Автомобили кои ќе комуницираат помеѓу себе преку ултра-стабилен безжичен интернет и масовна комуникација со сензори преку Интернет. Ова е иднината на Интернетот каква што ја замислува Петар Поповски, професор на Универзитетот во Алборг, Данска на одделот за електронски системи. Поповски кој е родум од Охрид, повеќе од 15 години работи на полето на телекомукациските системи, а неговата истражувачка работа штотуку доби високо признание со добивањето на средства од Европскиот совет за истражување (ERC – European Research Council) во форма на грант за консолидатори од програмата за истражување…
Изградба на нови хотели, но и реконструкција, доградба и надградба на постоечките хотелски капацитети на потегот од населбата „Св. Стефан“ до хотелот „Метропол“. Ова е предвидено со новодонесениот детален урбанистички план за овој потег, односно вон-населено место.
Бранко Арнаудов, од Секторот за урбанизам при локалната самоуправа појаснува дека во сите детални урбанистички планови кои се вон-населено место, единствена намена на земјиштето може да биде само изградба на хотелски комплекси, мотели, старечки домови или викенд куќи.„На потегот од „Св.Стефан“ отприлика до кај тунелот, источно од…
Огромна дупка на патот од Крушје накај Ресен му го оштети возилото на нашиот сограѓанин Златко Ангелески. Синоќа околу 18 часот тој сакајќи да избегне голема дупка налетал на друга која му го уништила предното тркало од неговиот автомобил и бил спречен да го продолжи своето патување. Ангелески раскажува дека често го минувал тој патен правец и дупките му биле добро познати па затоа таму возел претпазливо и со прилагодена брзина со условите на патот.„На патот имаше огромни дупки некаде беа дијаметар од 1 метар и 30 со метар и 80 должина и 13-15 см длабочина кои ги измерија овластените лица…
Охридското Водно, населбата Чекоштина ќе добие нов лик. Како што изјави Бранко Арнаудов од Секторот за урбанизам при општина Охрид, планот за Чекоштина бил донесен некаде во 80 сетите години кој бил изработен по старите прописи. Додава дека согласно Законот за просторно планирање должни биле во рок од 4 години сите претходно донесени планови да се усогласат со новиот закон а во тоа влегува и планот за Чекоштина.„Таму е предвидено домување во семјени куќи, во станбени згради една локација за црква и таму ќе се реновира и изгради, предвиден е и еден дел зеленило покрај автопатот новиот што се…
Беа формирани три младински клубови во градовите Штип, Охрид и Гостивар, каде членуваа средношколци од стручни училишта кои беа менторирани и подучувани за претприемништвото од македонски експерти во различни категории. Идејата на младите Карали и Спасеноски претставува иновативна автоперална која преку мобилна апликација овозможува да се направи нарачка за чистење на автомобил, кој вработените ќе го преземат и ќе го вратат назад. Велат дека идејата им дошла спонтано и дека навистина им е потребна поддршка на младите за реализирање на нивните идеи.
„Ова е голем поттик и мотивација за мене…
Агенциите за недвижности се соочуваат со редици проблеми. Како што вели Александар Трајкоски, од ЕНХЕЛЕЈА овие проблеми се провлекуваат 20 години нананзад. Еден доста горлив проблем е што голем процент на недвижности во Охрид се продаваат приватно, односно на интернет сајтовите, како што појаснува Трајкски.„Има ситуација се продава куќа во центарот во стариот дел од градот. Таа куќа тогаш немало урбанистички, со некое авионско снимање влегла само под објект, така било и сега таа има имотен лист, меѓутоа катот не е легализиран или е надвор од габаритот или има некој проблем, вие имате лист…
Дали пешаците кои чекорат по улицата „Коста Абраш“ покрај самиот кеј на езерото во престојнава летна туристичка сезона ќе бидат побезбедни? Години наназад, граѓани кои гравитираат на овој потег реагираа дека наместо да чекорат по тротоарите кои се за нив наменети, тие се приморани да одат по коловоз, бидејќи на тротоарите се поставени маси, столици и друга урбана опрема. Од Секторот за урбанизам денес велат дека со годинешната програма за поставување на урбана опрема оваа ситуација веќе нема да ја има. „Во програмата што е донесена за 2015та на тој простор нема маси и столици по тротоарот. …
Не помина иницијативата и барањето на опозициските советници на денешната седница на советот да има поопширна дебата за урбанизацијата на Студенчишкото Блато. На седницата не присуствуваа ниту Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, ниту претставници од Завод и Музеј од Охрид, Хидробиолошкиот Завод или пак еколошки друштва кои опозицијата пред неколку дена бараше да бидат поканети и да земат учество на денешната седница.„Она за што Бакрачески и ДПМНЕ тврдеа дека нема да го прифатат во нивната програма денес сме сведоци дека не само што оваа локална самоуправа и градоначалникот нем…