И покрај перманентните сообраќајни контроли од страна на полициската станица за безбедност во патниот сообраќај кои континуирано се одвиваат во населени и ненаселени места од почетокот на годинава, споредбено со минатата година забележан е пораст на сообраќајни незгоди на подрачјето на СВР Охрид.
„Од почетоков на годинава до денеска на подрачјето на Охрид случени се 115 сообраќајни незгоди, половината од нив се случени во населени места, споредбено со минатата година, во истиот период имавме 109 сообраќајни незгоди. Оваа година имаме три загинати лица во сообраќајните незгоди од кои што …
Преку проектот ,,Иднината на мекатроника“ група од 9 ученици од ЕМУЦ „Св Наум Охридски“ под менторство на Проф. Љубица Смилевска Мојсовска добија можност да заминат на пракса во турскиот град Измир. Покрај главната цел, обука по мехатроника, учениците ќе имаат можност да го промовираат Охрид и нашата земја вели директорот Јане Цаноски.„Се работи за проект кој вклучува 14 дневна стручна обука на наши ученици во партнер училиште во измир Турција. Во рамките на овој проект учениците ќе имаат можност да се стекнат со нови знаења, нови вештини и компетенции од областа на мехатрониката, секако ќе…
Охриѓани денес имаа можност да се информираат за активните мерки за вработување. Во подрачната единица на Агенцијата за вработување се одржа отворена средба помеѓу граѓаните и директорот на Агенцијата за вработување, Влатко Поповски. Таа е дел од отворените денови кои ги спроведува Агенцијата со цел да се утврди дали се применува оперативниот план за активни мерки и програми за вработување согласно насоките коишто ги дава. Директорот на Агенцијата рече дека сака да ги сослуша невработените лица, со какви проблеми се соочуваат при имплементацијата на мерките. Присутните на средбата од свое …
Сега починатиот во критичниот момент се обидувал да ја премине улицата на необележан пешачки премин. Притоа, во него удрило патничко моторно возило марка „Пасат“ со охридски регистарски таблици кое од селото Лескоец се движело кон Охрид. За кратко време на местото на тешката сообраќајна незгода пристигнало возило на брза помош при што од медицинските лица била констатирана смрт. На лице место извршен е увид во присуство на јавен обвинител како и полициски екипи од СВР Охрид. По наредба на јавниот обвинител, во текот на денов врз телото на сега починатиот ќе биде извршена обдукција како и ве…
Приватната Клиничка Болница „Аџибадем Систина“ од Скопје со донација од околу 3000 парчиња медицински униформи, бањарки, пешкири, ноќници, детски и машки пижами, наметки, постелнина за потребите на Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ од Охрид.
Директорот на „Св.Еразмо“, д-р Митко Тилев вели дека тие секогаш работат во интерес на пациентите и подобрување на квалитетот на услугите.„Пред се благодарам до вас и вашиот менаџерски тим на Аџибадем Систина за оваа донација што се состои од текстилни артикли што ќе придонесат за подобрување на квалитетот на услугите што …
Охридски и словенечки ученици по готварство подготвија заеднички ручек. Во кујната на средното угостителско училиште Ванчо Питошески вредните ученици работеа заедно на подготовка на традиционални рецепти, се дружеа и запознаваа. Учениците од словенечкото Ново Место беа во двонеделна работна посета на сродното охридско училиште. Од оваа соработка се задоволни и словенечките и охридските ученици. „Пробавме македонско тавче гравче , македонска риба, вкусна храна поинаква од онаа што ја имаме дома. Прекрасно е да се вкусат други јадења“, кажува Патришиа Лекша.
„Искуствата се многу доб…
Први камиони асфалт во Велестово после 32 години. Денес започна реконструкцијата на патниот правец Охрид-Велестово финансирана од страна на Агенцијата за патишта на Република Македонија. Проектот е вреден 164 илјади евра, а истиот ќе се реализира во две фази. Во првата фаза, со околу 80 илјади евра ќе се реконструира делницата на влезот во селото, додека во втората фаза ќе се реконструира почетната делница од бензиската пумпа кај Билјанини Извори до зградата на НП „Галичица“.
Градоначалникот Никола Бакрачески вели дека реконструкцијата на овој пат за локалната е од приоритетно значење, как…
Синдикалната кошничка за месец мај 2021 година е зголемена за 180,00 денари во однос на месец април 2021 година. Според Сојузот на Синдикати на Македонија, вредноста на синдикалната минимална кошница за мај 2021 година изнесува 34.156,00 денари. Само за последните два месеци таа е зголемена за повеќе од 400,00 денари, вели Стевчо Маслов, секретар на регионалната канцеларија на Сојузот на Синдикати на Македонија од Охрид. „Ако продолжи со вакво темпо на зголемување во просек од 200, 00 денари месечно до крајот на годинава нема да бидат доволни ни три минимални плати за покривање на основни…