Андреа Лекиќ го најави кампот за млади ракометарки во Охрид

Трета година по ред, Андреа Лекиќ ќе организира камп за млади ракометарки и ракометари на возраст од 11 до 17 години.

 |  Голабовски Крсте  | 
андреа лекиќ

Трета година по ред, Андреа Лекиќ ќе организира камп за млади ракометарки и ракометари на возраст од 11 до 17 години.

ракометна школаПосле двете вистински летни фантазии во Србија и Врњачка Бања, третата ќе се одржи во Македонија, поточно во Охрид во периодот од 20 до 26 јуни.

Уште од првото издание кампот има меѓународен карактер, со оглед на тоа дека во 2013 година имаше учесници од 7 држави, а минатата година таа бројка стигна до 11 држави. Досега за учество на годинешниот камп има пријавено млади ракометари од 9 европски земји.

Најдобрата светска ракометарка за 2013 година, дел од својот одмор од професионалните обрвски во Вардар веќе традиционално го користи за да пренесе дел од своето знаење на децата, но и во кампот истовремено да се створи работна и забавна атмосфера која ќе се памти цел живот. За ракометните тренинзи, како и досега ќе бидат задолжени Горан Цмиљаниќ, Весна Бојковиќ и Радан Ровчанин, а нивни асистенти ќе бидат Ерна Кожар-Топалович (Словенија), Александра Кузмановска (Македонија) и Кристоф Сахли (Швајцарија). Марија Лојаница на секогаш поинаков и интересен начин ќе им ги приближи на учесниците кондициските тренинзи, додека за работа со голманите е задолжена Бранка Јовановиќ. Спортскиот психолог Бојана Јеличиќ помеѓу другото во разговор со учесниците ќе им помогне во сознанието дека е најважно да се истрае во преминувањето преку пречките и проблемите, додека за забавниот и релаксирачкиот дел од програмата е задолжена аниматорката Славица Кашериќ.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top