На триесет и првото издание на седницата на Советот на Општина Охрид седница на Советот на општина Охрид пред советниците ќе се најдат извештаите од работењето на јавните претпријатија „Охридски Комуналец“, Градски пазар, Водовод, „Грaдски гробишта“ , „Нискоградба Охрид“ и „Билјанини Извори“.Ќе се носи одлука за измени во развојната програма за поттикнување на развојот на туризмот од 2014 до 2016, а ќе се носат и измени во програмите за ЛЕР, комунални услуги, јавна чистота, јавно осветлување, патишта и улици, паркови и зеленило, сообраќајна сигнализација, детска заштита, култура и други об…
Две рибарски мрежи во должина од по 50 метри со улов од 13 парчиња риба белвица одзеде викендов езерската патрола на полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“. Мрежите се забележани на околу 50 метри од езерскиот брег во близина на „Парк“ по што поради немање жиг од државниот инспекторат за земјоделие а по консултација со јавниот обвинител, истите се одземени. Минатиот месец еден албански државјанин е затекнат во незаконит риболов во водите на Охридското езеро наспроти населбата Трпејца со 4 парчиња риба охридска пастрмка со тежина од 2,5 килограми, 20 пластични шишиња со по…
Врнежливото време не ја поколеба вербата на охриѓани. Денес, огромен број граѓани се собраа на градскиот плоштад пред импровизираниот црковен храм посветен на Свети Димитрија со цел да му оддадат почит на светецот и заеднички да го чествуваат големиот празник Митровден. И годинава, веќе традиционално се организираше ручек за верниците кои се собраа на градскиот плоштад. „Многу убаво е. Луѓето се весели, да доаѓаат, да си го прослават, да остане од прадедо празникот и да не чува сите. Прво младите да се здрави и живи и да им даде Господ среќа, пари, работа, дечиња, кој не е женет, да се жени…
Изградбата на ул „Јордан Мијалков“ во Охрид ќе чека подобри времиња. Новопроектираната улица кај Бејбунар цели 4 години не е ставена во функција. Од локалната во неколку наврати имаше ветувања дека оваа улица е една од приоритетните во градот но истата никако да се најде во годишните програми на Секторот за комунални дејности сообраќај и улици. Последната информација од одделението за односи со јавност во врска со оваа улица беше дека таа ќе се изгради оваа есен како дел од опсежните градежни проекти на целата територија на општина Охрид. Зошто тоа не се случи причините ги открива градонача…
Децата од најмала возраст треба да се воспитуваат на правилно однесување. Културно поздравување, почитување на другарчињата и возрасните, однесување во кино, театар, на гости, подарување и позајмување, ова се само дел од содржините поместени во прирачникот за бон тон кој денес беше промовиран пред дечињата, родителите и воспитувачите во градинката Јасна Ристеска. Ели Маказлиева, авторката на едукативниот прирачник насловен Ѕвони Ѕвон за Бон Тон вели дека идејата потекнала од директорката на градинката Роза Костеска која воедно е и коавтор. “Бидејќи јас сум автор на многу прирачници и учебни…
Средбата се одржа на иницијатива на претседателот на Стопанска комора на Северна Македонија, Бранко Азески, кој воедно е и член на Меѓународниот советодавен одбор на Економскиот факултет во Љубљана, а присутна беше и Мелита Секуловска, регионален координатор за меѓународна едукација на Економски Факултет, Универзитет – Љубљана.
За почеток на соработката беше договорено да се превземат активности за реализација на заеднички проект помеѓу општината, Стопанската комора на Северна Македонија, Економски Факултет, Универзитет –Љубљана со можност за вклучување и на Стопанската комора од Словенија…
Охрид го празнува Денот на ослободувањето, 7- ми ноември. Седум децении градот живее во мир со стремеж кон просперитет и благосостојба, секогаш сеќавајќи се со должна почит кон оние кои ги положија своите животи за слободата. Свежо цвеќе беше положено пред спомен бистите на борците Мите Богоески, Петре Пирузе-Мајски, Андон Дуков, Спас Банџов, Јасна Ристеска и Споменикот на паднатите борци на градските гробишта Охрид. За минатото на вечно револуционерниот Охрид, во Спомен паркот на револуцијата историски час одржа професорот Григор Ангеличин. Тој ги потсети присутните за погибелта на 31 п…
Охриѓани за еден месец ќе го видат Златото на Лихнитида. Златната соба ќе биде отворена на 8 декември на Св. Климент, патронатот на градот. Припремите за отварање на поставката која ќе содржи 400 златни артефакти се во завршна фаза. Во моментов во печат е даден каталогот кој го работат археолозите Паско Кузман и Нада Почич Кузман, информира Тања Паскали Бунташеска. Во меѓувреме во Завод и Музеј ќе се вратат експонатите кои се отстапени на изложби дома и во странство.
Од јули златната маска, ракавицата и прстенот пронајдени во близина на Горна Порта се изложени во германскиот Државен музеј…