Јун 13, 2015

Годишнините од матура повод за обновување на пријателства

Годишнините од матура се прекрасен повод за обновување на пријателства и присетување на спомените од средношколските денови. Ако месец мај е месец на матурите, тогаш месец јуни е месецот кога се прославуваат годишнините од матурата. Еден таков повод синоќа регистираше камерата на Телевизија ТВМ, јубилејни 25 години на матурантите од генерација 1990. Марија Зимбова,која речиси секои 5 години несебично се вложува да ги собере на едно место некогашните другари од школските клупи,  вели дека ни малку не е лесно да се организираат ваквите годишнини.„Подготовките започнаа пред месец дена. Посебни…

Јун 13, 2015

Субвенции за уште 100 охридски семејства

  Олеснување преку субвенционирање на комуналните такси за уште 100 охридски семејства. Советот на општина Охрид донесе oдлука за спроведување на мерки за субвенционирање на трошоци за комунални услуги за семејства со лице кое боледува од тешка болест или некој вид хендикеп. Како што информираше секретарот на општина Охрид, Димитар Спасески, новата одлука немала посебни ограничувања како што тоа било досега, семејствата да не остваруваат приход поголем од 105 600 денари.„Со оваа одлука главен услов за добивање субвенции ќе биде хендикепот на лицето во семејството кое што ќе го потврди него…

Јун 12, 2015

Ден на идеи во Охрид

Општина Охрид денеска на плоштадот „Св. Климент Охридски“организираше „Ден на идеи“. Сите граѓани кои имаа некаква идеја, проект или предлог имаа можност да ги напишат и да ги достават до службите во Локалната Самоуправа и Јавните претпријатија.Градоначалникот Никола Бакрачески заедно со директорите од охридските јавни претпријатија, раководителите на сектори и одделенијата и стручните лица од службите на општина Охрид ги слушаа идеите, предлозите и сугестиите кои им ги даваа охриѓани, а најдобрите од нив ќе бидат инкорпорирани во идните програми за работа на општина Охрид. На мое задоволст…

Јун 12, 2015

Намален бројот на откажувања на туристички аранжмани, хотелиерите очекуваат успешна сезона

Туристичките работници и локалната самоуправа оптимисти за престојната летна туристичка сезона. Денес на работен појадок дискутираа околу ситуацијата со откажувања на туристичките аранжмани поради неодамнешните случувања во Куманово. Градоначалникот Бакрачески ги сослуша повратните информации од хотелиерите за ефектите на преземените дејствија на министерството за надворешни работи и конзуларните претставништва како и локалната самоуправа за надминување на ситуацијата и креирање поповолна туристичка клима.„Од статистичките податоци кои ги добиваме од нив и од туроператорите е дека веќе број…

Јун 12, 2015

Богослужби и литургии по повод „Св.Еразмо Охридски“

По повод манастирската слава на манастирот „Свети Еразмо Охридски“, Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека вечерта на 14 јуни 2015 година (недела), во манастирот „Свети Еразмо Охридски“, Охрид, ќе се служи празнична вечерна богослужба, по повод празникот „Свети Еразмо Охридски“, со почеток во 19.00 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.На 15 јуни 2015 година (понеделник), во манастирот „Свети Еразмо Охридски“, Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Свети Еразм…

Јун 12, 2015

Дел од советничката коалиција на опозицијата ја напушти седницата во охридскиот совет

Предлог одлукаат за надополнување на Програма за работа за располагање со градежно езмејиште во сопственост на РМ со три парцели кај  автокампот Елешец ги скара охридските  советници.При тоа советниците од СДСМ, ЛДП и НСДП   ја напуштија седницата, како што рекоа, за да не учетвуваат во продажба и да ги заштита интересите на граѓаните на Охрид. Никој нема мандат  како што рекоа за раскрчмување на имотот кој припаѓа на граѓаните, а при тоа и  без програма за што ќе се користат средствата.  Тие наведоа дека ЛС досега продала  7 атрактивни локации во разни делови од градот,  а средствата од ва…

Јун 12, 2015

Извештај од консултативен состанок со Европската банка за обнова и развој

ЕБОР како финансиер на предложениот експресен пат Охрид-Пештани (предвидена вредност: 50 милиони евра) оваа недела организираше серија консултативни состаноци со невладиниот сектор и со локалната власт. Состанокот го водеа локални претставници од ЕБОР, како и виш службеник од Одделот за животна средина и одржливост/седиште на ЕБОР во Лондон, Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) – изработувач на предлог-проектот и тим експерти најмени од ЈПДП. Предлог-проектот го презентираше вработен од ЈПДП Македонија. Граѓанската иницијатива Охрид ЅОЅ беше поканета на состанокот со НВО секторот….

Јун 28, 2021

471-на санкција за пребрзо возење, од нив 67 на територијата на СВР Охрид

Во текот на вчерашниот ден, 27-ми јуни 2021 година, во периодот од 09:00 до 14:00 часот Министерството за внатрешни работи (МВР) спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената. – При тоа санкционирани се 471 возачи. Од нив, 78 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а девет возилa се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Најмногу санкции се изречени на територија на СВР Куманово 84, потоа СВР Охрид 67… Засилените акциск…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top