Речиси две години, вработена во општина Охрид, работи како правник во Секторот за Урбанизам иако нема завршен Правен факултет. Ангажирана со договор во локалната самоуправа, како партиски кадар од ВМРО-ДПМНЕ, вработената извршувала правни работи, иако не била дипломиран правник, што е спротивно на законите. Замислете, две години никој не се сетил да и‘ побара диплома за завршен Правен факултет и да провери дали е квалификувана за доделеното работно место. За скандалот да биде уште поголем, споменатата вработена ги потпишувала урбанистичките решенија во Одделението за спроведување на урбанис…
Охрид како туристички центар воопшто не е скап. Наспроти тврдењата и поплаките на граѓаните по социјалните медиуми, Независната угостителска комора, смета дека цените на хотелските и угостителските услуги на брегот на Охридското езеро се на нивото на услугата. Градот поседува уникатни културни и природни вредности и не смее да се споредува со приморските туристички места кои имаат многу поголеми капацитети и можност да нудат поевтини туристички аранжмани.Според НУК цените во Охрид треба да растат.„Сметам дека цените во Охрид би требало со тек на време да растат, меѓутоа паралелно со цени…
Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 4 февруари 2015 година (среда), во манастирот „Свети Климент и Пантелејмон“, Плаошник, Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот на „Свети апостол Тимотеј“, со почеток во 9.00 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.По тој повод Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник. {loadposition content9}
Почитувани родители, ученици, колеги и сограѓани !!!Зарем дојде моментот кога значењето на зборот ДАСКАЛ треба да се бара во речник ?! Тоа е човекот кој со своето знаење креира личности – идниот столб на општеството. Во успехот на возрасните лежи и дел од тие што ги воспитувале, образовале. За потсетување, учителот отсекогаш важел за важен човек, почитуван, мудар кој ги учел своите ученици на доблести, морални вредности. Градел од нив луѓе кои ќе станат стожер на општеството. Никакви пари не можат да го заменат задоволството од тоа кога во луѓе што се лидери, научници, бизнисмени … не сам…
Студенчишкото Блато-природна заштита од поплави и други природни непогоди. Покрај неговата уникатност со бројните примероци од флора и фауна голем дел од кои се и ендемски видови, како и неговата функција на филтрирање на езерото, Студенчишкото Блато воедно помага и во одбрана на градот и езерото од поплави, кои деновиве се и тоа како актуелни.
Денес на светскиот ден на мочуришните предели, Дејан Пановски од Билатералниот секретаријат потсети на значењето на овој значаен еко-систем.„Студенчишкото Блато покрај тоа што е живеалиште на поголем број примероци, некои ендемски на флора и фауна, и…
Тажна слика на плоштадот „Крушевска република“. Пред наши очи пропаѓа единственотно столетно дрво со кое се гордееше градов и охриѓани, а многу туристи токму тука ги овековечуваа миговите поминати при посетата на Охрид. Охридскиот чинар настрада под налетот на невремето што го зафати градов. Уште една гранка се скрши. Од надлежните сеуште молк. Никој ништо не превзема.Граѓаните разочарани од игнорантскиот однос на надлежните кои воопшто не водат сметка за овој споменик на природата.Твм во повеќе наврати пишуваше за овој проблем барајќи кој е надлежен за решавање на проблемот. Од Локалната, …
Постепено нормализирање на ситуацијата во домовите и дворовите на граѓаните кои во текот на вчерашниот ден беа поплавени поради обилните врнежи. Градоначалникот Никола Бакрачески, заедно со секретарот на општината Димитар Спасески и стручни служби, вчера и денес претпладне ги посетија најпогодените населби Даљан и Воска. Најкритична ситуацијата на улиците „Дејан Војвода“, „Ариф Мустафа“ и „Сатеска“.„Градоначалникот Бакрачески им наложи на стручните служби да обезбедат поголем број на пумпи со кои ќе се одведува водата од поплавените простори, дворови или домови на граѓаните кои се најзагроз…
Половина од професорите од охридската гимназија денес не ги одржаа часовите. Тие ја поддржаа одлуката на СОНК за штрајк во образованието, вели Ристо Николески, член на штрајкувачкиот одбор на синдикалната организација при гимназијата „Св.Климент Охридски“. Професорот Николески објаснува дека наспроти гласините дека штрајкот не е најавен, тој вели дека е легитимен бидејќи тие ја испочитувале законската процедура за негово пријавување со носење на одлука на одборот за стапување во штрајк. Додава дека одлуката во петокот, пред назначувањето на новиот директор Звонко Трпески била доставена и п…