Охрид ќе биде дел од Фестивалот на европските езера

Охрид по втор пат ќе биде дел од европското семејство на градовите кои се ношаат на езеро. Делегација на општината ќе учествува на  Фестивалот на европските езера што ќе се одржи во Италија. Музичкото училиште “Методи Патче” како дел од европскиот музички проект “Oркестар на 100 млади музичари” со своите најдобри виолинисти ќе настапи на овој фестивал.

 |  Јаковлева Лионела  | 
koncert

Охрид ќе биде дел од Фестивалот на европските езера. Делегација на општината предводена од градоначалникот Никола Бакрачески, ќе учествува на Шестото издание на фестивалот што од 29 мај до 2 јуни ќе се одржи во Исео, Италија како и на вториот глобален состанок на официјалните делегации од членките на Европската мрежа на езера што на 30 мај ќе се одржи во овој италијански град. Фестивалот на европските езера годинава ќе трае четири дена и во него ќе бидат промовирани 50 различни настани. Во рамки на фестивалот ќе има музички концерти, изложби на фотографии, како и дегустација на традиционални јадења од Исео- Италија, како и други региони.

Бенефитот на општината од учеството на овој фестивал е повеќекратен. Со учеството на Охрид во меѓународни асоцијации и реализација на меѓународни проекти се настојува промоција на градов во меѓународни рамки што би значело и привлекување на повеќе странски туристи, истакна Антонио Балески од Секторот за туризам и локален економски развој.nina i toni

koncertiКако резултат на унапредувањето на соработката на општина Охрид со Европската мрежа на езера е реализацијата на заеднички европски партнерски проекти. Еден од тие е европскиот музички проект “Oркестар на 100 млади музичари”. Следува реализација на втората фаза од проектот во соработка со Музичкото училиште “Методи Патче” од Охрид кое е единствен претставник од Македонија.  На концертот ќе настапат и ученици од училиштето „Јосип Словенски“ од Белград, музичката школа „До ре ми“ од Блед и музичката школа “Де гарде“ од Италија. Проектот започна со музички камп во Белград во 2014 година. Директорката на музичкото училиште “Методи Патче”, Нина Момироска истакна дека е гордост да се учествува во втората фаза од проектот “Оркестар од 100 млади музичари”. Проектот ќе биде реализиран со концерт во Милано на 6 јуни годинава на кој Охрид ќе го претстават тројца млади музички таленти.

Годинава нашите ученици млади виолинисти , Даниел Мојсоски, Александар Грунчески и Бајрам Рамаданоски ќе настапат на концерт во Милано. Ќе свират со меѓународен оркестар што е посебен предизвик за нив, а Даниел Мојсоски ќе има и свој соло настап, истакна директорката Момироска.

Проектот ќе продолжи во месец август кога ученици од ОМУ „Методи Патче“ повторно ќе патуваат за Италија.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top