Мар 7, 2015

Среќни туристки од Црна Гора го добија најубавиот подарок за 8ми Март

Охридски бисер за Денот на жената 8ми Март. Продолжува интересната традиција пронајди го скриениот бисер во Заливот на коските, организирана од познатиот изработувач на охридски бисер, Михајло Филев и туристичкиот водич, Љупчо Јузмески. Две туристки од Црна Гора денес го добија најубавиот подарок за 8ми Март, оригинален охридски бисер. Лилјана Јовановиќ е среќниот пронаоѓач на бисерот во потрагата.„Имав среќа да го најдам овој бисер кој ни го подари фамилијата Филеви. Прв пат сме во Охрид и многу ни се допаѓа, преубаво е, баш е убаво.“-вели Лилјана Јовановиќ-турист.За својот роденден пак, и…

Мар 7, 2015

Добро вино и храна, најдобра реклама за Охрид

Се вели дека виното е пијалок на боговите, храна за телото и душата преточено во чаша. И покрај тоа што ние сме винска држава, винската култура кај нас сеуште е на ниско ниво, смета Ангела Крстаноска од ФТУ Охрид. Најновите истражувања што ги спровеле студентите од факултетот покажале дека во охридските угостителските објекти постојат т.н. вински карти кои не се професионално сработени. Па оттука Крстаноска смета дека охридските ресторани мора да ја подигнат винската култура и мора да имаат богата  понуда, почнувајќи од локалните, автохтони до светски познати вина. Во таа насока нејзините р…

Мар 7, 2015

Охрид освојува нови туристички пазари

  Охрид е на добар пат за освојување на нови туристички пазари. Првиот човек на општина Охрид Никола Бакрачески за годинава најави големи презентации на туристичката понуда на Охрид пред професионалната јавност, односно тур операторите, патничките агенции и новинари кои се занимаваат со туризам. Тој кажа дека после саемот во Белград, до стартот на летната туристичка сезона Охрид ќе биде претставен во Сараево, Љубљана, Осло, Брисел Тел Авив и Москава, со што ќе покаже дека Локалната самоуправа посветено работи на промоција на културното и историското наследство на градот надвор од земјава.„Н…

Јун 16, 2021

Денеска се затвора јавниот повик за ваучери за домашен туризам

Јавниот повик, како што стои во соопштението, беше објавен на 8 јуни и со краен рок за аплицирање 30 јуни. За една недела од објавување на јавниот повик во архивата на Министерството за економија се пристигнати над 2.600 апликации. Оваа мерка е во рамки на Програмата за домашен туризам за работници со ниски приходи 2021 и предвидува издавање на потврди-ваучери за туризам во вредност од 12.000 денари за лица со ниски примања за да ги користат во категоризираните угостителските објекти за сместување (хотели) лоцирани во туристичките центри во Република Северна Македонија кои претходно се п…

Мар 6, 2015

Пензионерките го одбележаа денот на жената

Традиционално и годинава ЗП на Охрид и Дебрца со низа активности пригодно го одбележаа Денот на жената. Во два дела, свечен и хуманитарен, охридските пензионери секогаш се добар пример како треба да се негуваат значајните празници, посебно кога станува збор за денот на жената 8 ми Март. Во името на општина Охрд се обрати заменик градоначалникот на општина, Ангел Јанев. „Јас ја поздравувам оваа нивна иницијатива тие секоја година не забораваат на понежниот пол, на повозрасната генерација, испраќаат една прекрасна порака, кон која и ние се надоврзуваме а тоа е пораката за успех, за долги годи…

Мар 6, 2015

Нова туристичка понуда во градов

Охридските рекреативни риболовци се подготвуваат за  риболов со кајак по Јадранскиот слив. Оваа авантура ќе започне од Охридското Езеро, преку Црн Дрим, Дебарското Езеро, Албанија, езерото Фрејза, па се до реката Бојана. Првата пробна тура ќе се организира кон крајот на април а во месец мај планирано е да се направи промотивна тура. Оваа идеја на спорското риболовно друштво „Свети Апостол Петар“ привлече огромен интерес не само кај домашните туку и кај странските риболовци. Радован Димитриески-претседателот на ова риболовно друштво вели дека во проектот ќе влезат четири држави и тоа Македон…

Мар 6, 2015

Охриѓани добиваат можност да си обезбедат кров над глава по намалени цени

Охриѓани добиваат можност да си обезбедат кров над глава по намалени цени. На денешниот отворен ден на акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор, директорот Цветко Грозданов истакна дека тие како акционерско друштво ги намалуваат цените, па граѓаните за 599 евра за метар квадратен можат да дојдат до сопствен стан изграден од државата. За комерцијални цели, имаат на располагање 40 станови кои се наоѓаат во населбата Расадник. Намалувањето на цената за метар квадратен, според Грозданов е со цел да се намали негативното влијание на хиперпродукцијата на стан…

Мар 6, 2015

Апел: Помогнете и на нашата сограѓанка Билјана Јанеска да ја добие најважната битка

Храброста не е во победите, храброста е во силата да се стане после секој пораз и да се продолжи борбата. Тоа го знае нашата сограѓанка, самохрана мајка на две малолетни деца, Билјана Јанеска. Насмевката на нејзиното лице уште при првото ракување, ви дава до знаење дека во неа има храброст, истрајност, и желба за живот. А нејзиниот живот е  една непрекината низа на борби и предизвици. Последната и е најтешка, борбата за својот сопствен живот. Малигниот меланом кој и бил дијагностициран пред шест месеци и го задава најтешкиот удар. За да победи Билјана, потребни и се парични средства со кои …
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top