Македонски компании пропуштија можност за бизнис контакти

Македонски компании пропуштија можност за  бизнис контакти.

 |  Валентина Неловска  | 
hrana

Македонските компании за производство на храна пројавија слаб интерес за бесплатното учество на  Фестивалот за хигиенски дизјан и храна што се одржува во Охрид. Од бројните поканети компании се одзвале едвај  17. Голем број македонски фирми кои произведуваат храна не се појавија  на овој настан со што ја испуштија можноста да изложат свои производи, да се сретнат  и да воспостават бизнис соработка или  партнерства со над стотина странски компании присутни во Охрид, истакна Владимир Какуринов, извршен дирекотр на Консалтинг и тренинг центарот КЛУЧ.

hrana„ Мислам дека македонските компании крајно време е да се запрашаат дека не е само до економската криза,  не секогаш се во прашањена пари, но некогаш е во прашање и  добра волја за да се искористат можностите што се нудат“, потенцира Какуринов.

Македонските компании извезуваат храна во целиот свет, а најмногу во земјите од Европската унија. Храната која ја произведуваат е безбедна, вели заменикот директор на Агенцијата  за храна и ветеринарстсво Абдулезел Догани. Сите елементи за безбедност на храната се регулирани пропишани и имплементирани со Закон во поголем број  случаи. Сепак постои ризик, а  тенденцијата е тој да се намали на најмало можно ниво.

„ Битна компонента  е што може да има перфектен ХАСАП систем, да се спроведат перфектни процедури и обучени луѓе, но може да се случат појави кои се поврзани со несоодветно дизјанирана опрема и машини кои не се гледаат, а може да излачуваат супстанци кои не се дозволени во храната како финален производ,“ напоменува Догани.
На фестивлот присуствувше и Лудвиг Јозефсберг претседтел на Европската групација  и директор на ТЕТРАТАК од Шведска.  Наш интерс е подоршка на европските компании меѓу кои и макеодснките за развој на системите за безбедност на храна, вели Јозефсберг.
hrana

„ Мислам дека прозиводствота на храна во Европа е големо и вработува многу луѓе, се  креираат многу компании, што би требало да е многу важно за Европа вклучувајќи ја и Македонија“, подвлекува  Јозефсберг .

Фестивалот се одвива во соработка со Европската групација за хигиенско инжинерство и дизајн, Иницијативата за Глобална хармонизација, Агенцијата за храна и ветеринарство и Агенцијата за поддршка на претприемништво.  Настанот ќе трае до 29 мај.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top