Новиот рамен покрив ќе биде изведен по сите најсовремени стандарди, во неколку слоеви, со висок степен на заштита и изолација, а на страничните делови ќе има лимени конструкции.
Проектот е вреден 1 милион и 530 илјади денари, средства кои се обезбедени од буџетот на ЈОУДГ „Јасна Ристеска“. Со неговата реализација се става крај на долгогодишните проблеми со прокапување вода при врнежи од дожд и снег во сите простории од градинката.
Во објектот има четири занимални во градинскиот дел, во кој согласно протоколите за заштита од КОВИД се згрижени по 20 деца во група односно 80 вкупно и две з…
Поради промена на главен водоводен вентил, ќе има прекин во водоснабдувањето на жителите од улицата „Живко Чинго“ во Охрид, велат од МЈП „Проаква“, Р.Е „Водовод“.Од претпријатието објаснуваат дека прекинот во водоснабдувањето ќе биде во периодот од 9-12 часот.{loadposition content9}
Привршуваат градежните зафати на двете локации во охридската чаршија за кои ТВМ објави дека нелегално се градат. Пред две недели директорката на Завод и Музеј за ТВМ потврди дека кај Алипашината џамија бесправно се гради. Денеска пак потврди дека и зафатите на другата локација, во дуќан во склоп на Амамот се нелегални. Паскали Бунташеска потенцира дека од страна на Завод и Музеј било направено се што е во нивна надлежност, односно ја известиле Управата за заштита на културното наследство која пак ја известила државната градежна инспекција. Денес, на прашањето зошто не се стопирани дивогр…
Која е причината што се пробиваат дадените рокови за изведување на градежните работи во Општина Охрид. Во месец август минатата година кога Градоначалникот Никола Бакрачески и министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески го посетија Лескоец за да видат со која динамика се одвиваат зафатите за поставување фекална канализација, ветија дека работите ќе завршат до крајот на овој месец, но на терен сликата е сосема поинаква. Веќе месеци наназад ништо не се работи.Во прашање се нерешени имотно правни односи. Денес од наша страна е изработена предмет пресметка која е доставена до ЈП Водовода с…
Вработените во Емо денес не се вратија на работа. Тие добија известување дека се упатуваат до 19 јуни на нов принуден одмор. За вработените што туку заврши принудниот три месечен одмор ,а новиот раководен тим на ЕМО ги пушта на нов принуден платен одмор. „Принудниот одмор во законските рамки од 3 месеци максимално заврши. Но со оглед дека нема обезбедено работа, ни работни услови за работниците, нема струја од 2014, нема греење побарано беше од наша страна да дадеме согласност за упатување на вработените на 70 посто , но синдикатот не е надележен да донесува одлуки во поглед на упатувањ…
Денес во Охрид се одржа завршна конференција на проектот „Интегриран екосистемски пристап за сливот на Охридското Езеро како алатка за зачувување и заштита на природните ресурси“ каде беа сумирани заклучоците од проектните резултати . Главната цел на проектот е да се помогне во управувањето со искористувањето на природните ресурси во сливот на Охридското Езеро, подобрувајќи го одржливиот развој на регионот, како што истакна Ѓоко Зороски од ЕД Грашница, Охрид. Заклучоците се дека, црните еколошки точки на Охридското Езеро како што биле пред 20 години делумно се решени меѓутоа тие остануваат…
Владата донесе одлука за основање Туристичка развојна зона „Љубаништа 1“ на брегот на Охридското Езеро, во близина на манастирот „Св. Наум“.Зоната ќе се простира на 18 хектари и според најавите ќе содржи хотели, луксузни вили, голф терен и марина. На одлуката најпрво и претходеше пренамена на тамошното земјоделско земјиште во градежно, а потоа и одлука на Управниот суд за одземање на земјиште со површина од пет хектари, кое беше во сопственост на Македонската православна црква, пишува „Билд“.Во меѓувреме, консултантската куќа „Horwath i Horwath Consulting“ од Хрватска работи на физибилити –…
Екс градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески се врати на работа во Кардиолошкиот завод „Св. Стефан“ каде и претходно работеше. Поранешниот директор на оваа здравствена установа по завршувањето на градоначалничкиот мандат од актуелната директорка Гордана Донеска е поставен за раководител на одделението за срцеви артмии. Оваа информација дел од медиумите ја пренесоа како деградирање на Бакрачески на ниво на медицинска сестра затоа што на тоа одделение се вршеле кардиолошки прегледи. Дел од граѓаните оваа информација ја примија како реваншизам и загуба за здравството затоа што интервентен к…