ЈП „Охридски Комуналец“ ќе се поднови со 5 специјални возила за комунална хигиена. Денес беше потпишан договор за набавка на возилата помеѓу градоначалникот на општина Охрид, Никола Бакречески и Мухамет Џенгис, директор на компанијата ЕРКА БМЦ, од Охрид. Со ова, како што најави првиот човек на општина Охрид и официјално започнува реализацијата на проектот „За поубав и почист Охрид“. Спред Бакрачески, општина Охрид посветено работела на подготвување на документацијата со која претходно конкурирале за добивање кредит од Светска бакна. После одобрувањето на средствата, на меѓународен тендер за…
Од вчера експедицијата на Силекс е во Охрид, базата е хотелот „Силекс“, а веќе денеска се игра и првата од двете пријателски средби кои стручниот штаб ги планира за оваа фаза од подготовките.
Денеска ривал ќе биде тимот на Теута, шампионот на Албанија, тим во кој со успех настапува нашиот интернационалец Баже Тодоровски, и кој пред 15 години играше и за Силекс.
Мечот се игра на СРЦ „Билјанини Извори“ во Охрид со почеток од 17:00 часот. Додека на 28-ми јуни, но во Струга, Силекс ќе го одмери слите со тимот на Љачи, исто од Албанија.
Извор: Спорт медиа
Богато културно лето најавуваат од Центарот за култура „Григор Прличев“. Нова понуда за охриѓани се филмските проекции во три де анимација. Директорката Драгана Боцевска вели дека интерес кај публиката постои што покажал и бројот на посетители при прикажувањето на филмот „Одмаздници 2„. Филмот повторно ќе биде репризиран на 16ти април, а во наредниот период ќе има уште две проекции. Ќе биде прикажан филмот „Лудиот макс“ како и анимираниот филм наменет за помладата популација, „Дома“. Во центарот за култура се работи и на други проекти. Се подготвуваат за францускиот филмски фестивал кој …
Убиени се шеснаесет овци и едно куче, а се претпоставува дека истото животно уништило и неколку сандаци со пчели во месноста Видобишта. Пред десетина дена во селото Рамне, мечка нападнала стадо овци, при што се убиени 16 овци и едно куче. Љубе Недески, сопственикот на стадото вели дека за време на нападот мечката била многу разлутена и буквално носела се пред себе. Жителите велат дека станува збор за големо животно кое е забележано на неколку локации во селото и тоа преку ден, што значи дека таа не се плаши и доаѓа по храна. Претседателот на Месната заедница Ристе Трајчески, апелира до над…
Во рамките на програмата Црвен крст во акција – Промоција на хумани вредности (ЦКА-ПХВ), која има за цел, преку изработка на мали проекти од страна на младинците на Црвен крст Охрид, да се прибираат средства за помош на различни целни групи на ранливо население, тимот на млади на Црвен крст Охрид во соработка со Извидничкиот одред Пионер од Охрид, под мотото „Истражи го Охрид“ ќе реализираат хуманитарен натпревар за ориентација во урбана средина, со назив „КОМПАС“. Учесници на овој натпревар се ученици од сите основни училишта во Охрид, кои организирани во екипи од по шест ученици, ќе се н…
Целта на маршот беше да и се искаже поддршка на македонската полиција и да им се оддаде почит на загинатите во полициската акција во Куманово во која загинаа осум припадници на специјалните единици, а 37 беа повредени.Граѓаните собрани на плоштадот Св. Климент Охридски рекоа дека сакаат да покажат единство во овие тешки моменти за нашата држава и да дадат поддршка на сите македонски бранители кои несебично и достоинствено се секогаш први на браникот на слободата.На собирот покрај граѓани, носители на јавни функции и преставници од локалната самоуправа беше присутен и Градоначалникот на Охри…
Нарушената безбeдносна ситуација ќе се одрази и на туристичкаат сезона во Охрид. Невзоможно е вакви случувања и настани да не влијаат на одлуките на гостите кои планираат одмор на охридското крајбрежје , вели првиот човек на Охрид, Никола Бакрачески. „ Веќе добиваме најави од хотелиери и туристички агенции, дека некои од нивните аранжмани би можеле да бидат откажани, а би требало да ги вкалкулираме во нашите очекувања од туристичката сезона“, напоменува Бакрачески. Бакрачески вели дека не сака да дојде до таква ситуација. Се надева дека безбедносната состојба во земја ќе се подобри и ќе…
Денес градските избраници гласаа за предлог одлуката за изменување и дополнување на Буџетот на општина Охрид за 2015 година. Со тоа според советникот од СДСМ Јован Стојаноски само по три месеци од донесувањето на буџетот, општината влегува во зона на финансиска нестабилност.Имаме дополнителен прилив на 42 милиони денари средства, но најтрагично е што до овие зголемени приходи дојде по продажбата на неизградено градежно земјиште. Кога веќе го продадовме земјиштето барем тие средства да се искористеа за никаков развој, а не за средување одредени комунални проблеми со кои се соочуваат граѓа…