471-на санкција за пребрзо возење, од нив 67 на територијата на СВР Охрид

Во текот на вчерашниот ден, 27-ми јуни 2021 година, во периодот од 09:00 до 14:00 часот Министерството за внатрешни работи (МВР) спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената.

 |   | 

При тоа санкционирани се 471 возачи. Од нив, 78 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а девет возилa се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Најмногу санкции се изречени на територија на СВР Куманово 84, потоа СВР Охрид 67… Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, информираат од МВР. 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top