Kако резултат на успешната промоција на туристичката понуда на Охрид, што се одржа во ноември во Прага и воспоставените партнерства и соработка со значајни медиуми и личности од специјализирани списанија и магазини за туризам, во најновото издание на чешкиот “Travel trade Gazette” како и во шведскиот “Lysekilsposten“ и во црногорскиот “Кафе Монтенегро” објавени се репортажи за атрактивноста на Охрид како туристичка дестинација. “ Travel Trade Gazette“ е едно од најчитаното списание за туризам во Република Чешка, кое се издава повеке од 50 години, во кое во овој дел од Европа се промовиран…
Превентивната функција e новиот лик и новиот имиџ на полицијата во демократските општества и претставува врв на полициските приоритети. Во основата на превентивното работење лежи потребата од дијалог на полициските службеници и граѓаните, со цел лоцирање и идентификување на безбедносните проблеми во локалната заедница и изградба на заеднички ефикасен систем за заштита од криминало. Ова, меѓудругото го рече началникот на СВР Охрид Зоран Сарафилоски, на вчерашната работна средба по повод одбележувањето на 9 декември денот на превенцијата и денот на превентивното полициско работење. Во своето …
Оралното здравје кај децата се подобрува, но не на задоволнително ниво, покажале резултатите од неодамна спроведената акција на превентивни стоматолошки прегледи. Од 163 прегледани деца на возраст од 6 до 10 години само 2 проценти биле без кариозни запчиња. 70 % со 1 до 2 кариозни заби, а 20 посто со повеќе од 3 кариозни заби, информира д-р Емилија Стојаноска, стоматолог од приватната ординацијата д-р Баткоски. Со превентивните прегледи било констатирано дека 43 посто од прегледамите деца се со ортодонски аномалии. Кај децата е констирано и запоставување на малечните заби, нагласува д-р С…
Деновиве пристигна опремата со која технички се подготвува процесот на дигитализација низ подрачните одделенија на државниот архив низ земјава, вклучително и во подрачното одделение на оваа институција во Охрид.
Новите скенери, принтери, декстоп компјутери, лаптопи и останата опрема ќе бидат на располагање на вработените на Државниот архив во сите одделенија низ државата.
Пријатно е чувството да се добие награда, а возбудата и чувствата се неизмерни, вели годинешниот добитник на Св Климентовата награда патронот на градот за 2014 година, академскиот сликар Јордан Манасијески. Со своето специфично и препознатливо сликарство Манасијески успешно ја презентира Македонија и Охрид во големите светски центри на уметноста. Оваа награда многу ми значи затоа што се доделува на еден голем ден за сите нас, напоменува Манасијески.
„ Св. Климентовата награда ја чувствувам во моето срце. Чувствувам дека светецот, нашиот заштитник, е жив и секогаш е со нас и околу нас. …
Расте процентот на деформитети на рбетниот столб и на стапалата кај децата од предучилишна возраст. Причина за тоа најчесто е нивната слаба физичка активност и неправилно седење и одење , вели директорката на градинката „Јасна Ристеска“, Розе Костоска. После петтата година веќе може да се констатира доколку има деформитет кај некое дете, додава таа. Поради тоа од почетокот на наредната година во оваа предучилишна установа ќе спроведат систематски прегледи за рано откривање на деформитетите на мускулно- скелетниот систем.Се превземаат чекори зеадно со Центарот за јавно здравје и болницата С…
Гужва пред одделението на Управата за имотно правни работи Охрид. Рокот за поднесување барања за приватизација на земјиште во државна сопственост истекува на 15 декември 2014 година како што информираа од Министерството за финансии. Охриѓани информирани, но постапката им се видела комплицирана, бидејќи изминативе години по неколку пати тропнале на вратите од подрачното одделние на Управата за имотно правни работи. „Не доаѓам прв пат, за дворно место, доаѓам ме одбиваа па се тужев. Одамна имам подадено, носам тужби, жалби да се разберам што е работата никој ништо не јавува. Од Скопје доби…
Многу семејства Св. Георгиј го имаат како домашен светец и заштитник. Бидејќи празникот се паѓа во Божиќните пости, Св. Георгиј е посна слава.На иконата Св. Георгиј е претставен како војвода на коњ како со копје убива ламја која е под копитата на коњот. И според легендата Св. Георгиј ја убил ламјата што на народот му правела голема штета. Во позадина се гледа женски лик. Тое е царицата Александра. Св. Георгиј е роден во Кападокија, Мала Азија, од богати, но чесни и побожни родители. Уште од детството останал без татко и мајка му заедно со него се преселила во Палестина каде што била родена….