Јун 2, 2015

Акција за собирање стара хартија во Охрид

Општина Охрид во рамките на одбележувањето на 5-ти jуни, Светскиот ден на животната средина, првата недела од месецов ја прогласи за „Недела на  животната средина “.Во рамки на одбележувањето, во соработка со основните   училишта од Охрид, на 4 јуни ( четврток) во периодот од 8 до 17 часот, ќе биде организирана акција за собирање на стара хартија во дворовите на училиштата, каде ќе бидат поставени соодветни садови за одлагање на хартијата. Во акцијата ќе можат да се вклучат сите граѓани и институции, кои исто така својата отпадна хартија можат да ја донесат до за нив најблиското училиште.Це…

Јун 1, 2015

Се прават последните подготовки за екстерното тестирање

Средношколците од прва, втора и трета година подготвени за екстерно тестирање. Од утре во сите средни училишта во градов започнува спроведувањето на ова тестирање со кое треба да се провери знаењето на учениците, но и квалитетот на наставниците. Во Охрид ќе бидат тестирани над илјада средношколци.Во средните училишта во градов се прават последните подготовки за екстерното тестирање. Во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ тестирањето ќе се спроведува на 499 ученици. Од саботата веќе се објавија списоците  со дел од предметите по кои ќе се тестираат учениците.Кај нас се е подготвено за екстерното тести…

Јун 1, 2015

Велосипедско дефиле низ охридските улици за подигнување на јавната свест за безбедноста на велосипедистите

Велосипедско дефиле за подигнување на безбедноста на велосипедистите, промоција на велосипедизмот, подобрување на можностите за развој на велосипедизмот како форма на сообраќај. Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата активно се вклучува во кампањата за поголема безбедност на велосипедистите. Утре, велосипедската полициска патрола при СВР Охрид, велосипедисти од школските центри, велосипедските клубови и граѓани вљубеници во велосипедизмот ќе возат велосипед низ градските улици во знак на поддршка на републичката кампања „Подобрување на безбедноста на велосипедистите во…

Јун 1, 2015

Завршена внатрешноста од охридската библиотека, следува фасада

НУ Библиотека Григор Прличев конечно ќе добие простор од околу 800 м квадратни. Срушени се ѕидовите, поствен е нов под и термоизолација во просториите кои порано ги користеше Фестивалот Охридско лето, информира директорката на библиотеката Александра Белеска. Со тоа е завршена првата фаза од прилагодување на просторот. Во втората фаза ќе селдува и реновирање на фасадата на двата објекти. Со целосните градежни зафати  ќе се обезбедат стандардите кои треба да ги има една институција како што е библиотеката, подвлекува Белеска. „ Комплетно просторот  во новиот објект е заштитен од влага за кни…

Јун 1, 2015

Од денес поскапо паркирање во Охрид

Од денес цената на паркинг во Охрид, е поголема за 10 денари и во првата и во втората зона на централното градско подрачје. Од ЈП „Билјанини извори“ велат дека причина за ова е Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за утврдување на цени за користење на спортските објекти и паркинг простори која беше усвоена на 40-та седница на советот на општина Охрид. Согласно одлуката за паркирање во централното градско подрачје за времетраење од еден час, наместо сегашните 30 денари, ќе се плаќаат 40 денари.Покрај оваа новина од денес ќе има нови цени и за користење на спортските објекти со ко…

Јун 1, 2015

Денес на ФТУ ќе се доделуваат ваучери за таблети за студентите

Факултетот за туризам и угостителство од Охрид, од денес до 3-ти јуни ќе ги додели вредносните бонови – ваучери за набавување на таблет компјутери.Станува збор за уреди со надворешна тастатура кои се наменети за потребите на редовните студенти и студентите евидентирани како лица со посебни потреби.Проектот за доделување на ваучери го спроведува Министерството за информатичко општество и администрација.  

Јун 26, 2021

Скопјанка подигнала кредит на туѓо име, оштетена охриѓанка за 80 000 денари

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 24-годишната Д.Н. од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“. -Пријавената, на 10-ти јуни 2019 година, без одобрение на оштетената Т.М. од Охрид, ја земала нејзината лична карта и ги злоупотребила нејзините лични податоци за подигање на кредит од финансиско друштво во износ од 80.000 денари.-информираат од МВР.

Јун 1, 2015

90 часа под вода

Меѓународниот нуркачки инструктор Милутин Секулоски-Мичо го комплетира подвигот што досега не бил изведен не само во Македонија, туку и во Европа – пренуркување на едно езеро по целиот негов брег. Во рамките на овој проект, реализиран под покровителство на компанијата „Пелистерка“, Секулоски под површината на Охридското езеро мина речиси 90 часа и изнурка должина од 85 километри. – Во период од околу три месеци изведов 88 нуркања од двете страни на езерото – и од македонската и од албанската. Поттикнат од силната желба да придонесам во деталното истражување на нашиот бисер, секој ден минува…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top