Мај 11, 2015

Отворени понудите за нови билборд локации низ Охрид

„Медиас“ ДООЕЛ Скопје, „Кала-Плака“ Скопје, Скрин Инвест“ Тетово и „Акцент Медиа“ Скопје, се фирмите чиишто понуди  за издавање на микролокации за поставување на билборди денес беа отворени во Општината. Издавањето под закуп на локациите ќе оди во два пакети и тоа:Пакетот 1 содржи локации за осум рекламни паноа, додека Пакетот 2. содржи локации за девет рекламни паноа, а локациите се во централното градско подрачје, на улиците, „Туристичка“, „Партизанска“, „Димитар Влахов“, кеј „Македонија“ и „Македонски просветители“. Станува збор за петнаесеттина нови локации и пет веќе постоечки локации….

Мај 11, 2015

Концесионерите на охридските плажи да побрзаат со ангажирање на спасители

Час поскоро склучување на договори на концесионерите на плажите за ангажман на спасувачи  на вода, апелираат од Црвениот крст од Охрид. Изминатите години, на охридските и струшките плажи во просек се ангажирале помеѓу 90 и 100 спасители на вода. Покрај тоа, се преземаат и превентивни мерки како обуки и препораки до капачите со цел избегнување на посериозни инциденти во водите на Охридското Езеро. „Да се обратат во Центарот за безбедност на вода во Охрид, односно во Црвениот крст во Струга и Охрид, каде што ќе можат да ги добијат сите потребни информации и да се договорат и околу бројот на п…

Мај 11, 2015

Во градинката „Јасна Ристеска“ се бара место повеќе

  Во градинката „Јасна Ристеска“ се бара место повеќе. Посебно интерес има за запишување на дечиња во јаслените групи. Моментално има седум во кои се згрижуваат по дваесет и пет деца на возраст до две години. Директорката на градинката Розе Костеска вели дека има потреба за уште една паралелка. Таа додава дека поради специфичноста на Охрид како туристички центар, интересот за згрижување на деца во градинката и во летниот период е голем. Кај нас не е случај како во другите градови на државава на лето градинката да има помал обем на работа, објаснува Костеска.Имаме упис на дечиња кои доаѓаат…

Мај 9, 2015

ОО Црвен крст со низа активности ја одбележа Неделата на ЦК

Под мотото „ЗНАМ ДА СПАСАМ ЖИВОТ”,  општинската организација ја  одбележа неделата на  Црвениот крст. На 7 пунктови во центарот на Охрид и на Кејот се одржаа низа активности. Традиционално, се организира  по 44-ти пат опшински натпревар по прва помош. Најдобри годинава беа во категорија подмлaдок,  основците од ОУ Кочо Рацин, а од младинците претставниците од гимназијата Св. Климент Охридски. Тие ќе не претставуваат на државниот натпревар во Крива Паланка, во септември. На натпреварот учествуваа голем број  ученици од основните и средните охридски училишта. Текот на натпреварите го следеа 1…

Јун 24, 2021

Потребна санација на Музејот на вода кај Градиште

Музејот на вода кај Градиште се наоѓа во многу лоша состојба. Финансиски средства за поправка на музејот на вода се побарани од ресорното министерство уште минатата година, а се одобрени годинава во висина од 500.000 денари. Наскоро ќе се санираат поситните оштетувања на музејот, а покрупните градежни активности ќе следуваат по туристичката сезона, информира Мишко Тутуткоски, директор на НУ Завод и музеј. „Таму санацијата ќе подразбира многу различни зафати, да се зајакне статиката на мостот, приодната платформа до Музејот на вода, има унишетни делови од инвентарот, проблем има и со кровов…

Мај 9, 2015

Дипломатски скокови во Балканскиот Ерусалим

Гимнастичарски дипломатски скокови во Балканскиот Ерусалим. Не, ова не е наслов од некоја книга, ниту пак филмски блокбастер. Ова е интересното хоби на амбасадорот на Израел во Македонија, Дан Ориан. Деновиве тој е во посета на нашиот град кој го избрал како едно од посебните места на кои одлучува да го сподели своето хоби и да го овековечи со интересни фотографии. Во Охрид, амбасадорот Ориан ја избрал прекрасната сценографија кај црквата „Св.Јован Канео“.„Тоа што сум дипломат ми овозможува да одам на многу места. Сум бил во Русија, во Москва, бев заменик-амбасадор во Данска, каде и да одам…

Мај 8, 2015

Во Охрид одбележан денот на Европа

Во Охрид одбележан денот на Европа.  На малиот градски плоштад во боите на Европската унија најмладите од детските градинки со својот настап, со игра и песна на присутните им го разубавија денот. И основните училишта од Охрид го одбележаа Денот на Европа на организирани штандови  на кои секое училиште преку уметничко изразување  ги презентираа културите на земјите членки на ЕУ: Словенија, Хрватска, Шпанија, Португалија, Латвија и Литванија.На свеченоста беа присутни претседателката на градскиот Совет, Гордана Коњаноска, и Амбасадорот на Словенија во Република Македонија, Бранко Раковец . Ко…

Мај 8, 2015

Охриѓани со мирен протест кажаа НЕ на полициската бруталност

Мирно и без инциденти помина денешниот протест на охриѓани против полициската бруталност. „Нема правда, нема мир“, „Твоето премолчување, значи одобрување“, „Долу влада“. Овие пароли денес попладне одекнуваа низ охридските улици. Охриѓани, млади, средовечни, постари, со мирен протест денес и кажаа НЕ на полициската бруталност. Со тоа им се придружија на Скопје, Битола, Струмица, Прилеп, Штип, Св.НИколе, Куманово, Кавадарци во протестите кои започнаа пред три дена во главниот град. Граѓаните се организираа преку социјалните мрежи, каде беше истакнато дека целта е со мирен протест да се искаже…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top