• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Дел од советничката коалиција на опозицијата ја напушти седницата во охридскиот совет

Дел од советничката коалиција на опозицијата ја напушти седницата во охридскиот совет

Дел од  советничката коалиција на опозицијата во охридскиот Совет ја напушти седница.

 |  Валентина Неловска  | 
sednica

Предлог одлукаат за надополнување на Програма за работа за располагање со градежно езмејиште во сопственост на РМ со три парцели кај  автокампот Елешец ги скара охридските  советници.При тоа советниците од СДСМ, ЛДП и НСДП   ја напуштија седницата, како што рекоа, за да не учетвуваат во продажба и да ги заштита интересите на граѓаните на Охрид. Никој нема мандат  како што рекоа за раскрчмување на имотот кој припаѓа на граѓаните, а при тоа и  без програма за што ќе се користат средствата.  Тие наведоа дека ЛС досега продала  7 атрактивни локации во разни делови од градот,  а средствата од ваквите продажби не се користат за капитални инвестиции.  Прашаа дали продажбата на  локациите била во изборната Програма на Вмро Дпмне и дали се решени имотно правните односи на земјиштето кај  населбата Елешец.

„ Ние имаме разбирање дека општината е во тешка ситуација. Постојано трпиме напади дека ние сме винови за презадолженост на општината што не е точно. Задолженоста на општината влече корени од пред мандатот на Александар Петрески  и треба јасно да се каже,  ние сме на располагање и да се пресмета кој направил повеќе задолжување, за време на мандатот кога владееше ВМРО ДПМНЕ со овој град или за време на Александар Петрески  кој се трудеше да врати дел од тие средства“, вели Стојаноски.  

sednicaИ советниците од ВМРО НП исто така се против праксата ВМРО ДПМНЕ да продаваат градежно општинско  земјиште. На тој потег неодамна се донесе урбанситички план за кампот Елешец, вели Станкоски и додава дека продажбата на градежното земјиште е доформување на таа парцела.

„ Голем број на граѓани од Пештани имаат имотен спор со државата и таа земја се урбанизира без нивна согласност, се води спор пред Управниот спор на РМ за враќање на имот на тие жители. Од друга страна се урбанизира од приватни лица бизнисмени заинтресирани за градба. Дали оформувањето на парцелата  и ставањето во функција на одредени лица и објекти “, прашува  Станкоски.

Одговорот на надлежните од урбанизам е дека предметното земјиште е во Програмата за работа за располагање со градежно земјиште  е во сопственост на државата. Оправданоста за проджбата ја гледаат како начин за инкасирање на средства за празната општинска каса. Секретарот Димитар Спасески  упати обвинувања на адреса на поранешниот градоначалник и администрација за наследениот долг од 50 милиони евра. Советниците кои се согласуваат со продажбата на трите локации кај населбата  Елешец  решение гледаат во Програмата  за работа за располагање со градежно земјиште да  се стабилизира презадолжената општинската  каса. Секретарот  на општината напомена  дека тие имаат имотен лист за сопственост.

 „ Ние не можеме да прејудицираме дали ќе се јави некакво  запишување на  права и дали ќе заврши некаков процес на денационализација тоа не е предмет на интерес на оваа  постапка. Но, ако утре се донесе одлука за оттуѓување или за  размена ќе се побара ново движење на имот и нова состојба од Агенцијата за катастар. И ако се утврди дека предметната парцела е 100 посто е во сопственост  на општината Охрид се продолжува постапката. За денешната одлука не е предмет дали имаме имотен лист со кој се докажува дека е имот на РМ, но не мора да знаеме дали има постапка за денационализација во овој момент“, напомена Спасески.  

sednicaПокрај оваа точка советниците имаа дискусии и за други точки од интерес на охриѓани. Расправаа  за сообраќајниот летен режим. Дел од советниците од опозицискиот блок не ја  усвоија предлог одлуката за организирање на летниот режим за сообраќај во Охрид. Забележаа што и по две години ЛС не изработи сообраќајна студија за градот. Образложението пак на ЛС беше дека распишале во  два наврати тендер за кој немало интерес. Сегашното сообраќајно решение сметаат дека е издржано,  направено од стручни лица и прифатено од полицијата. Едногласно беа прифатени предлог одлуките кои се однесуваа за 3 проекти од локална  инфраструктура, а со кои се аплицира за  средства  од ИПА фондовите. Се усвои  елаборатот за проценка на штети од град  кој зафати делови  од градот на 9 мај. Се продолжи работното време на угостителските објекти, а се изгалса и  мерките за субвенционирање на трошоци за комунални услуги, се усвои програма за општинскиот линиски превоз. Советниците донесоа одлука за отстапување на користење на паркинг просторот од општината на ЈП Билјанини извори.
Советниците од позицијата во отсуство на советниците од опозицискиот блок  изгласаа одлуки за  урбанистички плански документации за неколку селски населби.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top