Мај 27, 2015

Македонски компании пропуштија можност за бизнис контакти

Македонските компании за производство на храна пројавија слаб интерес за бесплатното учество на  Фестивалот за хигиенски дизјан и храна што се одржува во Охрид. Од бројните поканети компании се одзвале едвај  17. Голем број македонски фирми кои произведуваат храна не се појавија  на овој настан со што ја испуштија можноста да изложат свои производи, да се сретнат  и да воспостават бизнис соработка или  партнерства со над стотина странски компании присутни во Охрид, истакна Владимир Какуринов, извршен дирекотр на Консалтинг и тренинг центарот КЛУЧ. „ Мислам дека македонските компании крајно …

Мај 27, 2015

Охрид ќе биде дел од Фестивалот на европските езера

Охрид ќе биде дел од Фестивалот на европските езера. Делегација на општината предводена од градоначалникот Никола Бакрачески, ќе учествува на Шестото издание на фестивалот што од 29 мај до 2 јуни ќе се одржи во Исео, Италија како и на вториот глобален состанок на официјалните делегации од членките на Европската мрежа на езера што на 30 мај ќе се одржи во овој италијански град. Фестивалот на европските езера годинава ќе трае четири дена и во него ќе бидат промовирани 50 различни настани. Во рамки на фестивалот ќе има музички концерти, изложби на фотографии, како и дегустација на традиционалн…

Мај 27, 2015

Доцни доградбата на општинската зграда

Доградбата на општинската зграда наместо на почетокот на летото како што беше најавено ќе биде дозавршена наесен. Темелите на новата зграда беа поставени пред две години, а градежните работи беа стопирани пред локалните избори во 2013. Во месец јануари повторно беа интензивирани градежните зафати за нејзино довршување. По распишаниот јавен повик одобрени беа четири компании кои работат на изградбата на инсталациите, на фасадата и ентериерот. Тоа се Метал електрик од Скопје, Кармен која е задолжена за молерајот на зградата, Бокоп ја поставува изолацијата и Али компани е задолжена за столариј…

Мај 27, 2015

Утре Пештани неколку часа без вода

Утре, 28-ми мај, ќе има прекин во водоснабдувањето село Пештани. Од МЈП „Проаква“, Р.Е Водовод велат дека прекинот во водоснабдувањето е поради интервенција на водоводната линија. Пештанци нема да имаат вода во периодот од 09:00 до 12:00 часот.Екипите се на терен и работат на отстранување на дефектот.  

Мај 27, 2015

Годишен концерт на ОМУ „Методи Патче“ од Охрид

Вечерва во катедралната црква Св. Софија, ќе се одржи традиционалниот годишен концерт на учениците од ОМУ „Методи Патче“ – Охрид.На концертот треба да настапат наградените ученици од националните и меѓународни натпревари, во придружба на  училишниот хор и оркестар како и професори од училиштето. Концертот започнува во 20 часот.  

Мај 27, 2015

Одложена манифестацијата „Ден на идеи“

Поради најавеното влошување на временските услови манифестацијата „Ден на идеи“ се одложува, а за новиот термин на одржување, јавноста навреме ќе биде информирана. Целта на манифестацијата е  да се постигне кохезија, соработка меѓу охриѓани  и локалната власт и да се направи синергија на идеите кои ги имаат граѓаните во насока на креирање на определени проекти и политики.  

Јун 26, 2021

РСБСП: „На матурска прослава без автомобил“

„Не си фраер ако загинеш на матура!“ „Покажи ја матурата на дело!“ „На матурска прослава, без автомобил!“ се пораките со кои Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата им ја честита матурата на сите матуранти. Славењето на матурата е посебно важна за секој матурант, за неговото семејство, за неговите најблиски. Од секогаш овој настан предизвикувал посебна возбуда кај матурантите и нивните најблиски. Важноста на настанот никој не ја оспорува. Она што загрижува е начинот на кој се прославуваат матурските вечери: се организираат автомобилски трки, се управува моторно возило …

Мај 27, 2015

Соработка на Македонија и Казахстан во туризмот

На првиот Македонско-Казахстански форум што се одржа минатата недела, во организација на Казахстанско- Македонското здружение и туристичката агенција Wellness- Holiday од Охрид, се разговараше и за продлабочување на соработката на двете земји во областа на туризмот.На форумот, потпретседателката на здружението Марјана  Султанбекова, ја прочита пораката на градоначалникот Никола Бакрачески и ги покани учесниците да го посетат Охрид.-Почитувани  учесници на првиот Македонско- Казахтански форум посветен на соработката во  областа на туризмот, најискрено Ви упатувам топли поздрави од древниот О…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top