Јун 3, 2015

Еколошката свест стагнира, проблемите се поголеми

5 јуни се  одбележува како Ден на животната средина.  Општина Охрид го одбележува овој ден со активности како што се собирање на стара хартија во основните училишта или  собирање на отпадно масло.  Јавната свест за за зачувување на животната средина е сеуште на ниско ниво. Тоа се поткрепува со фактот што  сеуште нема  еколошка депонија и искористување на отпадот како енергетска суровина. Локалната  самоуправа преку јавното претпријатија за Комунала хигиена нема  понуда на  инфраструктура за селектирање и преработка на отпадот. Рака на срце има  обиди за  селекција на пластика и хартија, но …

Јун 27, 2021

Пристигнаа 500 000 вакцини од „Синовак“

– Во текот на претпладневните часови се очекува да пристигнат и останатите количини. Благодарност до Народна Република Кина за заложбите да ја добиеме оваа поголема количина на вакцини и за точноста во испораката на истите, потенцира министерот. Станува збор за вакцини што Министерството за здравство ги купи од кинескиот производител „Синовак“. Претходно, министерот за здравство, Венко Филипче, рече дека ќе следува масовна вакцинација во сите вакцинални пунктови низ државата и повтори дека имунизацијата штити и од индискиот сој на вирусот. Во земјава во петокот попладне пристигнаа уште…

Јун 3, 2015

Во Охрид има слободни работни места

Во Охрид има слободни работни места, но не може да се зборува за голема побарувачка на работна сила, информираат од Агенцијата за вработување Охрид.  Како што обелодена првиот човек на Агенцијата Јован Баткоски најпобарувани профили биле фармацевтските техничари, медицинските сестри, стоматолози. Директорот истакна дека во Агенцијата не воделе евиденција на слободни работни места, бидејќи најголемиот дел од вработувањата се реализирале преку самите работодавачи, јавни огласи, нивни веб сајтови или преку огласи објавени на други работни места, обично во јавниот печат.„Агенцијата за вработува…

Јун 3, 2015

Правилно користење на водата за наводнување

Старите техники на наводнување мора да се искоренат, бидејќи водата за наводнување се користи неефикасно, сметаат експертите од Факултетот за земјоделски науки и храна. Проф. Ордан Чукалиев истакна дека мора да се промент принципите на користење на водата, доколку сакаме поефикасно да ја користиме водата, бидејќи доаѓа до намалување на количината на вода која што може евентуално да ги пренесе загадувачите од земјоделското производство кон езерото.„Треба да се направи замена на старите техники, бразди, вештчки дожд со нови современи техники на наводнување како што е капковото наводнување, со…

Јун 3, 2015

Од јули повисоки цени на цигарите

Цигарите од први јули 2015 година ќе се продаваат по три денари поскапо, измените се согласно календарот за зголемување на акцизите, објави „Телма“.Новата, повисока цена во мало продажните места низ Македонија треба да почне да се применува од 1 јули, доколку производителите не решат тие да ја компензираат разликата во цената.Поскапувањето нема да запре тука. Предвидено е во наредните седум години цигарите да поскапуваат за 4 денари по кутија годишно. Ако со новите цени најскапата кутија изнесува 133 денари, за 8 години цената ќе се искачи на 154 денари.  

Јун 2, 2015

Велосипедско дефиле во Охрид

Неколку деца од предшколска возраст, ученици, рекреативци и вљубеници во велосипедизмот, учествуваа во големото дефиле на велосипеди кое денеска се возеше по градските улици во Охрид.  Како што нагласи претседателот на Советот за безбедност Стефан Димоски целта е не само промоција на велосипедизмот, туку и подигнување на степенот на безбедност на велосипедистите во сообраќајот како ранлива категорија учесници во сообраќајот, како и елиминирање на сите можности за проблем при управување со велосипед. Димоски се осврна и на проблемот со моменталната велосипедска инфраструктура во градов. „Ние…

Јун 2, 2015

Промена на безбедносниот систем во чекор со актуелните случувања

Безбедносната ситуација во Македонија и регионот по настаните во Куаманово е стабилна и нема потреба од загриженост, ова е оценката на експертите по безбедност од регионот. Сепак по случувањата во Куманово  се потребни реформи  на безбедносниот систем на државата, смета професор  Цане Мојаноски од Факултетот за безбедност од Скопје. Мојаноски напоменува дека реформите се потребни од поодамна. Времето е динамично има нови закани и средства кои се користат , а ниту еден безбедносен систем не е вечен. Апсолутно последните  настани  треба да ги забрзаат  потребните реформи , напоменува професор…

Јун 2, 2015

Зголемен бројот на првачиња

Зголемен бројот на првачиња кои се запишаа во некои основни училишта во градов. Споредбено со минатата година бројот е пораснат за 20%, велат директорите на овие училиштата. Во основното училиште „Христо Узунов“ од први до 31 мај се запишале 137 ученици.Квотата за упис според реонот во кој припаѓаме е пополнета. Дури имаме интерес и на деца кои се од други реони, а сакаат да се запишат кај нас. Оваа година имаме тренд на растење во бројот на првооделенци, вели Тони Симоноски, директорот на ОУ „Христо Узунов“.Првачињата во ОУ „Христо Узунов“ ќе бидат распределени во пет паралелки. И во ОУ „С…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top