Фев 5, 2015

Да помогнеме!

Општинската организација на Црвениот крст од Охрид се приклучува на апелот за помош на населението во поплавените подрачја во Источна Македонија. Моментално потребна е помош во флаширана вода и средства за хигиена, кои можете да ги доставите во магацинските простории на Црвениот крст од Охрид. Својата донација претходно треба да ја најавите на телефонскиот број 046 261 909 или на  телефонскиот број 070 315-309.Заинтересираните правни субјекти и граѓани дополнително можат да се вклучат и со обезбедување на парична помош: -Жиросметка на Фонд на солидарност 300000001327966 ДБ 4030984271620 – К…

Фев 4, 2015

Нема фискална со Џи Пи Ер Ес уред, нема дрва

Граѓаните се жалат дека не можат да си набават дрва од ЈП „Галичица“-охридската подружница на Македонски шуми. Дрва во стовариштето има, но вработените не продаваат бидејќи не можат да ги наплатат. На оние кои се интересирале за купување дрва им било кажувано дека подружницата нема набавено нов фискален апарат со Џи Пи Ер Ес уред. Охриѓани кажуваат дека од подружницата им велеле да си ги нарачаат дрвата, да остават податоци и адреса на живеење а дрвата ќе им ги испорачале кога ќе можат да им ги наплатат.  Директорот на подружницата Зоран Најданоски потврдува дека сеуште немаат воведено фиск…

Фев 4, 2015

Штрајкот во образованието прекинат

Сонк го прекина шатрајкот во образованието.  Претставници на Сонк и Мон седнаа на маса и постигнаа договор.  Во начело се одложени  казните и наградите на наставниците врз основа на екстерното тестирање сè додека не се постигне договор, ќе се продолжат преговорите за висината на платите, има најави од септември да се поедностави  Е-дневник, а поголеми плати за вработените во градинките ќе има врз основа на колективниот договор. Од Сонк се задоволни од договореното.  Но, со  ставот на Сонк  не се согласуваат членовите на регионалниот синдикален одбор  од струшко-дебарскиот регион. Дел од ни…

Фев 4, 2015

Охрид води успешна социјална политика

Општина Охрид води успешна социјална политика. Како резултат на тоа градот е еден од водечките во земјава на тоа поле, односно посветено работи на грижата за своите сограѓани кои припаѓаат на социјално ранливата категорија. Ова на денешната прес конференција го истакна првиот човек на градот Никола Бакрачески.„Тоа претставува уште една потврда на реализираните ветувања во поглед на нашите заложби да ги подобриме условите за живот на социјално ранливите категории на охриѓани и да го олесниме нивното живеење. И покрај наследената тешка финансиска состојба за нив општина Охрид за период од неп…

Фев 4, 2015

„Лице в лице“

  Ѓорѓиоски Љупчо веќе една година е колпортер и го продава уличното списание „Лице в лице“. Во него се третираат општествено-одговорни теми од повеќе области на живеењето, а го продаваат маргинализирани групи и поединци.  Љупчо  е лице со  делумна интелектуална попреченост кој живее со  1200 ден. социјална помош, а со продажба на списанието колку толку обезбедува за да си купи барем леб. Од секој продаден број кој чини 100 денари, половина од сумата е наменета директно за продавачот, а останатата половина се вложува половина за печатење и за активности кои го подобруваат животот на маргина…

Фев 4, 2015

Се одрона потпорниот ѕид над црквата Света Богородица Пандoнос

Се срушија камени блокови во должина од 7 метра од потрпониот ѕид над црквата Св Богородица Панданос. Попушти камениот ѕид  долг 10 м чиј дел не е ѕидан со бетон туку е граден со камен врз камен.  Одронот од големи блокови камен за среќа не ја уништи малата малска црквичка, велат жителите. Сега стравуваат да не почне да се лизга и пропадне и улицата  Кузман Капидан. Жителите од месната заедница Стар град утрово реагирале до Фодот за комунален развој за да го санираат руинираниот ѕид. Љупчо Танески, раководител на Фондот за комунален развој, информира  дека утрово веднаш  испратиле работници…

Јун 11, 2021

Петок е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед

Од Министерството за труд и социјална политика (МТСП) соопштуваат дека согласно со Законот за празниците на РM („Службен весник на РМ“, бр.21/98 и 18/07), петок, 18-ти јуни, ден пред празникот Духовден е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Република Македонија. Министерството за труд и социјална политика на граѓаните од православна вероисповед им го честита празникот.

Фев 3, 2015

Професорите од охридската гимназија нема да протестираат не добија поддршка од Сонк

Професорите од охридската гимназија утре нема да штрајкуваат пред Локалната самоуправа. На денешниот состанок со  Регионалниот одбор на СОНК професорите, кои од вчера се во штрајк, останаа без согласност за радикализација на штрајкот, вели членот на синдикалната организација при ОСУ Св „Климент Охридски“, Ристо Николески.„ Не дадоа подршка тоа  според мене е жално. Сметавме  дека имаме поддршка. Осудени бевме дека сме малку да ја претставуваме гимназијата. Одредени колеги, членови и претседатели на синдикатите при училиштата ни дадоа поддршка. Пред да заврши седницата ние ја напуштивме по з…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top