Охридските училишта започнаа со легализација на дворните места

Започна процесот на расчистување на имотно правните односи на охридските училишта кои во изминатиот период не беа решени. Досега ниту едно школо не можеше да врши било какви градежни зафати на дворната површина бидејќи имотот не беше нивни.

 |  Јаковлева Лионела  | 
hristo uzunov
христо узунов

Охридските училишта започнаа со легализација на дворните места. Досега ниту едно школо не можеше да врши било какви градежни зафати на дворната површина бидејќи имотот не беше нивни. Локалната започна процес на денационализација на приватните имоти на кои се наоѓаат дворовите на училиштата.училиште

За прв пат во историјата на Охрид ги започнавме процесите на расчистување на имотно правните односи на охридските училишта кои во изминатиот период не беа решени. Сето тоа се прави со средства на Локалната и дел од нив веќе се запишани во катастар, рече Градоначалникот Никола Бакрачески.

Училиштето Христо Узунов кое има најголема дворна површина за брзо време ќе стане нејзин сопственик.

Веќе во завршна фаза е решавањето на имотно правните односи. Како училиште предничиме во изготвувањето на елаборатите така да  училиштето „Христо Узунов“ ќе си биде свое на своето, рече директорот Тони Симоноски.

И другите училишта до крајов на годинава треба да ги доработат елаборатите и да го решат овој долгогодишен проблем.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top