Јун 30, 2021

Од 1-ви јули свадби и во затворен простор

– На предлог на Министерството за економија Владата донесе одлука од 1 јули 2021 година свадби да се организираат и во затворен простор со максимум 250 лица, но не повеќе од 40 отсто од капацитетот на просторот, напиша на неговиот фејсбук-профил министерот за економија Крешник Бектеши. Од 1 јуни е дозволено организирање на свадби, прослави, веселби на отворен простор/летни тераси до максимум 100 лица, но не повеќе од 50 проценти од капацитетот на просторот и до максимум шест лица на маса со обезбедување на препорачаната дистанца помеѓу лицата. Оваа одлука, меѓутоа, не се однесува на зат…

Јул 14, 2015

Ова лето не се наплаќа за паркинг кај Центарот за обука на вода

Ова лето не се наплаќа за паркинг кај Центарот за обука на вода. Гостите кои тука минатото лето паркирале и плаќале по 30 ден. за час пријатно изненадени. Тие прашуваат на што се должи ова олеснување. Од ЈП „Билјанини извори“ кои минатата година стопанисуваа со овој паркинг објаснуваат дека не се откажани од него. Овој паркинг треба дополнително да се уреди. Треба да се фрли чакал  и да се обележи. Паркингот треба да се направи по сите стандарди. Се до тогаш нема да се наплаќа, вели Теодор Андоноски-раководител на секторот паркинзи при ЈП „Билјанини извори“.Уредувањето на овој паркинг прост…

Јул 14, 2015

Охридските земјоделци преку здружение ги пласираат производите на светските пазари

Во регионот во Охрид и Дебрца сеуште нема организирани продажни пунктови за  земјоделските и овоштарските производи. Земјоделците од регионов  во такви околности не седат со скрстени раце. Самостојно презеле иницијатива  и се организирале во здружение за полесно да настапат на странските пазари за да го пласираат  родот од нивните насади.  Годинава се задоволни  од пласманот на црешата, а во иднина планираат  тоа да го применат и на други прозиводи како што се јагодите и охридскиот домат, вели охридскиот земјоделец Ванчо Стојаноски. „ Нас маката не натера прозиводителите на цреши во охридск…

Јул 14, 2015

Спроведена обуката за укажување прва помош

  Спроведена обуката за укажување прва помош. Црвен крст од Охрид заедно со своите партнери од операција Флоријан од Манчестер, Англија и со противпожарната единица од Охрид на заинтересираните присутни на грдаскиот плоштад синоќа им ги презентираа активностите кои во изминатите неколку дена се одвиваа во црвениот крст.Беше прикажано сето она што англиските инструктори ги научија охридските волонтери.Првата помош е насекаде иста во цел свет но различни се стандардите и процедурите. Нашите волонтери бњеа обучувани според англиски стандарди кои многу не се разликуваат од нашите, но во Англиј…

Јул 14, 2015

Охридски Комуналец воведе трета смена

Јавната чистота во Охрид посебно за летната туристичка сезона една од приоритетните активности на ЈП „Охридски Комуналец“. Од минатиот викед градот се полни со гости, а тоа го чуствуваат и екипите на ЈП, кои во овој период собираат поголема количина отпад, вели првиот човек на претпријатието Елена Скрческа. „Веќе воведовме и трета смена така двете, комплет се исполнуваат возилата и третата ноќна смена го врти целиот град и подига отпад. Со оглед на тоа дека имаме доста високи температури ние почнуваме и со миење на улиците, почнувамје некаде од 23 и до 4 часот изутрина целиот град е освежен…

Јул 14, 2015

Општина Охрид должи на УЈП речиси 2 милиони денари

Управата за јавни приходи ја објави листата на должници за долгови доспеани до 31.март годинава и неплатени до 30. јуни.На обемната листа се наоѓаат должници по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност и повисок од 300.000 денари за правните лица.Меѓу должниците се најде Општина Охрид која треба да и плати на Управата 1. 851. 387 денари. Јавното претпријатие „Погребни услуги“ има неподмирен долг кон…

Јул 14, 2015

Утре авионско прскање против комарци

Општина Охрид и ЈЗУ Центар за јавно здравје- Охрид ги известуваат граѓаните дека Министерството за Транспорт и врски во соработка со Министерството за Здравство, утре, 15- ти јули, ќе изврши авио третирање со широкопојасен инсектицид за третирање на комарци (аеросолна адултицидна дезинсекција).Запрашувањето ќе започне во 05 часот и ќе трае до 8.30 часот. Истото ќе се одвива на површина од 1500 хектари и тоа на крајбрежјето на потегот од село Подмоље до Св. Наум и на територијата на град Охрид.Поради запрашувањето против комарци се известуваат пчеларите на 15- ти јули, среда, да не ги пуштаа…

Јул 13, 2015

Охриѓанец изумител на очила со кои докторите ги гледаат канцерогените клетки за време на операција

Охриѓанец изумител на револуционерна технологија која ги детектира канцерогените клетки во реално време во текот на самата операција. Професор д-р Виктор Груев, наш сограѓанин кој веќе дваесеттина години живее и работи во Сент Луис, во САД, во медицината влегува случајно, но таму открива едно огромно поле на применливост на неговиот револуционерен изум, камера која им овозможува на докторите за време на операција да ги видат канцерогените клетки и целосно да ги отстранат. Вградувајќи ја камерата на очила, слични како популарните Гугл глас, проф.д-р Груев се наоѓа на прагот од создавање на е…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top