Од Дебарско-Кичевската епархија упатуваат апел до сите верници кои ќе присуствуваат на богослужбата и кои ќе го посетат манастирот деновиве, да ги почитуваат мерките за заштита од коронавирусот.
Меѓу охридските чудотворци, свети Климент и свети Наум, почесно место му припаѓа на свети Еразмо. Свети Еразмо бил роден во Антиохија (Сирија). Точно кога бил роден не се знае, но живеел во времето на најсуровите противници на христијанството – царевите Диоклецијан (284-305) и Максимијан (286-305) т.е. пред официјалното признавање на христијанството од цар Константин (312).
Како архиереј патувал…
51 годишен охриѓанец и нанесол тешки телесни повреди на својата ќерка во семејниот дом во Охрид. Жртвата, по нападот, била згрижена во специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св.Еразмо“. Полицијата која констатирала алкохолизираност кај напаѓачот истиот го привела и лишила од слобода. Воедно против него била поднесена кривична пријава за нанесување на тешка телесна повреда, а му била одредена и мерка притвор во траење од осум дена.
Свежи се сеќавањата на охриѓани на случајот со семејно насилство кој беше регистриран само 15тина дена порано, по што од СВР-Охрид беше поднесен и п…
Воведувањето на двете градски линии полн погодок. Иако голем дел од граѓаните беа скептични дека ќе профункционираат бидејќи претходно имаше неколку неуспешни обиди за да се воспостават, времето покажа дека навистина се голем бенефит особено за жителите од населбите кои се наоѓаат на периферијата од градов. Голем дел од нив четири месеци од кога сообраќа градскиот превоз речиси секојдневно се возат со него.Едната линија започнува од населбата „Гоце Делчев“ – бараки, населба Видобишта – Стобекс преку 7 ми ноември се вози до пресекот на бул. „Туристичка“ и „Македонски Просветители“ до зградат…
Без покрив на глава остана Неџат Рамадан самохран татко на две деца со пречки во развојот, 19 годишниот Омер и 20 годишната Рената. Поради обилните врнежи од снег и дожд неговата стара куќа на почетокот од февруари се сруши и од неа не остана ништо. Среќа во несреќа е што Рамадан имал претчуство дека куќата ќе се урне и се сместил кај соседот кој му отстапил дел од својата куќа, без да палќа кирија, само давачките за струја, вода и комунално. „Ние куќата ја напуштивме денски и од невремето од дождот и снегот на први, втори во 5 часот изутрина куќата целосно беше рушена. Ние ако бевме дома …
Две сериозни компании се интересирале да го реконструираат руинираното пристаниште пред хотел Палас, и да стопанисуваат со угостителски објект кој би се изградил на тој простор, тврдат од Локалната самоуправа. Од таму не откриваат детали за заинтересираните бизнисмени. Минатата година општината распиша конкурс за идејно решение за уредување на овој простор за да се спречи понатамошното негово пропаѓање кое трае со години наназад. „Има најави од 2 компании кои би прифатиле веднаш да стопанисуваат, да работата со тој објект на пристаништето. Со идејното решение треба да се обезбеди макси…
Само неколку седмици по објавениот оглас за прием на 10 нови државни службеници во општинската администрација, градските власти во Охрид повторно полнат со партиски кадри на товар на општинскиот буџет. Овој пат во ЈП Охридски комуналец, за каде што е објавен оглас за прием на 38 нови работници кои би биле работно ангажирани во рок од 45 дена.Зошто и понатаму се вработуваат луѓе во општинските служби и јавни претпријатија, кога градските власти од ВМРО-ДПМНЕ веќе две години се жалат на превработеност во општинските институции?Во периодот од 4-ти до 9-ти февруари 2015 година, во само 6 дена, …
ебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 15 фебруари 2015 година (недела), во црквата „Света Богородица“, – Каменско – Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Сретение Господово“, со почеток во 9.00 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високо-преосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.На светата литургија ќе има и ракопололагање во ѓаконски чин.По тој повод Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник. {loadposition content9}
Славниот Салвадор Дали на изложбата на Вангел Наумовски во Галеријата „Мона Лиза“ во Париз во 1970 година ќе рече :
„Ова е сликар од бајките. Тој е наивен сликар, но Медитеранот оставил силен печат на него. Мошне е префинет и суптилен. Ова е комплетна изложба. Неговото сликарство е блиско до моето. Мене не ме интересираат обичните наивни сликари. Кај Наумовски има елементи кои може да бидат дури и научни. Исто така интересна е и биолошката страна на неговото сликарство“.
Вангел Наумовски, според енциклопедиските податоци е роден во охридското село Скребатно во 1922 година. Се запишува …