Денес е христијанскиот празник Лазарева сабота, лазарици или Лазаровден. На овој ден лазарките го најавувале доаѓањето на пролетта и Велигден. Има повеќе лазарски песни кои обично се со оптимистична и духовита содржина и посакуваат здравје, успех и напредок.
Младите играорки од КУД „Ѓердан“ од Охрид втора година со ред се обидуваат да ја популаризираат подзаборавената традиција на лазарките. Тие од рано утринава облечени во традиционална невестинска облека, пеејќи ги лазарските песни шетаа низ стариот дел на градот.„Денеска е лазарева сабота и денеска одиме по куќи и собираме јајца и пари…
Отчет за сработеното во изминатите две години. Денес градоначалникот Никола Бакрачески пред охриѓани и пошироката јавност се пофали со сработеното во неговиот двегодишен мандат. Тој рече дека општина Охрид полека, но сигурно застанува на здрави нозе. Од една општина којаја затекле во тотален финансиски хаос, на работ на банкрот со домаќинско работење и максимално искористување на сите човечки ресурси, општина Охрид исплатила 491.523.721 денари од обврските по сите основи, а вкупниот долг денес е намален за над 175 милиони денари.„Она што можам недвојбено да го потврдам е фактот дека успеав…
Се намалува бројот на позитивни ковид пациенти во охридската болница. После подолг период ова лето ќе се ослободиме од пандемијата, оптимистички најавува д-р Горан Балески,директор на охридската Јавна здравствена установа Општа болница.
„Огромна е бројката на намалување на притисокот врз болницата. Прегледите поврзани со ова болест достигнуваат максимум меѓу 20 до 25 пациенти во текот на еден ден за разлика од претходно кога имавме и до 140 пациени. Многу е порелаксирано во овој период споредено со минатата година“.
Падот на бројот на новозаразени лица овозможува болничките одделенија сег…
Новинари, туроператори и туристички агенции од Србија, Словенија, Русија, Турција, Израел, Австрија ќе го промовираат Охрид во своите држави. Претставувањето на туристичките потенцијали на Охрид ќе се прави преку подготовка на новинарски репортажи во најмалку десет туристички списанија како и телевизиски репортажи на национални сателитски телевизии од Срција, Словенија, Русија и Турција. Ова треба да биде епилогот на промотивната тура за медиуми, туристички агенции и туроператори која по втор пат локалната самоуправа ја организира со цел привлекување на поголем број туристи на охридската ри…
Започна реконструкцијата на улицата „Питу Гули“. Со два милиони евра, средства од Светска банка ќе се обновува оваа многу значајна сообраќајница во градов. Ова е почеток на реализацијата на долго најавуваните проекти со средства од Светска банка, а потпомогмнати од Владата на РМ и Министерството за финансии, рече градоначалникот Никола Бакрачески.Во наредниот период покрај реконструкција на Питу Гули ќе бидат реализирани уште два кружни тека и тоа на пресекот на булевар Туристичка и улицата Македонски просветители и на Туристичка со улица Бистрица, а ќе се реконструираат и пет улички во н…
На иницијатива на Локалниот совет на млади при oпштина Охрид, петок (03 април) со почеток од 12 ч. во малата сала на општина Охрид, претставник од Дирекцијата за заштита на личните податоци (ДЗЛП) од Скопје ќе одржи презентација на тема: „Заштитата на личните податоци – клуч кон приватноста”.На настанот учествуваа и претставници на невладини организации од Охрид.{loadposition content9}
Поради поведението, успехот и изостаноците на проблематичните охридските средношколци, родителите зачестено ги посетувале советувалиштата за родители кои од февруари 2011та година станаа задолжителни со измените во Законот за средно образование. Според психологот во општинското угостителско-туристичко училиште „Ванчо Питошески“, Весна Спасеска, фактот дека овие советувања се задолжителни, позитивно влијаел на одзивот на родителите, но и нивната заинтересираност да бидат што е можно поангажирани во училишниот живот на нивните деца.„ Во досегашниот период, значи за првото полугодие имаме реал…
Охридските ученици од основните и средните училишта два часа имаа на располагање да престојуваат во просториите на охридскиот судот. Тие се запознаваа со начинот на работа на оваа институција, со работниот потенцијал и техничките можности кои се воведени при судските претреси.
Претседателот на Основниот суд, Милчо Клишески истакна дека и годинава нивната институција е прогласена за ажурен суд. Минататa година имале над 22 илјади предмети. Успеале да решат повеќе од 17 илјади предмети. Ваква бројка на примени и решени предмети досега не била забележана од постоењето на судот, нагласув…