Православните верници денес го слават најголемиот празник Христовото раѓање. Охриѓани од утрово масовно ги посетија верските храмови, запалија свеќи и со молитва посакаа мир и добросостојба за своите семејства и за најблиските. Отец Диме Азески посочува за големото значење на овој празник и порачува да го славиме Богомладенецот Христос, Отецот и светиот Дух со цврста вера, надеж и искрена љубов.
„Овој празник е најголема радост затоа што ни ја открива слободата и радоста која Бог ни ја дарил со своето раѓање. Примил човечки лик за да не ослободи од ропството, гревот и смртта и на …
Наскоро ќе почнат зафати за завршување на доградбата на општинската зграда. Ова го најавуваат од локалната самоуправа околу градежните планови со довршување на зградата во кој ќе биде сместена општинската администрација. Темелите на доградбата беа поставени пред две години, а градежните работи беа стопирани пред локалните избори во 2013. Од втората половина на овој месец се очекуваат градежни зафати за нејзино довршување. „ Надминати се оние наследени проблеми кои беа врзани со изградбата на општинската зграда. По распишаниот јавен повик одобрени се 4 компании кои ќе работат на изградб…
Голема украсна Бадникова пештера е поставена на градскиот плошатд која наликува на онаа во Витлеем каде што е роден спасителот Исус Христос. Таа е подрок за градот од Бигорскиот манастир а е дело на вредните монахињи од манастирот Св. Ѓорѓи Победоносец во Рајчица. Пештерата со димензии од 2,5 метри широчина и 3 метри височина е направена од различни природни материјали, уникатно украсена и збогатени со иконата на Рождеството Христово и со кандилце.
На украсната пештера и се восхитуваат охриѓани и туристите и претставува прекрасно надополнување на Божиќната празнична атмосфера во градот….
Три и пол годишната Теофанија беше дел од Бадниковата поворка составена од над 300 дечиња. Тие ја пееја Коледарската песна Вечниот бог , а во рацете носеа фенерчиња и звезди. Поворката со радосната песна го најавува Христовото раѓање и внесе светлост и радост низ охридските улици. Оваа Бадникова поворка се организира по втор пат, вели една од организаторите Летка Филипова.
„Ние како организатори сме среќни што успеваме околу 300 деца да ги организираме и да ги научиме да ја пеат вистинската, правилна христијанска песна, стара коледарска песна Вечниот Бог. Самиот Христос дојде како дете , …
Доаѓањето на Новата година, кај нас често предизвикува ентузијазам, возбуда и можност за нови одлуки, резолуции и промени. Календарската промена е најпогодна почва за симболични и идни јубилејсни победи и успешни потфати кои ќе си ги зацртаме во овие празнични денови. Д-р Јулијана Василевска- Специјалист по психијатрија – Општата болница во Охрид вели дека овие денови знаат да бидат вистински засилувачи на вољата особено во овие стресни времиња.„Добро е за луѓето што постојат овие празници и традиции кои не враќаат во минатото во детството што е една безбедна зона, кој што е познат период …
Со пригодна свеченост, Акцијашкиот клуб „Брег на младоста“ од Охрид, денеска ќе прослави 9 години од неговото формирање.
„На свеченоста, покрај членовите на АК „Брег на младоста“, ќе присуствуваат и градоначалниците на општините Охрид и Дебрца, д-р Константин Георгиевски и Зоран Ногачески како и нашиот голем поддржувач од Белград, Србија, г-динот Јошка Броз“, информираат од „Брег на младоста“.
Свеченото отворање е вечерва во 19:00 часот во новите простории на Акцијашкиот клуб „Брег на младоста“, на булевар „Туристичка“, во зградата на Градскиот пазар во Охрид.
Паркетари, водоинсталатери, тв механичари, изработувачи на сувенири и домашни ракотворби се дел од 34 -те ново регистрирани занаетчиски дејности во Регионалната комора во изминатата година. Ова е рекорден број споредено со изминатите 6-7 години, вели претседателот на Регинаолната комора Сашо Богоески. За зголемување на бројот на ново пријавени занаетчии претседателот наведува бројните бенефиции кои занаетчите ги имаат почнувајќи од износите за сметководствени услуги или плаќање на ѓубре. Покрај ова Богоески ги додава и неколку клучни проекти, како што е на UNDP за поддршка на самовра…
Водоводната инсталација и водомерните броила не ги издржаа ниските температури. Денес, во нашата редакција, голем број граѓани се пожалија дека им пукнале водоводните броила и пукнати цевки во домовите. Граѓаните велат дека се обиделе да побараат помош од надлежните во МЈП Проаква, но никој не им одговарал на повиците. По многу обиди во сите служби на јавното претпријатие, дознавме дека истите нема да работат дури до четврток, но дека има дежурна екипа која би требало да одговара на повиците и да работи на отстранување на дефекти.
Од јавното претријатие, редовно пред секое предупредување за…