забава и смеа успешно ги водеше познатиот аниматор Ивица Маринковиќ- познат како Ивце Пивце.
Учениците го нанижаа охридското ѓерданче од бисери испишани со нивните имиња и оставија траен печат во училиштето од првиот училиштен ден.
Програмата која ја подготвија четвртооделенците со нивните наставнички Валентина Кузманоска и Виолета Илиевска, ја помогнаа и наставниците Павлина Климеска, Катерина Пецакова и Бобан Гаврилоски, а ја збогатија…