• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • СВР Охрид со безбедносни мерки за организација на меѓународната конференција „Западен Балкан: Делот што недостасува за Европа да биде целосна“

СВР Охрид со безбедносни мерки за организација на меѓународната конференција „Западен Балкан: Делот што недостасува за Европа да биде целосна“

Во врска со претстојната меѓународна конференција „Западен Балкан: Делот што недостасува за Европа да биде целосна“, во рамките на „Преспа Форумот за дијалог“, што на 01 и 02 јули ќе се одржи во Охрид, Секторот за внатрешни работи Охрид, презема соодветни безбедносни мерки.

 |   | 

Во врска со претстојната меѓународна конференција „Западен Балкан: Делот што недостасува за Европа да биде целосна“, во рамките на „Преспа Форумот за дијалог“, што на 01 и 02 јули ќе се одржи во Охрид, Секторот за внатрешни работи Охрид, презема соодветни безбедносни мерки.

– Активностите се насочени кон сообраќајно и физичко обезбедување на сообраќајниците и други објекти за што, остварени се контакти со сите правни субјекти одговорни за одржување на патиштата и улиците во градот, со Фондот за комунални дејности, сообраќај и улици при општина Охрид, со Јавните претпријатија како и со други релевантни субјекти. Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид отпочна со известување до сопствениците на патнички и други моторни возила за нивна неодложна дислокација од коловозната лента или тротоарите по булеварот „Туристичка“ и на неколку други улици во централното градско подрачје. На тие сообrакајници не е дозволено запирање или паркирање на моторни возила. Апелираме до граѓаните, за време на претстојната меѓународна конференција, своите моторни возила да ги користат во исклучителни случаеви или да користат алтернативни превозни средства и, да ги почитуваат насоките и укажувањата на полициските службеници, информираат од СВР Охрид.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top