Јан 13, 2015

Доделени наградите за најубаво украсен новогодишен двор во Охрид

Славка Маркулеска и нејзиниот син Михаил се добитници на првата награда за најубаво украсен новогодишен двор. Втората награда им припадна на Иванка и Бруно Гигер, а третата награда  ја доби Аце Ѓурчиноски. Маркулеска кажа дека новогодишните креации се резулатат на креативноста на целото семејство, а поголемиот дел од реквизитите ги изработила сама од природни материјали.  „Вметнавме поголемо осветлување , ставивме и едно буре кое ќе симболизира новогодишно прославување,“, кажа Маркулеска.   Семејството Гигер, Иванка и Бруно, се добитницци на втората награда и на декорирањето работеле 12 ден…

Јун 9, 2021

РЦСОО „Ванчо Питошески“- Охрид подготвен за новата генерација ученици

РЦСОО „Ванчо Питошески“-Охрид ги отвора вратите за упис на  254 ученици во 8 паралелки во прва година од Угостителско-туристичка струка . Од три- годишните профили понудени се келнер и готвач со комбиниран профил слаткар, додека од четири годишните профили угостителски техничар, техничар за настани и анимации , техничар за рурален туризам и хотелско- туристички техничар.  „ Новина од оваа година е  што учениците кои ќе се запишат во три- годишните профили келнер, слаткар односно  готвач ќе добиваат по 3500 денари месечна стипендија што значи еден мотив повеќе учениците да се запишат во дуа…

Јан 13, 2015

Општина Охрид: СДСМ никогаш нема да се грижи за доброто на Охрид

СДСМ – Охрид  со   денешното соопштение испратено до медиумите, покажа дека  тие се партија која може да ја менува својата форма но не  и содржината ако се земе во предвид фактот  дека  со  намерата да ги оцрнат  работните надлежности на Секретарот на општина Охрид,  покажаа и докажаа дека тие никогаш нема да се грижат за доброто на Охрид  и охриѓани.  Како и секогаш почитуваните од СДСМ- Охрид, бледо ќе гледаат во  суштинските општествени проблеми  а нивната функција нема да им дозволува да направат ни еден чекор  за подобар Охрид.  Со вообичаено плитки  или непроверени познавања од  одред…

Јан 13, 2015

Во ТВМ паричката ја пронајде Валентина Неловска

Во Телевизија ТВМ не размислувавме многу околу познатата дилема, дали да вртиме лепче со паричка на Бадник или на Стара Нова година. Денес ги смогнавме сите расположливи кадровски сили, па свртевме убав колбурек со скриена паричка и ја испочитувавме оваа интересна традиција. Најсреќна, помеѓу вработените беше колешката Валентина Неловска, која го пронајде паричето, а кое веруваме дека ќе и донесе среќа и бериќет, неа и на нејзиното семејство во оваа, 2015та година. Останатите, уживавме во вкусниот бурек. {loadposition content9}

Јан 13, 2015

Нормални услови, а не луксуз бараат штитениците на дневниот центар за лица со посебни потреби „Добротољубие“

Ова се просториите во кои веќе девет години се згрижени штитениците од дневниот центар за лица со посебни потреби  „Добротољубие“. Мебелот, покуќнината, ѕидовите, санитаријата, времето ги излитило и нагризило, и по девет години постојана употреба, најголемиот број од елементите ја изгубиле својата функционалност или се во лоша состојба. И покрај тоа, 12те штитеници секојдневно седат на истите неудобни столчиња, ручаат на истите маси, и се занимаваат гледајќи телевизија на нешто што одвај личи на колор телевизор. Од здружението велат дека не бараат никаков луксуз, туку само нормални услови з…

Јан 13, 2015

ОО СДСМ Охрид: Нa Мауцкер му се случува еколошко злосторство

Почитувани граѓани, Секретарот на општина Охрид, Димитар Спасески информираше за расчистување на градежен шут и отпад од локалитетот Мауцкер иако тој нема никаква надлежност. Според актите на општината, секретарот е одговорен исклучиво за работата на општинската администрација и не може да ја превземе надлежноста на јавните претпријатија.Најверојатно затоа Спасески покажа елементарни непознавања за проблемите со отпадот на локалитетот Мауцкер.На Мауцкер безмалку 2 години му случува еколошко злосторство. И наместо некој да сноси одговорност за тоа, главните протагонисти застанаа пред камерит…

Јан 12, 2015

Се чисти депонијата на Мауцкер

Се чисти депонијата на Мауцкер. Екипи на Јавното претпријатие „Комуналец“ започнаа со интензивно чистење на градежниот шут и на останатиот отпад кој години наназад нелегално се депонирал таму. Секретарот на општината, Димитар Спасески вели дека иако ова место било одредено само за времено депонирање на градежен шут тоа било злоупотребено и од некогашните раководства на ЈП „Комуналец“ и од граѓаните.Многубројните раководства особено во ЈП „Комуналец“ под превезот на „Чист Охрид“, за да си прават помали т-ци за депонирање на отпадот превземале недозволени активности  и на ова место го депонир…

Јан 12, 2015

Лебедите на Охридското езеро без конкретна законска заштита

Лебед  со скршено крило плива во Охридското  езеро. Пред два дена до НВО „Анималија“  пристигнала дојава од граѓани дека е забележан лебед со скршено крило. За повредениот лебед  знаеме  околу два месеци, информира  Димитар Ставрески од  Анималија  Здружение за заштита на животните.  Се обиделе да исконтактираат некои институции за да се вклучат во санирање на повредата, но не можеле да најдат кој е одговорен, објаснува  Ставрески. Слично искуство имале и пред неколку години. И тогаш и овој пат наишле на  оградувања на надлежностите од институциите, појаснува Ставрески. Додава дека последно…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top