Еколошката свест стагнира, проблемите се поголеми

Еколошката свест  стагнира,  проблемите  се поголеми.

 |  Валентина Неловска  | 
deponija

deponija5 јуни се  одбележува како Ден на животната средина.  Општина Охрид го одбележува овој ден со активности како што се собирање на стара хартија во основните училишта или  собирање на отпадно масло.  Јавната свест за за зачувување на животната средина е сеуште на ниско ниво. Тоа се поткрепува со фактот што  сеуште нема  еколошка депонија и искористување на отпадот како енергетска суровина. Локалната  самоуправа преку јавното претпријатија за Комунала хигиена нема  понуда на  инфраструктура за селектирање и преработка на отпадот. Рака на срце има  обиди за  селекција на пластика и хартија, но без големи резултати  во пракса многу ретко се применува селекцијата  на отпад. Обидите  пропаѓаат од несовесните граѓани, но  и  од поединци кои заработуваат од отпадот,  посочува Ракип Дочи, директорот на единствената еколошка депонија во земјава. Нивото на искористување на отпадот во земјава е на ниско ниво, констатира Дочи.  

„ Тоа не едноствна работа, тешка работа е. Во РМ се обидуваме да воспоставиме таков отпад и искористување на фракциите од отпад. Има категории на граѓани кои барајќи егзистенција пребаруваат и го уништуваат системот. Се претпоставува дека таа бројка е 5000 граѓани. Предлагаме решенија и за тој тип на проблеми со цел  да дојдеме  до станадардите кои ги има воспоставено Европската унија“, подвлекува Дочи.  

maslo otpadnoНе успеавме да стапиме во контакт со директорката на Охридски Комуналец со цел да дознаеме што се е предвидено во Прогармата за управување со отпад донесена од Локалната самоуправа и какви се напорите за заживување во пракса на селектирањето одпад во општината.  Охрид  досега не се справи со дивите депони, но затоа заменикот градоначалник Ангел Јанев информира за обидите да се спроведе проект за прочистување  на езерото  од отпадните води.
 
  „Во тек e, се бориме за проект кој се однесува на прочистување на  водите од  охридското  крајбрежје посебно во струшкиот дел  каде што се Радожда и Калишта,  а тој проект чини повеќе од 8 милиони евра. Ние заедно учествуваме, Охрид и Струга и во соработка со Владата се надеваме да го решиме проблемот со отпадот“, кажа Јанев.

Инаку уште во 2008 година започна да се изработува Локалниот акционен план за животна средина (ЛЕАП) како  развоен документ за заштита и унапредување на животната средина  во општината. Главна цел на овој документ е заштита и унапредување на животната средина и природата, преку систем на мерки и активности за долгорочно планирање, заокружени со временска и финансиска рамка.
ЛЕАП-от, беше потпишан од повеќе министерства и институции во 2013 година и  е со време на траење за период од 6 години.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top