Пропадна и вториот тендер за избор на оператор кој ќе прска против комарци и глодари на територија на општина Охрид. Во меѓувреме, комарците напаѓаат, а граѓаните ќе го чекаат третиот тендер. Досега на двата јавни повици од општина Охрид , пристигнала само една понуда од охридскиот Центар за јавно здравје. Општината за оваа намена има издвоено над 420.000 денари, а понудата на Центарот за јавно здравје цената на третманот против комарци била удвоена и изнесувала 937.000 денари, информира Томе Џамтоски портпаролот на општина Охрид.
„Не знам како да ја опишам оваа појава ако се споредат пара…
Одбележан Денот на пожарникарството во Македонија. Охридските пожарникари го одбележаа денот со дефиле низ улиците. Денес во посета на пожарникарите беа бројни гости меѓу кои и најмалите од детската градинка Јасна Ристеска. Децата научија повеќе за работата на пожарникарите.Во обиколка на пожарникарите од охридската противпожарна единица беше и градоначалникот Никола Бакрачески. Тој во името на охриѓани упати благодарност до пожарникарите.„ За сите напори кои во изминативе години од кога е формирана ТПП сето она што сте го направиле за заштита на имотот и животите на граѓаните во голем …
Завршна презентација на проектот „Градот низ детските очи“, на дечињата од сите охридски градинки. Станува збор за проект на кој се работеше во текот на целата година а во кој беа вклучени сите деца од од детските градинки на возраст од 2-10 години. Посетата на локалната самоуправа и запознавање со нејзиното работење, тајните на охридската кујна, запознавање на културното и историско богатство на Охрид беа само дел проектот, вели директорката Роза Костеска- директор ЈОУДГ „Јасна Ристеска“.„Денес го презентираат она што го научија во текот на годината бидејќи постојано беа присутни во сите и…
Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „спречување на службено лице во вршење службено дејствие“ и „напад на службено лице при вршење работи од безбедноста“, Секторот за внатрешни работи Охрид поднесе кривична пријава против С.П.(24) И.П.(22) и И.С.(22) сите од охридското село Велмеј.На 19-ти овој месец, тројцата пријавени извршиле физички напад врз полициски службеник од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај. Настанот се случил во 04 часот и 10 минути на булеварот „Туристичка“ во Охрид, каде сообраќајната полиција извршувала плански сообраќајни контроли…
Од Авто-мото сојузот на Македонија информираат дека денес, среда на патниот правец А2, Кичево-Охрид, на делницата Пресека-Врбјани во периодот од 16:00 до 17:00 часот сообраќајот ќе биде во прекин за секаков вид на возила.Прекинот е поради изведување на градежни работи, односно минирање.Инаку сообраќајот на сите државните патишта се одвива по суви коловози. АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово –…
Трета година по ред, Андреа Лекиќ ќе организира камп за млади ракометарки и ракометари на возраст од 11 до 17 години. После двете вистински летни фантазии во Србија и Врњачка Бања, третата ќе се одржи во Македонија, поточно во Охрид во периодот од 20 до 26 јуни.Уште од првото издание кампот има меѓународен карактер, со оглед на тоа дека во 2013 година имаше учесници од 7 држави, а минатата година таа бројка стигна до 11 држави. Досега за учество на годинешниот камп има пријавено млади ракометари од 9 европски земји.Најдобрата светска ракометарка за 2013 година, дел од својот одмор од профес…
Поевтин роаминг и интернет за туристите од Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Македонија. Тоа започнува од 30 јуни а намалените цени на роаминг услугите со овие три држави следуваат после потпишаната спогодба во Будва, како што истакна министерот за Информатичко општество Иво Ивановски. „Тоа особено ќе значи многу за Р. Македонија, особено за Охрид каде што се наоѓаме, бидејќи туристите кои што ќе доаѓаат од земјите што се дел од спогодбата ќе плаќаат поевтин роаминг, а ќе може да користат и интернет. Се разбира ќе може да праќаат и СМС пораки и телекомуникациски услуги. Меѓу другото …
На 23.12.2021 година од 06 до 10 часот, на подрачјето на СВР Охрид извршени се зајакнати сообраќајни акциски контроли.
Притоа, полициските службеници затекнале и санкционирале 12 возачи на моторни возила кои, во населено место управувале автомобил со брзина, поголема од дозволената (Охрид-01, Струга-06, Кичево-03, Дебар-02) и 05 возачи кои надвор од населено место управувале со поголема брзина од пропишаната (Охрид-04, Дебар-01) – информираат од СВР Охрид.
Полициските службеници во Охрид, поднесоа соодветни платни налози кон 4 возачи на моторни возила кои, на коловоз извршиле непроп…