Добро вино и храна, најдобра реклама за Охрид

Охридските ресторани треба да ја подигнат винската култура на повисоко ниво, сметаат експертите за оваа проблематика. Проф. Др Ангела Крстаноска од ФТУ, забележува дека треба да има револуционерна промена и на ресторанските менија.

 |  Николоска Биљана  | 
vino
вино

angelaСе вели дека виното е пијалок на боговите, храна за телото и душата преточено во чаша. И покрај тоа што ние сме винска држава, винската култура кај нас сеуште е на ниско ниво, смета Ангела Крстаноска од ФТУ Охрид. Најновите истражувања што ги спровеле студентите од факултетот покажале дека во охридските угостителските објекти постојат т.н. вински карти кои не се професионално сработени. Па оттука Крстаноска смета дека охридските ресторани мора да ја подигнат винската култура и мора да имаат богата  понуда, почнувајќи од локалните, автохтони до светски познати вина. Во таа насока нејзините размислувања се дека мора да има едукација на келнерите кои пак на клиентите со одредено јадење ќе им го понудат вистинското вино.

„Тоа се добро едуцирани кадри кои што во секој случај треба како прво психолошки да го изанализираат клиентот со кој што располагаат дали тој добро го знае виното, дали ја знае терминологијата, дали знае какви видови или се работи за човек кој што едноставно не знае многу за виното па може да му наметне свое вино кое што би сакал тој да го проба“ – вели Крстаноска.

vinoСпоред Крстаноска во винската карта треба да се наведат основните карактеристики на виното, типот, сортата, годината на берба и историјата. Крстаноска исто така смета дека треба да се направат револуционерни промени и во угостителските менија. Предлага  замена  на старите стереотипни менија со нови листи полни со информации, во кои е потребно покрај храната да се внесат и состојките кои таа ги содржи и начинот на кој е приготвена. Во посебни менија треба да биде сортирана храната што ја нуди ресторанот  наменета за вегетаријанци, дијабетичари, спортисти и деца.

„Треба да се направи промена на сите менија во рестораните значи, современо мени  не дефтер од 200 страни кои ги има и ги нема. Не може секоја кујна да располага со сите тие продукти кои ги има во менито. Значи да се скрати менито на околу дваесетина јадења и според нив да се направи избор на вина во винската карта. Јас не велам дека традиционалната кујна треба да се исфрли, туку  врз база на традиционалната кујна да се направи една нова современа регионална кујна која што ќе им ја понудиме на гостите и нормално ќе ги користиме локалните производи кои што се тука произведени“ – нагласува Крстаноска.  
 
Храната и виното треба да бидат најдобрата реклама за Охрид и воопшто за нашата држава, вели Крстаноска. Според неа само со префинета презентација и послужување на храната, подготвена со македонски производи, туристите ќе понесат незаборавно искуство од градот, кое понатаму ќе го споделат со своите пријатели.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top