Јул 7, 2015

Прекин на сообраќајот на патот Охрид-Кичево

Од Авто- мото сојузот на Македонија информираат дека поради изведување работи на пат, минирање, денес, ќе има прекин во сообраќајот на патот А2 Кичево – Охрид кај месноста викана Лавчански корита.Прекинот ќе биде во периодот од 16 до 17 часот, во траење од 15 до 20 минути.  

Јул 6, 2015

Отпадот во Лагадин ќе се подигнува два пати неделно

Од Ј.П. „ Охридски Комуналец” ги информираат жителите чии индивидуално-станбени објекти се наоѓаат во туристичката населба Лагадин дека во летната сезона комуналниот отпад од овој дел на градот ќе се подигнува два пати неделно и тоа во вторник и петок.До граѓаните се апелира да го почитуваат комуналниот ред и  уредно да го депонираат отпадот.  

Јул 6, 2015

Само половина од охридските плажи покриени со спасители на вода

Кој како од концесионерите на плажите  води сметка за  почитување на  безбедноста на капалиштата. Од 41 плажа на охридското крајбрежје само 22 -ца  концесионери кои стопанисуваат со плажите го почитуваат законот.Тие обезбедиле посматрачница,  ги обележале пливалиштата сопловаци  и ангажирале спасители на вода, информира Сашо Точков од ОО ЦК.Плажите на Градиште 2 и 3 , Бела Виста, Партизан, Силекс,  Младост и Извиднички …., Точков  ги набројува оние плажи кои се без спасители на вода. Од Црвен крст , се единствено надлежни за покривање на плажите со стручно обучени спасителски служби за безб…

Јул 6, 2015

Охридските кajaкари од клубот Стрмец чекаат на ред за кајак и весло

Кајакарскиот клуб Стрмец е еден од двата градски клуба и во последно е привлечен за младите спортисти кои го бираат кајакот за спортување. Двесет млади спортисти од неодамна се членови во овој клуб кој има традиција долга скоро  7 децении. Во моментов  кајкарскиот клуб е во добра кондиција и брои околу  40 членови, вели претседателот  и државен  селектор на кајакарите Раде Попоски. Попоски открива како се справуваат  40-те кајакари кои може да тренираат на 20 -тина кајаци набавени пред повеќе од 2 децении.   „ Чекаме на ред и за весло и за кајак.Посакувам  да имаме подобри услови и се надев…

Јун 29, 2021

СВР Охрид со безбедносни мерки за организација на меѓународната конференција „Западен Балкан: Делот што недостасува за Европа да биде целосна“

Во врска со претстојната меѓународна конференција „Западен Балкан: Делот што недостасува за Европа да биде целосна“, во рамките на „Преспа Форумот за дијалог“, што на 01 и 02 јули ќе се одржи во Охрид, Секторот за внатрешни работи Охрид, презема соодветни безбедносни мерки. – Активностите се насочени кон сообраќајно и физичко обезбедување на сообраќајниците и други објекти за што, остварени се контакти со сите правни субјекти одговорни за одржување на патиштата и улиците во градот, со Фондот за комунални дејности, сообраќај и улици при општина Охрид, со Јавните претпријатија како и со др…

Јул 6, 2015

На улицита „Ристо Чадо“ уште ќе се работи

Активностите за поставување на атмосферска канализација на улицата „Ристо Чадо“, ги вознемири тамошните жители. Тие реагираат незадоволни од динамиката со која се работи. Стравуваат за безбедноста на пешаците, а се жалат и на оштетувања на нивните автомобили. Поради овие обемни градежни активности имаше и измени на рутата на една од градските автобуски линии. Од Од одделението за комунален развој и сообраќај при Општина Охрид, смируваат. Велат дека до крајот на овој месец оваа улица ќе биде целосно санирана. „Добиваме определени поплаки од граѓаните заради текот на самите градежни активност…

Јул 6, 2015

Апел за помош на 10 годишно девојче од Охрид

    10 годишната Јована Т. од Охрид боледува од Malformatio lymhatica microcystica reg.brachii.sin (се лекува 9 години и досега имаше 4 операции). Поради повторување на болеста потребно е да го продолжи лекувањето на Универзитетската Клиника во Р Германија, за што е потребна финансиска помош.  Хуманите граѓани можат да донираат со повик на телефонските броеви: 075/143 403 070/143 113 077/143 775 Или на трансакциска сметка:  200002886011019 – Стопанска Банка – Охрид.      

Јул 4, 2015

Младите социјал демократи од Македонија добија поддршка од европските колеги

 Обуки со странски предавачи одржаа младите социјал демократи од Македонија. Целта е подготовка на младите за политичко делување во  рамките на младите и партијата, вели претседателот на СДММ , Стефан Богоев. На обуките добиле поддршка од организациите во кои членуваат, а усвоиле и резолуција за поддршка на СДММ И СДСМ.  „Покажавме и докажавме дека на светот му  е јасно дека во Македонија владее еден авторитарен режим, нешто што е недозволиво да се случи во срцето на Европа и Балканот. На сите  им е  јасно дека ова не е битка меѓу власта и опозицијата туку е битка на сите слободоумни граѓан…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top