Профилираните квалитетни кадри кои што излегуваат од ФТУ како и од охридското средно угостителско училиште, во потрага по брза заработка за време на летната сезона, ги одминуваат охридските хотелско угостителски објекти. Најатрактивни за нив се работните позиции во туристичките места на крајбрежјето на Егејско и Јадранско Море. Голем дел од нив по завршеното стручно образование воопшто не планираат да работат во струката за која стекнале диплома. Недостатокот од кадар угостителите го надополнуваат со сезонски работници. Охридскиот угостител Љупчо Патче смета дека тоа е сосема погрешно. „В…
Противпожарна опрема од Швајцарија доби Охридската Територијална против пожарна единица. Станува збор за донација вредна околу 40 илјади евра, добиена преку посредство на Лазо Јованоски и неговиот зет Хуан Карлос Леон кој бил командир на Пожарната единица во Лутербах.Опремата многу ќе ја подобри работата и успешноста на нашите пожарникари, во справување со пожарите, изјави заменик командирот Горан Маркоски.„13 комбелезони за заштита од пожар, 32 пара интервентна униформа, 19 противпожарни пожари 56 работни комбелезони, 5 јакни за раководителите на смени 37 пара наркавици за заштита од пожа…
Водата кај плажите Андон Дуков и Женска плажа во Струга со алармантен степен на загаденост. Црвеното светло го уклучија последните испитувања кои ги спровеле екипите од Центарот за јавно здравје од Охрид кои покажале дека водата кај овие две плажи е од најниска можна, односно петта класа, опасна и по здравјето на луѓето. Д-р Лидија Симоноска, специјалист за хигиена и здравствена екологија при Центарот за јавно здравје од Охрид вели дека според Уредбата за класификација на води, за петта класа се смета водата која во себе содржи над 500 термотолерантни бактерии, односно бактерии како што е е…
Пропадна и вториот тендер за изградба на градски пазар. Иако локалната самоуправа по неуспешниот прв тендер со амин од градските советници ја повтори постапката за доделување договор за воспоставување јавно приватно партнерство за изградба на градски пазар со многу поприфатливи услови за инвеститорите и овај тендер пропадна. Очигледно никој не е заинтересиран да влезе во јавно приватно партнерство со општината. Се наметнува прашањето дали причина за тоа е финансиската состојба во која се наоѓа Општина Охрид или инвеститорите немат бенефит од изградбата на градскиот пазар. Веќе една недела б…
Рачно изработен накит од бисер и филигран, рачно изработени сувенири од дрво, вино од автохтона сорта на грозје, спакувана традиционална храна и рачно изработен бакар денеска можеа да се видат во холот на Факултетот за туризам и угостителство. Ова беше финалната презентација од проектот „Младите како носители на културата, традицијата и знаењето во општина Охрид“. Во градов има млади луѓе кои сакаат да се занимаваат со мали бизниси, но потребна им е подршка и мотив.Излагачите изјавија дека идејата е многу позитивна и дека треба да се практикуваат налви настани многу почесто.Подршка на овој …
Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“ полициската станица од Кичево поднесе пријава против А.Д.(38) од градот Дибер, Република Албанија. Него одредена му е мерка притвор во траење од 48 часа и спроведен во казнено-поправната установа во Тетово. Пријавениот на 11-ти овој месец од манастирот „Св.Богородица Пречиста“ во близина на Кичево извршил тешка кражба и однел односно против-правно присвоил три сребрени крста кои датираат од 1800 година, еден манастирски печат и едно резбано сребрено кофчеже со мошти од „Св. Параскева“-предмети што претставуваат култу…
Поради постоење основи на сомнение дека сторил казнено дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против 19-годишно лице од Охрид.– На 10-ти мај 2021 година, во 01:45 часот, полициски службеници ја затекнале пријавената по улицата „Партизанска“ во Охрид и констатирале дека не поседува соодветна дозвола за движење, со што не ја почитувал мерката за забрана за движење на населението од 23:00 до 05:00 часот заради спречување на ширење на коронавирусот COVID-19, информираат од СВР Охрид.
По деветти пат и годинава, приватното средно училите „Јахја Кемал“организира натпревар за стипендија за изучување англиски јазик. Натпреварот се организира за ученици од деветто оделение за сите училишта од регионот. Инаку досега за учество на годинешниот натпревар пријавени се 220 ученици.{loadposition content9}